Ги имам пробано и двете и плус на Артдеко , искрено помеѓу менхетен и артдеко има мнг мала незначајна разлика , артдеко ми има некако со полесна текстура и полесно се нанесува за разлика од менхетен бидејќи на менхетен е на база на вода, а цената им е за некои 20-30 денари разлика околу 400 и нешто беа , на есенс е 175 мислам не е лоша за обично искачање е супер само дефинитивно текстурата е поразлична од овие две нешто како коректор може да се каже ... Која и да ја купиш нема да згрешиш ...
Имам една од јанг дерм ама не ја нешто користам. Ја искористив за една свадба и добро беше што шминката ми беше фиксирана цела ноќ, ама и некако тешко ми дојде на лице, подлога, па пудра (а подлогава на јанг дерм е како многу течна водеста пудра), никако за честа употреба. Ја обично под пудрата си ставам крема за лице
Пишав во темата за Oriflame но сеуште не добив одговор, па да пробам и тука. Коментари за подлогава од Oriflame? Чини/не чини?
^ Добра е,солидна да речам. За толку пари толку музика. Ако веќе сакаш од орифлејм да земеш јас би ти препорачала подлогата на џордани да ја земеш. Иако е поскапичка,многу добра база дава на пудрата и го прави лицето по свежо Оваа подлога ти што прашуваш на пример за секојдневно излегување ваму таму добро врши работа,но во никој случај не е слична на џордани Плус,ако не грешам сега баш подлогава на џордани е на попуст
Подлогата е како да си нанела крема за лице , и нема некој незнам каков ефект...ако сакаш добра подлога би ти ја препорачала на Gosh е сега е малку поскапа 700 ден..
Женски денес случајно ја видов подлогата за шминка на Јанг Дерм 99 денари е не е воопшто скапа, ја има користено некој? Ај споделете искуства
Jас се мислев дали да ја купам, ама читав позитивни коментари за подлогата на форумот. Ја купив број 5, таман ми се погоди бојата, а и мирисот ми е преубав. Ако немаш некое проблематично лице ти ја препорачвам, ама и не е баш наменета за сува кожа. На упаковката пиши за комбинирана и мрсна кожа. Мене баш ми се погоди за Т зоната која ми е мрсна, клавам за на училиште и е далеку полесна од пудрата. Има некоја лесна структура како тонирана крема за лице. Јас сега за сега имам само позитивни коментари Во долното Веро ја немаше, јас ја купив од горното, 98 денари.
јас ја користам оваа и сум презадоволна брзо се впива и ми ги нормализира деловите од лицето кои ми се помрсни
Јас ја имам 6ката, тогаш кога ја купував само 6ка имаше а светол тен имам. Јас откако ја земав подлогава не користам пудра, туку само коректор таму каде што треба и пудра во прав. Ако имаш суво лице , стави некоја крема и нема да имаш проблем
Ја имам плавата крема и така ми стои ја препорачувам за некој со многу,многу мрсно лице, бидејки ептен се суши одма и некако ми го здрвува лицето.... Дали некој ја има користено оваа база??? http://www.google.com/imgres?hl=en&biw= ... s:18,i:146
Јас ставам само young derm крем за интензивна нега на мрсна и проблематична кожа со екстракт од манго и камилица, и пудра директно. Ако имам некоја попосебна прилика нанесувам фиксатор. Порано користев на Сефора едно мало, малечко, и добро беше, ама кога ќе дојдеше при крај малку тешко се доаѓаше до остатокот од производот. Сега користам на KIKO. Станува збор за пудра во форма на стик ама мене не ми е доволно покривна, па одозгора нанесувам течна пудра и не ми паѓа.
Ја ставам на Јанг дерм, ама ништо посебно... добра е, ама мислам дека можам да најдам и подобра. Ја меркам ББ крим на Гарниер, искуство некој? Таа за мрсна/комбинирана кожа?
Ја имам новата ББ крема на Гарниер, добра е само обавезно крема да ставаш под неа без разлика што пишува на неа дека е хидрантна, нема да светнеш. Не ми се допаѓа само тоа што е многу течна би сакала да е малку погуста. Стои речиси цел ден, само ако тенот ти е многу светол џоа Каспер посветлата нијанса на кремава ќе ти биде темна. Еве на сликите можеш да прочиташ повеќе за неа.
Дали ви прави разлика дали сте ставиле или не подлога за шминка?Кои е ефектот?? Не сум користела досега па ако може некој да ме просветли
Ако имаш мрсна кожа нема да има разлика дали имаш подлога или не. Но ако имаш сува кожа со дирекно нанесување на пудра ќе го исушиш ицето уште толко ќе почне да се лупи. Препорачливо е за секој тип на кожа да се стави како подлога барем обична крема за лице. Така кожата ќе е заштитена.
Како порачан ми дојде денеска ваучер од Космо, ја купив ББ крим на Гарниер, за мрсна/комбинирана кожа. Од мерак се нашлапав за по дома , и сега сал се огледувам. Ја неутрализира бојата на лицето, дефинитивно. Не е бледо, барем мене не ми е бледо (мидиум го земав јас) за разлика од 5ката на Јангдерм која е со жолд подтон, ама мене ми е бледа. Со жолт подтон е, и ми изгледа многу паметно решение за насабајле, да станеш и директ после помада да ставиш вакво. Лесно е за секојдневна употреба, и ако гледам добро на огледалцево, и порите ми се смалени. Така си пишува де. Лицето сепак не е како посипано-со-брашно матирано, туку така здраво и свежо матирано. Одвај чекам да го испробам со пудри и глупости, т.е. со целата моја рутина на шминкање. Препорачувам и за тинејџери како замена за пудра! 285 денари во Космо.