1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подобри го својот моден стил

Дискусија во 'Мода и стил' започната од badgirl2, 9 септември 2015.

  1. badgirl2

    badgirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема ваква тема, а ако има слободно заклучете ја. Епа вака, има многу девојки кои немаат самодоверба во себе, им треба помош при одбирањето на облеката и слично. Можете да започнете со предлози за модни парчиња кои одговараат за повеќе пригоди, парчиња што се основни и сите треба да ги имаат во својот плахар, потоа накит и слично, а сето тоа да е со пристојни цени.
     
    На okcenzi, kajl, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Темава е супер.
    Ќе почнам од најосновното нешто. Фармерки.
    Секоја девојка треба да поседува квалитетен пар класични фаркерки. Дали тоа ќе бидат цевка, со висок струк, со низок струк, до глужд, ѕвонарки итн. зависи од конструкцијата на девојката, треба да го одберете она што највеќе ви стои на фигурата и да се чувствувате удобно и секси во нив.
    Фармерките нека бидат класични, светли или темни зависи од вашиот вкус. Еднобојни нека бидат, без ибледени, искинати делови, без нитни, чудни копчиња и апликации. Најобични значи.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    За добра, квалитетна фармерка вреди да се даде и некој денар повеќе.
    Мене во Манго ми се покажале доста квалитетни и одлични модели имаат, може да се најдат на попуст по приступачна цена до кај 1500 денари, па и поефтини што за квалитетот се многу подобри од другиве продавници Бершка, Страдивариус каде за таа цена немаат некој квалитет за фалење. Инаку во Манго по редовна цена се до кај 3000 денари, но често има попуст па не вреди да се дадат и толку пари кога може да се начекаат на попуст.
    Зара исто така имаат супер квалитетни фармерки но со цените се претерува, освен на попуст до кај 1500 денари не би ви препорачала да купувате.
    Во Пул енд Беар исто така може да се најдат солидни фармерчиња, лани купив по 700 денари тенки фармерчиња, година дена ги утепав од носење ама толку им беше. Почна да се шири ликрата и толку...

    Значи барем еден пар квалитетни фармерки да си имате во плакарот и повеќе да ги платите вреди да се инвестира во такво парче.
     
    На glisa, shining_star, sweetgirl358 и 23 други им се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.585
    Допаѓања:
    80.672
    Пол:
    Женски
    Јас имам ултра тенки нозе и не толку широки колкови, па мене лично не ми се допаѓа како ми стојат премногу тесни фармерки или панталони.

    Кога бирам панталони на пример, секогаш гледам да земам некој модел кој под ременот/струкот има фалти, кои пак визуелно ќе ми дадат некаков волумен малку под колковите, за да доловам илузија на „нормални“ нозе.

    Вакви модели најдбро ми стојат, па нека биде препорака за сите со ултра скини легс како моите. :)
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На glisa, shining_star, Marossa и 15 други им се допаѓа ова.
  4. badgirl2

    badgirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Покрај фармерки мислам дека, би требало да се има една обична кошула, во бела или тегет боја, па можете да ја комбинирате со повеке работи и во повеке бои,
     
    На glisa, shining_star, rainbowec и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Одлична тема! :) Многу сакам да се облекувам едноставно, а сепак да не изгледа пак толку обично.Не сакам да се китам многу ни со прстени ни обетки. Се сложувам со @mims-89 за џинсот. Исто мислам дека би било убаво да ставаме и слики од нашите комбинации на темава и да даваме критики и совети за подобрување, зошто да не? :) Се надевам убаво ќе ја разработиме.
     
  6. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    6.347
    Пол:
    Женски
    Супер е темава..и јас сакав да отворам ваква слична :)
    Мислам дека секоја девојка треба да има црна обична кошулка, било по кратки или долги ракави. Може лесно да се комбинира со пантолони/фармерки. Наједноставно. :)
     
    На glisa, bella.s и shining_star им се допаѓа ова.
  7. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Kласично црно струкирано сако ми е must have!
    Се комбинира со многу работи и изгледа одлично. :)
     
    На glisa, shining_star, sweetgirl358 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Да не заборавиме: барем еден црн фустан, во модел кој одговара на типот на тело.

    [​IMG]
     
    На eloves, shining_star, sweetgirl358 и 16 други им се допаѓа ова.
  9. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Купувајте бои кои можат лесно да се комбинираат. Пр. црна, бела, крем, тегет, светло розева... Тие бои се за секое годишно време, на сите им стојат добро, а и полесно се прават комбинации со такви бои.
    Инвестирајте во добар капут, кожно палто, чизми, фармерки, патики... Подобро купејте нешто квалитетно што знаете во сигурност дека ќе можете да го носите повеќе време.
    Импровизирајте со маички, една обична црна/бела маичка можете да ја носите на десет начини за секаква пригода.

