Препорачајте некој прајмер за мрсна кожа. Револушн е распродаден ретко да го начекам на залиха, дури ми изгледа дека ќе го повлекуваат.
Добар прајмер за масна кожа достапен во дм маркетите? И дали можда некоја девојка го има пробано Baby skin maybelline прајмерот?
Најдобрата подлога за шминка (primer) што ја имам пробано до сега од марката Skindivision. Комплетно на природна база без силикони и ја комбиниран со хајлајтерот од истата марка.
Прелог силиконски прајмер кој ќе помогне да ми бидат порите помалку забележителни? Да не биде поскап од 400 ден.
Јас сакам да прашам нешто, вие што користите крема со спф ,дали по кремата нанесувате прајмер? Немам веќе некоја година купено, а сакам еве на Есенс да земам некој да пробам или на Аура новиот да го пробам , ама ме интересира како изгледа лицето со прајмер а под него спф крема особено кога се работи за тонирана... @marama што мислиш за новиот прајмер на Аура и дали би одговарал на комбинирано мрсно лице?
@koritsaki ја немам баш тестирано за да споделам искуство. Во исто време е мат и дава сјај на кожата, многу е интересна ама морам да ја носам барем цел ден за да кажам искуство.
Дали некоја го има користено прајмеров? Лореал инфалибл повеќе го нема, тој што беше во проѕирна опаковка. Друго се што имам пробано не сум баш задоволна ( Maybelline baby skin, farmasi, aura). Кој е тој нов на аура и ако може предлог за добар прајмер за мрсна кожа по можност у дм да е достапен.
Дали некоја го користела ова да ми каже какво е? Ми треба за најт аут под скапи пудри да го ставам, затоа што таа на револушн не се уклапа со нив. Не знам зошто ги имам тестирано и не ги држи повеќе од 4 часа. Исто може и предлог за други прајмери за мрсна кожа..
Ти спомна за револушн, не за смашбокс, затоа и таа ти ја препорачав. Јас со есте не користам прајмер затоа што е доволно издржлива. Пробај го Hourglass veil primer.
Го купив овој прајмер на Катрис сега кога бев во Мкд и искрено ме изненади ефектот. Само текстурата при размачкување е леплива, кога имам повеќе време чекам да се впие убаво па нанесувам пудра и тогаш немам таков проблем. Во однос на пудрата брзо ја “прифаќа” и имам чувство дека немам ништо ставено на лицето.