Органски прајмер , пред некој ден го забележав во ДМ овој на Алверде, наменет е за масна кожа , ама јас лично го немам пробано да ти кажам нешто повеќе
Незнам каква течна пудра и да ставам(а ги имам 10), лицето пак ми изгледа лошо, дури и полошо со пудра отколку без. И Диор foreverskin не ми го прави онака мазно, сите ми се некако како паштета финиш. Max factor, Maybeline, Revlon, Dior, Estee doublewear... И на крајот излегува дека само Garnier BB кремата, light for oily skin, ми го измазнува лицето. Можда треба ББ креми да користам наместо пудри. Или да ми предложите добра подлога за пудра, за мрсна кожа.
@IamSexyAndIKnowIt ако ти одговара таа бб крема , користи си ја тогаш. Да ти кажам искрено , и јас не бев задоволна нешто многу многу од пудрава на Диор. Туку да не бидам надвор од темава , дали ја проба подлогава на Smashbox pore minimizer , еднаш што ти ја предложив?
Ја пробав, ама не ми делува нешто wow, нема некој "скриени или намалени пори" ефект и не ја купив повторно. ББ кремата од Гарниер сокрива све, ни пори се познаваат ни ништо, штета што не е до толку мат и за 2 3 саати светнувам. Што и да ставам на лицето брзо оксидира.
Прајмер кај нас што дава сјаен ефект? Освен тие на Голден роуз што се, ги видов нив, но барам и нешто друго, ако има.
Втората одамна ја користев,поинакво беше паковањето ама истата е, не бев задоволна никаков ефект немаше. Мислам повеќе светев од неа.
Препорака за прајмер? Имам нормална кожа Сакам да дава убав, свеж изглед на лицето и да потполнува пори
Дали го има овој кај нас и која цена е? Бев пред некое време во ДМ во Веро Џамбо ама не го забележав.
Кои се најдобри прајмери за масна кожа кај нас во Македонија. Има многу предлози у темава знам, ама ако може да споделите топ 3 од кои сте најзадоволни. До 1000 денари.