    Штикли ви требаат само два пара, што е до мене толку и би купила. (иако не носам штикли јас)
    Крем и црни штикли. Одговараат на се, лесно се комбинираат со се'.
    [​IMG]
    [​IMG]
    Оговараат ем со панталони, ем со фустани. Плус стојат многу елегантно на нога, секако ако знаеш како правилно да одиш во нив.

    Накитот е нешто најпоследно на листата. Секогаш кога имам вишок пари купувам накит, а тоа е во ептен ретки случаеви. Ретко носам накит и затоа.
    Доволно е да имаш две три ланчиња, неколку нараквици и прстени. Нешто скромно што не удира во очи.

    При избор на фустани треба многу да се внимава да не е премногу краток, бидејќи ќе изгледа сосем невкусно. Фустанот добро да прилега на телото, да не е премногу широк, или да не е многу тесен па да не можете да седнете во него. Истото важи и за панталоните.

    Тоа е тоа. Плус тоа стилот најмногу зависи до финансиската состојба во која се наоѓате. Јас имам добар вкус за облека, знам како да се облечам, ама немам пари. Така да за малку пари сепак можеме да се потрудеме да изгледаме елегантно и средено.
    :)
     
    Последна измена: 10 септември 2015
    На glisa, shining_star, sweetgirl358 и 19 други им се допаѓа ова.
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Сметам дека девојките што имаат голема нога и носат 39,40 и 41 не треба да носат шпиц штикли ( она ептен класичното) зошто дополнително се издолжува веќе големата нога.
    Јас имам тело на песочен часовник, имам мали гради и никогаш не носам нешто без прерамки. Не носам балон фустанчиња и такви некои фустанчиња или блузи кои шират под градите кон стомакот ( кога ќе се видам на огледало изгледам како да ме голтнал фустанот )
    Тесни пантолони и тесни фармерки стојат добро, но не ако се од онај материјал како хеланките. Хеланки не носам зошто изгледам преслабо во нив.
    :)
     
  11. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.906
    Пол:
    Женски
    Jas poveke nosam tesno zasto nesum mn visoka i ako oblecam nes posiroko kako kocka sum podobro kazano kako tetka :) i ne se custvuvam ubavo.A garderobata mi e poveke crna,bela i siva
     
  12. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    Задолжително е и една бела кошула,која што може да се комбинира на многу начини! Имајте една обична,класична бела кошула, без никакви украси на неа. Комбинирајте ја со накит,на панталони,фармерки,здолништа.
     
    На shining_star, kjukli, mssuniquee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Некои модни парчиња од плакарот се посебно забележливи за нашиот стил на облекување.
    Во еткот на половин година луѓето ја гледаат само надворешната облека и ги склопуваат коцките за нашиот моден изглед. Квалитетно зимско палто со убава постава и добро избрани копчиња е можност да се комбинира во повеќе стилови.

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На rainbowec, kjukli, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    Во квалитетен класичен едноставен часовник вреди да се инвестира.(без циркони, шари и останати тракантации)
    Се користи долго време, а при тоа изгледа ненападно и може да се вклопи во речиси сите комбинации.
     
    На eloves, glisa, RedWine и 8 други им се допаѓа ова.
  15. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.432
    Допаѓања:
    47.652
    Пол:
    Женски
    Кога сме кај фармерките мене изминатава година омилени ми се моделите во Њу Јоркер. Истите имаат голем избор на броеви а самите фармерки се доста кавлитетни и ми стојат како леани на фигурата.Порано многу често купував фармерки од Манго но пред извесен период се разочарав од нив кога во брзање зедов пар со погрешно сошиен раб по целата ногавица а после тоа не сакаа да ми ги заменат а ги платив дебело.Њу Јоркер од друга страна имаа многу поприступачни цени особено на попуст кога се па веке извесен период за фармерки само таму влагам да гледам.

    За добар стил мегу другото сметам дека и клучна улога има квалитетната облека и чевли . Секогаш претпочитам да инвестирам повеке пари во едно парче гардероба или обувки кои знам дека нема да се уништат после едно перење или излегување на дожд отколку на повеке поефтини колку да попунам место во плакар.Нормалнo истите треба да бидат соодветно одржувани,пред се чисти,испрани и испеглани.

