Секаде барам ама немам среќа Каде можам да купам обично подно огледало со црна/темна рамка? Најдов обични огледала без потпора и најдов некои со потпора ама стилот ми е премнг кич Сериозно најобично подно огледало барам. Барав по салониве за мебел, немаат, барав по интернет нема Барав по Меркур, Бриколаж, Алфи..немаат. Не сакам да нарачам и да треба да чекам. Хелп плс
Од Јаца ќе си купиш огледало, и столар ќе ти го направи. Или можеш и сама да си нарачаш од новомак/Солопром. Инаку погледни и во Џиви Гевгелија, Мода, Хомакс...
Какво е тоа 'подно огледало'? На подот да е ставено? Ќе го скршиш ако стапниш на него... или не се гази на него... Дајте слика да видам шо чудо е.
Хахахахаха го читам насловот и жими се си помислив дека темва е нешто у стил као некаде имало огледало доле на подот , па некоја феминка со суќничка се погодила у непријатна ситуација, а темава е разгорена у насока колку тоа е дискриминарчки и деградирачки за понежниот пол , па тука се потпишува петиција да го отстранат огледалово од наводнава локација Викам ја дека вакво намуртено време свашта може да ми всади во главата
Проверено, нема Иначе знам за Јаца и другиве...само како што кажав не сакам да нарачувам и да чекам па мислев ако знаете готови опции каде има супер...Фала на одговорот
Видов, имаа избор, (2 или 3 беа подни) но стилот не ми одговараше. Едно беше ок и се спремив да го земам , го имаа на залиха само оштетениот експонат и не го земав плус.... Цените искрено не им се океј според мене.
Првично човек ќе си помисли дека со тоа огледало се гледаат ноздрвите, но нема логика бидејќи растојанието од подот до главата е преголемо, па луѓето сето време би морале да се наведнуваат. Па така веројатно се работи за контролно огледало од сексистички карактер со кое се проверува дали посетителките на ноќните клубови под фустанот носат гаќички. Секако неопходно е да биде изработено од подебело стакло (дијамантско?) бидејќи најчесто доаѓаат со штикли а тие се шпицасти и можат да предизвикаат кршење на стаклото.
И јас помислив дека е огледало кое стои на подот т.е подот е израбоен од огледало. Сум видела на повеќе места, но не ми се допаднало ниедно. @KittyAgnes Можеш да си порачаш од некој што работи со дрво ако веќе не можеш да најдеш.
И такво нешто имало во далечната Јапонија... А за некои јапонци возбудливо или барем профитабилно... no-pan kissa