за мене најидеална комбинација е: кожна јакна/или скај некоја обична блузичка и фармерчиња со патики ова ми е некако најиделна комбинација
Покрај добра класична фармерка и неутрална едноставна кошула јас би додала во репертоарот и : Класична хеланка со најобична памучна блуза и џемпер како еден outfit што оние кои не се љубители баш на фармерки и кошули преферираат вакви комбинации. Овие ги издвојувам како класични парчиња кои се мошне неутрални и едноставни, одат заедно во секоја комбинација. Еве и некој outfit како пример за љубителите на хеланки во комбинации со џемпери наметки и и едноставни широки блузи. Обожавам вакви комбинации со хеланки и пошироко џемпери или блузи независно, сметам дека одлично прилегаат во секое годишно време освен лето. Неопходен детал за комплетен outfit сметам дека се очилата независно дали проѕирно или потемно стакло, еден поскап пар вреди да се употребува секојдневно во најразлични комбинации.
@LivingGlam , добро што цитираше. Сум заборавила да напоменам за линијата, па со помош на твојата слика и оваа подолу, се гледа разликата. -
Мојата форма најдобро е доловена bootcut,flare jeans кои ги комбинирам со струкирани сакоа, кожни палта , мантили и задолжителни обувки на платформа. Форма на песочен часовник најдобро се истакнува со пантолони кои ја следат линијата на ногата, или во други случаеви шират во долниот дел од ногавиците. . По некој шешир и марама во посветли нијанси се must have додаток.
Ги разгледав мислењата и се согласувам дека најпрво личноста треба да си ја добро знае градбата за да ги бира парчињата формата на телото. Но, иако темата е "Подобри го својот моден стил" сите мислења се околу класичните парчиња и се однесуваат на подобрување на класичниот стил. А што ако некој има рокерски стил, boho, или пак гламурозен? Темата е повеќе како водич за оние што воопшто не поседуваат некој свој личен стил и не се снаоѓаат најдобро во облекување и комбинирањето.
Темата е супер за безвременски комбинации што секогаш успеваат. Ако сакаш теми за рокерски, гламурозен и бохо стил, не гледам проблем да отвориш. Ако сметаш дека сите треба да експериментираат со такви стилови, слободно можеш и овде да дадеш предлози за добри парчиња што влегуваат во повеќе комбинации. Пак не гледам проблем и нарушување на текот на коментарите со вакви забелешки.
@LivingGlam Си дадов свое мислење бидејќи темата е за сопствениот моден стил, а под сопствен моден стил не спаѓа само класичниот и класичната гардероба. Така да, зошто да се отвараат посебни теми, кога и овде може да се даваат такви совети, бидејќи темата според насловот е универзална, за сите стилови, иако според мислењата гледам дека не е така. И не сметам дека моето мислење е нарушување на вашиот ред и мир, туку само ги потсетувам оние што советуваат, дека постојат и други стилови. Не сметам јас ништо, туку ако не знаеш, постојат и такви што негуваат стил, а не е класичен.
Темата е многу добра.Имам едно прашање па се надевам не грешам што го поставувам овде.Пред некоја година си купив зимско палто со 3/4 ракави.Дали оваа сезона можам да го носам или не?
Ајде девојки ми треба ваша помош.Ми треба идеа како да го подобрам стилот за на работа.Веке ми здосади комбинација од фармерки и маица и балетанки.Среќа есен иде ... Работам во болница,имам униформа бел мантил но откопчан седи.Значи пак се гледа како сум облечена. Проблемот е што на такво работно место несакам да носам деколте,кратки сукњи или дреч бои.Какви панталони ми предлагате со какви чевли?Накит?Комбинации некои со зимски сукњи(не кратки) ,чизми до глужд,кошули? Значи да изгледам убаво но не накинџурено и превише упадливо
Кака форма на тело имаш ? Нели треба да ги покажеме најубавите делови што ги поседуваме, во најсветла верзија.
Точно Не сум мн висока ,околу 162 см затоа и мразам балетанки.Но имам убави нозе ,прави и згодни. Кукови немам мн широки,тенка половина и мали гради Формата на телото стварно незнам како да ја наречам
@joy1 , мене многу ми се допаѓа новата колекција на Ева Мендез, мислам дека начинот на кој се искомбинирани сите парчиња е прекрасен. Можеш да извлечеш идеја или пак целосно да копираш некој од овие предлози
Ја гледав баш денес.Ете ми се допаѓаат такви есенско зимски фустани мн.Но каде да најдам?Еден два модели видов на веб страната од зара и манго и толку. А убаво би седеле,покриваат недостатоци,целосно си облечен со едно парче облека и не се преобични @Ginger^ Нее далеку сум од атлетски тип Напротив би рекла имам мн нежна градба и тен
се согласувам со @Jordanovska-K новата колекција на Ева Мендез е прекрасна ми се допаднаа комбинаците кога би работела на некое работно место каде што треба добро да си облечен сигурно би ископирала нешто од тоа
Според описот , на атлетска градба ме потсеќа . Што значи имаш тело како Камерон Дијаз,Гвинет Плтроу, Кира Најтли.... Почни да ги следиш, и полека вклучувај по нешто од нив во твојот изглед. Ем ќе го истакниш топа што е најубаво кај тебе, ем ќе бидеш сигурна дека тоа навистина ти одговара . Башка чувството на комоција и пријатност дека сама си го одбрала, со свое знаење стекнато додека си истражувала за твоето тело.
Девојки, од Штип сум и овие деновие е пастрмалијадата нели, сега имаме резервирано маса таму за да седиме со дечко ми и друштвото..и незнам како да се облечам, се облекуваат и спортски и по елегантно, ние имаме и флаша на масата и после некои ке одат и во диско, Е јас не знам дали да облечам штикли или рамно, гледам дечко ми кошула ке носи... а со нас ке има и девојчиња од битола па претпоставувам дека штикли ке носат... но ако не носат па глупо ке ми биде само јас да сум во штикли...што да правам како да се облечам?..