Девојкии можете ли да ми препорачате некој прајмер за комбинирана кожа да матира и да ги намалува порите?
Освен катастрофалните резултати од Аура прајмерот (проѕирно цилиндрично пакување - околу 450 ден) лицето ми се исфрла и од прајмер на Балеа (иако со шминка се вклопува фантастично). Прашањето ми е: дали ви се случило и на Вас слично? Да ви се прави чицето лом од прајмер (многу ситни акни на цело лице)? И доколку да, што користите за подлога на мрсно лице?
Зошто од БЕНЕФИТ прајмерот за намалување на порите ми се прават лушпи на носот и образите, изгледа како паштета? Нели сите го фалевте.. за мене е џабе фрлени пари.
Ај нека каже некој кој е подобар прајмер ама да не ми се лупи на кожата во носот и на образи а каква ми е кожата искрено незнам ама мислам чувствувително. И цена. Благодарам однапред
Јас го имав истиов прајмер , мене не ми изгледаше лицето како со паштета мачкано хехех , но откога ќе го нанесев на лицето , како да ми го правеше мрсно лицето повеќе , како да објаснам , наместо мат , она како некоја мрснотија... Мрсно лице имаш нели? Да не ти треба поголема хидратација на одредени делови на лицето? Мене прајмериве на Бенефит неми се допаѓаат , ниту овој ниту тој другиот за мат финиш. Среќа вториов го имав на тестер и не ми беше криво , не дадов повеќе пари.. Јас сум многу задоволна од Smashbox , имав пишано и погоре за него наредно на Естее или Диор би сакала да испробам
Мене Porefessional од Бенефит многу ми се погоди, го потрошив до последната капка. Сега нарачав еден од The Ordinary, па да видиме како ќе се покаже. Матирачкиот на Голден Роуз не е лош, ама повеќе ми се допаѓа како ми стои под ББ крема, инаку имам чувство дека ептен ми ја масти Т-зоната кога го ставам под пудра и затоа сакам да го сменам.
Мрсно лице имам да. Smashbox виолетова амбалажа? Со Диор никако нема да згрешиш, а за Естее не гарантирам, разочарана сум од пудрата. Подобро Диор.
Да овој прајмер на Smashbox , за порите е навистина одличен и ми врши работа. Го имаш пробано прајмерот на Диор? За овој поточно мислев
Imam suva koza.. liceto ko dehidrirano mi izgleda... obavezno stavam krema pred tecna pudra.. ama ne izgledam svezo sama se primetuvam.. predlog,cekor po cekor ato da pravam i sto sw da koristam poZ
Јас сум ја користела базата, пудрата убаво ми легнуваше и ги измазнуваше порите но ми правеше премногу бубулици на образите и челото.
Предлог за прајмер со ефект на измазнување на пори? Освен тој на Бенефит, барам нешто достапно во Македонија и не онлајн.
@Waka-waka не постои таков, за жал Се што е добро за измазнување пори не ни е достапно. Имаше порано еден многу солиден на Катрис, Prime and fine во округла тегличка, и евтин беше, ама одамна го нема во продажба. Има еден Prime and fine во туба сега, ама врска си нема, благо речено е ужасен. За жал онлајн само е опција за добар blurring прајмер. Јас Dr Brandt со години го користам, одличен е, од Beauty bay го нарачувам. И Бенефит е супер. Сега дознав за уште еден што многу го фалат, на Winky lux, не ми текнува како се викаше, ама еден е, на сајтот нивни го има и може да се порача. Планирам тој да го пробам, да сменам малку. Знам дека нејќеш онлајн, ама од мое искуство, од дрогерискиве и хајенд кај нас скоро се имам пробано и ништо солидно нема за пори
Каква подлога за шминка би ми препорачале, имам чуствутелно лице комбинирана кожа кон сува со акни и затнати пори како на сликата. Направив прво голема грешка избрав лошо пудро за мојата кожа Боржуа 123, која ми го суши лицето и за неполн час ми се гледат акни пори се, и ми прави лушпи. Каков прајмер да користам на оваа пудра ваљда некој помрсен за лицето да ми изгледа свежо и не дихидрирано?
Ако не сакаш да ја смениш пудрата, види го тој illuminating прајмерот од Голден Роуз, 360 денари е. Можеш да го мешаш со пудрата за да ти стане похидратантна, или да го нанесуваш самостојно пред да ставиш пудра. Сепак ако имаш сува кожа со масна Т-зона, мој совет е да пробаш да ја смениш пудрата. Зашто верувај, џабе е и прајмер и крема ако не одговара пудрата. Ова и од искуство. Пробај прво да ја поправиш мешајќи ја со хидратантна крема или прајмерот, па види како ќе се покаже.