Препорачајте крема за подочници, со филер кесичките од камилица и слично не видов некаков ефект, thanks.
Прочитав дека едно лажиче мед и едно лажиче кафе,се меша како паста,се става во пределот на подочњаците и помагало. Јас не сум го пробала,ама ќе пробам
Го гледав тоа на инстаграм. Една ја правеше смесата и ставаше. Баш имаше ефект. Ќе пробам и јас само мед да најдам.
Етиологијата на двете состојби (хемороидите и подочниците) е иста односно намалена циркулација и насобирање на лимфа. Оттука и произлегува препораката "крем за хемороиди и против подочници". Пред малку пишав и во групата за темни кругови околу очите за New Skin кремот околу очи. Го користам неколку дена и имам видливо подобрување ба подочниците и темните кругови. Во составот содржи ниацинамид (витамин Б3) кој е ефикасен за избелување на кожата, кофеин, екстракт од зелена алга и јапонска хелда, кои ја подобруваат микроциркулацијата и ја подобруваат лимфната дренажа. Мислам дека не постои производ на пазаров кој не сум го пробала, а од ова веќе забележав подобрување. Сум си правела и сама мешавини (работам во фармацевтска индустрија), но без некој посебен ефект.
Dokolku vlecat genetski koreni, togas sostojbata so niv moze samo minimalno da se podobri, vo mnogu slucai se raboti za "semejno nasledstvo".
Се согласувам, јас сум на мајка ми ... но мислам дека имам и проблем со едниот бубрег и задршка на вода