    Најбитно од се облеката која е на нас треба да ни прилега на градбата на телото и во истата да се чуствуваме удобно во текот на денот.

    За мене must have e бела кошула.Сметам дека истата одговара на повеке прилики и може да се носи во различни варијанти.Всушност за мене must have се секаков вид кошули бидејки лесно се комбинираат од деловен во вечерен изглед.
    [​IMG]

    Секако тука се и незаменливиот пар на елегантни црни салонки без разлика дали се шпиц или заоблени.Лично не ги сакам тие на платформа бидејки ми се стриптизерски и во нив не гледам ни малце елеганција.
    [​IMG]
    Тука би ја вметнала и соодветната долна облека бидјеки многу жени и девојки сакајки да ги истакнат своите атрибути носаат несоодветен број на градник. За секој ден претпочитам обичен памучен бел или црн а за специјални моменти си дозволувам малце провокативна доза на тој план. :)

    Од многуте работи би ги вметнала сакоата ,капутуте и пролетните јакни. Особено обрнувам внимание на капутот зимно време и ги имам неколку и кратки и долги. Сите капути ми се од Макпримат бидејки сметам дека таму се изработени од најквалитетни материјали ,што и ми се покажало низ годините бидејки ни копче им се нема скинато.За капут вреди да не се штеди и да се плати подебело бидејки сепак коа ке фатат мразовите тој е оној кој што ке ни ја стопли душичката.
    Сакоата ми се омилени и како и капутите ги имам неколку во разни варијанти од обични црни за на работа до некои со дезени за поразигран изглед
    [​IMG]
     
    На eloves, glisa, shining_star и 12 други им се допаѓа ова.
  16. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Прекрасна тема каде секој би можел да го подобри стилот како и јас самата ,далеку сум од стил но со време би можела да изградам свој стил се надевам ,ко ке си замислам како се облекував пред неколу години и сега има голема разлика сега тие парчина никогаш не би ги облекла :rofl:
     
  17. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Пари се инвестираат во квалитетна чанта, чевли, капут и добри фармерки, евентуално класично палто. Се друго може да помине поевтино, затоа што е менливо, додека овие парчиња траат со години.

    Не ја разбирам потребата за купување на скап впечатлив накит, маички или кошули. На накитот му поминува модата, особено т.н. statement jewelry, маичките колку и да се скапи после неколку перења ќе се развлечат, а квалитетни кошули можат да се најдат и од поевтини брендови.

    Кај чантите многу се забележува дали се квалитетни, а и тие не се менуваат често, особено секојдневните. Јас имам две кои се нешто поскапи, ама изгледаат исто како денот кога ги купив, и сега си ги менувам во зависност од останатата облека.

    За фармерки се согласувам за Манго, дефинитивно се врв за квалитет меѓу останатите брендови со слични цени, мене ми се океј и Зара, иако се поскапи.

    Од поевтини чевли кои се квалитетни, потпишувам за H&M, штета што ги нема кај нас. Презадоволна сум, мислам дека не може ни да се споредат со Бершка и сл., ни во квалитет, ни во дизајн.

    [​IMG]

    Зара имаат предобри класични салонки и сандали со ремче кај прстите. Реално, и дизајнерските чевли се тука некаде со квалитет, само што го плаќаш брендот.

    Имаме одлични македонски брендови за фармерки и кошули, на пример Мак Џинс. Не ни знаев колку се добри додека не почнав соработка со брендот, и имав шанса да им ги разгледам парчињата облека. Кошулите се по 500-600 денари, имаат супер дизајни и квалитетни се.

    Инвестирајте во квалитетна долна облека и секогаш носете соодветна според остатокот од гардеробата. Многу лошо изгледаат прерамки што ѕиркаат или гаќи кои се процираат под панталоните. Пак ќе го спомнам H&M, има огромен избор на квалитетна долна облека.

    Било која досадна комбинација може да изгледа подобро со додавање слоеви. Никогаш не купувајте облека која немате со што да ја искомбинирате. Има неколку парчиња кои се основни и сите мора да ги имаат, па од нив во зависност од вашиот стил може да им додавате детали. Според мене тоа се: обична бела маичка, кожна јакна, сини и црни фармерки, бела кошула, црни салонки, едноставен вечерен фустан и едни поспортски чевли. Се останато е прашање на вкус.

    [​IMG]
     
    Последна измена: 11 септември 2015
    На MacenceEna, shining_star, t-sweet и 20 други им се допаѓа ова.
  18. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.995
    Допаѓања:
    8.761
    Пол:
    Женски
    Па, и не мора секогаш заокружување на комбинацијата да биде накитот.

