Препорака ако може, кое е подобро и попокривно, Максфактор стикот, Буржоа детокс коректорот, или Аура коректор?
Mене подлогата за шминка на Гош и не ми делуваше како фиксатор во смисол да ми ја држи пудрата да речеме повеќе од вообичаеното, ами си беше некако со измазнувачки ефект. Ми го израмнуваше целото лице, сосе ситните и поголемите акни и кога ставав пудра делуваше чисто и мазно. Задоволна сум, ја зедов 600 денари тогаш од Еликсир, ама сега може и ја качиле, помина може скоро година откако ја купив. И уште имам, сосема малце, ама ќе се најде можеби, ама морам да потенцирам дека не ја користев секој ден.
Јас ја нарачав на орифлејм од џордани голд па ќе ја видиме каква е. Пред некој ден бев и до Шатци за да проверам на Артдеко подлогата,е сега незнам која ја пробав ама мислам дека беше оваа : И убава беше, мрсна мислам дека.Е има и уште една нивна подлога па незнам што разлика имаат,освен тоа што вторава е антиејџинг Ако некој користел плис да ми каже критики ! А цените ужасни беа секако
Базата на Гош воопшто не ја држи подолго пудрата да знаете. За тие пари може многу подобри подлоги да се земат. Демек го мазни лицето малку,али ништо специјално. Од мене own: !
Ако не сакаш да фрлаш мнг пари купи го аура 134 денари е во космо и врши работа , а ако сакаш да дадеш малку повеќе би ти препорачала artdeco до 400 ден е така нешто во cosmo ама премногу добро покрива .
Гледав на тв дека јанг дерм ќе имаат подлоги,дали се пуштени во продажба?и дали некој пробал?баш сакам да пробам па и да не се добри сигурно нема да бидат скапи вреди да се пробаат.ако има некоја што користи нека сподели искуство
Јанг Дерм одамна имаат подлога јас ја имам користено одамна и многу е добра а што е најважно и не е скапа не се сеќавам ама мислам дека беше 60 или 80 денари и ја купував од Зегин . Провери јас мислам дека уште ги има пакувањето е исто како и на пудрата само што си пишува дека е подлога
Ставам Нивеа стартер за сува кожа. Не е ништо посебно, брзо се впива ,ама нема некој воодушевувачки ефект. Мислам дека обична крема ми врши повеќе работа. Помрсна е и поубаво стои пудрата врз неа,зошто не ми се појавуваат суви делови.
Пред една недела или две го земав прајмерот на Pимел,ама сум го заборавила чанта и не го имам пробано,ке го пробам и ке пишам Rimmel Fix & Perfect
Користев една подлога од ORIFLAME на GIORDANI GOLD , воопшто не ми се допаѓа а и грозно мириса , сега си ставам обична крема за лице
Девојки, сте ја пробале подлогава за сенка од есенс? Би ја земала, но ваши искуства да слушнам прво. И за оваа од на manhattan ме интересира.
Јас ја користам таа на Есенс. Многу сум задоволна за тие 200 денари што ги дадов - се исплаќа, ама ако си при пари подобро земи си ја Артдеко. Убедливо е потрајна.
chocolate.chick подлогата на менхетен ти е слична како базата на артдеко. Не се скрос исти, но тука негде се Долго ќе ти стојат сенките и со двете бази и нема да ти собира сенката за кратко време. Ако не си многу при пари земи си ја на есенс(али ефектот не ти е ист како останативе две) ,ако можеш повеќе да си дозволиш ти препорачувам артдеко, иако и менхетен не е лоша воопшто.