^ Најнова е,сега во кој каталог само што излезе така да сеуште никој ја нема купено. Јас ќе ја нарачам,па ќе пишам како сум задоволна
Навистина не знаев каде да го поставам прашањево, па еве тука. Некако најприкладно ми е. А и видов претходно дискусија на истава тема, па мислам дека е добро. Како и да е, конечно решив да ги исфрлам од употреба течните пудри за преку ден, па сакам да си купам ББ крем на Гарниер. Има многу позитивни критики по интернетов, се надевам и јас ќе бидам задоволна. Првенствено (и најбитно) немам пренафрлано лице, по некоја акна во ПМС и некоја од време на време Немам големо искуство со пудри, повеќе идам на сигурна и испробана варијанта. Моментално ја користам на Севентин и не планирам да ја менувам, но сакам нешто полесно за секој ден. Ја имам и подлогата на Јанг дерм, 6ката, ама не сум нешто задоволна... Ми прави црвен пигмент. Е сега, навистина покривноста на ББ кремов е како на сликиве? Еве овие што ги најдов со конкретно овој на Гарниер се супер за тоа што го барам. Само да е вака! Во ВЕРО видов дека ги донеле, и мислам дека беше во амбалажа како на првата слика. Но најдов и други, како во другава слика. Е сега разлика? Или нема?
^ Има разлика. Тенкото тубиче е за мрсна и комбинирана кожа,а другото поширокото е за нормална и сува. И иначе да,приближно таква е како и на сликите,ама сепак зависи и до твојата кожа. Дали ти е проблематична кожата со флеки/дамки,или чиста И во карфур е најефтина да знаете,250 денари до 20 јануари некаде мислам беше.
како подлога за шминка користам Young Derm бр. 5 и ми одговара дека е за комбинирана и мрсна кожа а мојата е мрсна па така да супер ми е сега за сега.
и јас сакам да знам повеќе за овие подлоги, па кој може нека објасни, и дали има и од други фирми, зашто од гарниер не сум многу задоволна општо....
Денеска пробував подлога за шминка на Лореал. Леле, леле, леле, ни една недела не помина откако ја купив оваа на Гарниер, а веќе ја сакам оваа на Лореал! Луѓе жими очи, вакво нешто немате видено. Го отвораш тубичето, и гледаш млечна смеса со црни топчиња внатре, најблиску до изгледот на изџвакан и плукнат Ореос. Е такво е. На зафрканција си ставив на раката, и само што ќе го ставиш на кожата и почнуваш да мачкаш, и тоа ТОПЧИЊАТА, тоа изџваканата смеса, поприма боја на кожата на која е нанесен!!!!!!!! Да не звучам како симната од планина, ама вакво нешто досега немав видено. И стојам и гледам како за 4-5 секунди се впи во кожата, и бев буквално - КЛЈДЛКЈКЛЈИ ! Ставив уште еднаш да се уверам, колку е лесно, хидрантно и ефикасно. Тоа топчињата, наводно се ,,паметни,, и препознаваат нешто на кожата па се обојуваат така. 645 денари, имате светла и темна. Веројатно не се до толку паметни топчињата, па се прилагодуваат отприлика на светли и на темни нијанси. Кој има пари да оди и да си го купи, ако не му се погоди, не е штета, ќе може да си го мачка на раката и да се занимава кога изџваканиот Ореос станува пудра баш иста со твојата боја на кожа. Иииии ревју на кремчево, плус и објаснува што е ББ крим. http://www.youtube.com/watch?v=NR2s4ge2u7A
ББ крема...is it a tuna, or is it a fish? Крема ли е, пудра ли е...Затвара ли пори, и дава ли на кожата да дише, ја влажни ли, храни или е само нешто како слабо покривна пудра? Уште еден производ за кој ќе фрламе пари?
Кремиве уствари биле по потекло од Јапонија, наменети за нега на осетлива кожа и по правило секоја ББ крема не треба да содржи парфем и алкохол. Е сега, што компаниите малку си го смениле концептот, тоа е друга работа. Со едно нанесување, треба да се прескокнат повеќето секојдневни чекори - хидратација со крема, основа за пудра, пудра, матирање, плус имаат некои и СПФ заштита. Викаат дека, така пишува и на кутиите, дека со долгорочна употреба се подобрувала општата состојба на кожата, се смалувале порите и дамките исчезнувале. Колку е точно, не знам, ама дефинитивно има нешто во производов... Штета што дури сега го разбрав, прогласен е за производ на годината уште во 2011, ама кај нас малку покасно стигна. Афкорс, никој не е принуден да го купува и користи, впрочем, за тоа и е темава, да споделуваме какви нови производи сме откриле и од што сме задоволни од овој тип на производи (подлоги), а од што не. Се понатаму е ствар на вкус и лична одлука. http://en.wikipedia.org/wiki/BB_cream
Шкорпионка ме изнасмеа Али и јас сум скептична за овие ББ пудри, креми како сакате неречете ги. Некако многу идеално ми доаѓа тоа да е се у едно и крам и хидратизира и покрива, па уште и со фактор Ма да верувам дека оваа на Лореал е супер, мене ми имаат многу добри пудри Лореал, само да не беа уште толку скапи, фантазија ќе беа. Јас сеуште си стојам на фактот дека ако нема крем под пудрата пиши пропало. И тоа не било кој крем, оној италијанскиот на Роси се покажа како најдобра заштита. Али док не се проба неможе да се коментира нели.
Не се сите прави ББ креми еве за на Гарние прочитав дека не е ББ крем, па и за повеќето верувам дека се само лажи пари, но ете нов производ и повеќето сакаат да пробаат. Веќе на продажба е пуштен и СС (color control) кремот како подобрена верзија на ББ. Еве и доказ, дека се само обични навлажнувачи за лице и ништо повеќе. Плус се наменети исклучиво за зрела кожа.
Јас сега видов дека темава била за подлога за шминка а не за ББ креми специјално Епа како подлога за шминка (онака кога ставам пудра сенки и глупосто-најчесто навечер) ја користам подлогата на сефора и дефинитивно сум заљубена во неа, ова ми е трето паковање, дефинитивно е прекрасна и многу е мека кожата после ставање а и пудрата многу поубаво се нанесува. Е да не ми пропадне пишувањето за ББ кремите... Јас ја користам ББ кремата на Maybelline и сум стварно ептен задоволна, имам комбинирана кожа која дефинитивно не многу чиста, а тенот ми еее уби боже. Али дефинитивно од кремава сум презадоволна, секој ден ја ставам онака за во школо или не битно кај и да одам преку ден неа ја ставам, многу убаво се упива, не е тешка, не покрива премногу али ако немате многу проблематична кожа е таман, само камена пудра одозгора и супер е. Првото паковање ми е при кра, и планирам да си ја купам пак, а мислам дека и за во лето ќе ми биде таман А за цената ич не се сеќавам колку беше ама дефинитивно не беше претерано скапа а си ги вреди парите
Какви подлоги се користат за шминкање невести или за свечености (кај шминкери), мислам дали тоа се некои поскапи и поквалитетни? И дали користат подлога за шминка на очите или од истата за цело лице?
Како подлога за лице ја користам од авон, посебно е добра ако имате мрсна кожа а некогаш ставам и само хидратантен крем, а за очи, ја користам базата на Артдеко Ептен е добра, ја препорачувам
Миличка јас во Белград ја купив, мислам околу 300 денари а може и помалце не ме држи за збор ич не ми текнува... Види во дм или во космо може да ја има