    Кога би бирала помеѓу накит и нокти, дефинитивно би избрала нокти.Сега, некогаш се случува да немам време да посветам и на нив, ама барем може со обичен ацетон да го избришам веќе излупениот лак и само да ги истурпам.Кога имам вишок време ги средувам, ама одам на еднобојни нокти без никакви додатоци Баш ми е мерак да гледам една боја :)

    -> За кошула повеќе одам на крем боја, отколку класична бела.Полесно ми се комбинира, а гледам да може да се носи и малку соберена кај ракавите (3/4), со оглед на тоа што се добива и поелегантен стил ;
    -> Сако, кожена јакна, часовник и чизми - строго црна боја ;
    -> Фармерките гледам отпозади, но и отстрана да стојат добро (ако не го исполнуваат овој услов, колку и да се убави нема купување) ;
    -> Кога сум кај панталоните, едни крем вршат работа и патем даваат некоја свежина на комбинацијата.
    -> И она чантата да била во иста боја со обувките, не го практикувам.Посимпатично делува кога се различни бои, но да се води сметка да бидат вклопени и со останатиот дел.
    -> Црно-бели комбинации за излегување

    Е сега, се‘ друго и до џебот.Ама мислам дека и со поскромен џеб, може да се има добар стил.
    Никогаш не сум ги прескокнала евтините продавници.Баш се случува да си најдам по пониски цени, квалитетни парчиња.Нормално, кога ќе се искомбинираат со квалитетни фармерки и те како скапо делува. (y)

    И до креативноста си е. И до вкусот си е.
    Џабе голем џепарлак за трошење, кога отсуствуваат претходните две.

    За шминка, си најдов практично решение.Белата леплива трака што се користи за лепење на ѕидот додека се прска (чини околу 40 ден.) си ја сечам на мали парчиња и ми помога за права линија кога треба да се нашминкам.Дури и светкава сенка не ми се разлева насекаде, па се поштедувам од дополнителен хаос.

    Најбрза фризура ми е рибина коска.Дури и кога е мрсна косата (+ бебешка пудра), најубаво се плете.
    Практично и лесно, а вака на изглед ко којзнае колку време да требало.Нормално, само за итен случај :wasntme:

    Мора да се снаоѓаме.И нам не ни е лесно :lol:

    black and white.jpg 6576.jpg 44.jpg 000.jpg
    534534.jpg

    Уште малку повеќе да се размрда темата, прикачувајте слики, давајте совети :hai:
     
    На bella.s, Robin25, shining_star и 14 други им се допаѓа ова.
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Во врска со ова, траката може да даде правец и да поштеди од размачкана сенка, ама обавезно изблендајте ја границата кога ќе ја отстраните. Не оставајте чиста линија на сенка, многу вештачки изгледа. Како ова на пример.
    [​IMG]

    Беше во мода пред неколку години ваков изглед со строга линија. Сега веќе не, и мило ми е за тоа.
     
    На shining_star, eliesaab, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. wanderlust

    wanderlust Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2015
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    2.383
    Според мене бели, сиви и сини се must have бои за фармерки.
    Можете да ги комбинирате и одат со се.Лично несакам фармерки со некои апликации и шари на нив.
    Доколку сакате поквалитетни фармерки тогаш Масимо Дути или Манго.Малку поскапи ама барем нема да се рашират после неколку носења.
    Еве неколку слики.
    Grey Jeans Outfit Ideas 2.jpg
    Grey Jeans Outfit ideas 3.jpg
    White jeans Winter.jpg
    Trends-Of-Skinny-Jeans-In-Summer-Season-0012.jpeg
    Исто така вреди да се инвестира во добра кожна јакна и секако и во ташна(без дополнителни тракатанци на неа, синџири, катанци, дупки и сл. Колку едноставна толку подобра.)
    Zara bag wishlist.png
    Celebrities-Leather-Jackets.jpg
    Задолжително и кошула.Сакам со едноставен крој.Бојата нека биде бела или nautical стил т.е плава или црвена со риги.Oднапред да биде ставена во пантолони(a и не мора).
    Може да се искомбинираат за повеќе пригоди.
    white-and-blue-dress-shirt-black-skinny-pants-black-heeled-sandals-black-sunglasses-large-6873.jpg
     

    Прикачени фајлови:

    • 2_nikki-reed.jpg
      2_nikki-reed.jpg
      Големина на фајлот:
      134,9 KB
      Прегледи:
      40
    На kjukli, eliesaab, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.