Заборавам да пишам во соодветна тема, а корисно е. За подочници многу помага куркума која го смирува собирањето на вода околу очи, отокот и со тоа ги намалува подочњаците. Во комбинација со сода и блага масажа, делува смирувачки, освен тоа содата е и антисептик па добивката е огромна. Моја забелешка е да се користи навечер , затоа што од куркумата може да има како остаток жолтеникава боја.
И јас сакам да знам повеќе за ова... нит шминка нит ништо ми ги покриваат круговите.. не сакам веќе да се сликам зошто страшно изгледа.
Ништо не помага Спијам повеќе од доволно и пак имам подочњаци..Ништо не ги покрива круговите.Само заради нив и ставам шминка ама џабе
Јас немам подуени подочници, но премногу се темни, без разлика и да спијам 12 или 2 саати . Дали некој го имал истиот проблем и дали има некоја крема некое решение.. помагајте
Јас би ти го препорачала маслото од роза на Алверде. Многу е хранливо,и верувам би имало резултати по одреден период
Иам голем проблем со подочњаци... Уствари и веќе не ми е проблем пошто се навикнав гледајќи се себе си како таков, едноставно тоа е... Подуени ми се у пи*ку матер, не знам колку да спијам да иам редовен сон и се тоа, џабе и џабе и џабееее... Колку пати ми се дешавало да ме прашаат да не пушиш џоинт или слично ? Пошо стварно некад изглеам како наркоман...
Ставај ладни облоги наутро, го намалуваат отокот. Доколку сакаш пробај го ролонот на Алверде за под очи. Има метално топче кое многу убаво лади плус хидрира. Го има во ДМ. Друга опција е да потопиш тупфери или памукчиња во чај од камилица и стави ги во фрижидер. Така ладни ставај ги на подочниците да постојат малку наутро.
Имам пробано... Искрен да бидам не исти, но многу слични методи кои ни МАЛКУ не ми помогнале... Читав нешто и по нет ова она вишок на масно ткиво као демек под очите па предизвикува такви отоци, ама ќе пробам со ова алведере што кажа па ќе видиме, мада не знам зашто ама пак сумњам дека би помогнало, како и да е фала ти
Потрошив неколку пакoвања, ама за подочници нема фајде ич, јас со спиење сум катастрофа, кај мене нема ефект, сега ќе видам како ќе ми делува од Natura Siberica .
Девојки ми треба помош од вас..дали има некои навлаки или неш така да ги изгубам подочњаците..Докторите ми викаа дека тоа ми е така зашто сум била анемична..но и една другарка имаше ваков проблем но и исчезнаа со користење на крема..
Девојки има ли спас од темните кругови? Ем темни кругови ем линии имам под очите, ништо не ги покрива. Каков коректор и да ставам ми се собира во линиите и мака мачам со нив.Ако има некој крем/гел што и да е да помага само кажувате.