Моментално ја користам оваа и задоволна сум, само ме нервира што многу мало шишенцето и брзо се троши
дефинитивно има голема разлика ако користиш подлога за шминка како и за лице така и за очи, manhattan ја имам пробано , моментално немам никаква па порачав од oriflame чисто да ја пробам , бидејќи досега не бев видела негде по авон или ор да има подлога се некои пудри за сјај ама не конкретно подлога , може не сум видела убаво ххх ама како и да е ќе видам дали е добра , а ако не е ќе набавам некоја друга веќе проверена .
Никогаш досега немам користено подлога за шминка, но приметувам дека навистина е потребна. Порано од пудрата немав никакви проблеми, а во последно време забележувам ситни акни. Од разговори со пријателки дознав дека требало да се става подлога. До сега крема за лице ми беше подлога. Еве некое време се мислам за подлогата од Орифлејм, но сепак, ми треба и ваше мислење.
Подлога за шминка (Face primer) Јас ја користам подлогата за шминка од Орифлејм и презадоволна сум. Нема шанси да ја сменам со некоја друга.
Подлога за шминка (Face primer) Јас немам потреба од подлога за шминка. Само ставам крем за лице- бекутан, чекам 10 минути да се впие и ставам пудра, па лицето ми е супер, пу пу да не гго урочам.
Подлога за шминка (Face primer) Моето лице е премногу мрсно за Бекутан, инаку и јас би го користела. Користев лесни креми пред да ставам пудра, ама гледам дека и тие губат дејство во тоа поле, па затоа размислувам за подлога.
Да кажам јас некоја пофалба за подлагата за шминка на Нивеа,јас ја користам плавата нормална кон комбинирана кожа и ми е супер,ставам на лицето размачкувам убаво,чекам да се впие минута-две и потоа нанесувам пудра и лице-стакло
јас ја добив пред неколку дена и мене ми е ок , не е скапа а има ефект со неа , ама деф подобра е manhattan.
Го има во сите аптеки, цената му е околу 90 и нешто денари. На Галафарм е. Ама не знам каква врска би имал вазелинот со подлога за шминка Тој е многу мрсен, зар некој го користи како подлога пред да стави пудра?
Благодарам,ах се сетив го видов во Космо овој вазелин,само незнаев дека е тој со невен за кој што зборувате,го видов онака пролазно,имам еден од дм ама следен пат ќе си земам ваков штом го фалите сите. Не знам и јас,вазелинот е мрсен јас единствено го ставам пред спиење кога имам потреба од тоа.