Недостаток на витамин К може да е, јади намирници што изобилуваат со К витамин. Исто внимавај и на хидратација.
Поздрав до сите, со подочници имам проблеми од кога знам за себе, колку и да сум одморен наспан иам баш грди подувани подочници како да ме тепал некој, е сега гледав дека има операциски зафати околу ова но сакав да прашам дали некој знае или користел некоја крема или било што слично за такви подочници, значи не се темни, но подувани како што напишав погоре, па баш би сакал некако барем малку да ги ублажам, поздрав.
Нашла ли некоја членка спас за темни подочници? Сум пробала доста креми и серуми воопшто нема ефект Споделете ако има некоја добра крема.
Искуство/мислење за серумов? Го сретнав на тикток, го фалат доста, ама социјални мрежи, не се секогаш за верување. Или препорака за некој друг што помага за подочњаци од неспиење? Само да не се ладни лажици или ќесички чај, немам време од сабајле.
Ја нема што не пробав и се беше џабе, ми дојде скурца веќе од препарати и глупости, си закажав преглед во систина па ќе правам блефаропластика, друго чаре нема. Мислам, можеби тебе ќе ти помогне, али мојов случај ништо освен операција.
Кофеинскиот серум на Ординари ќе ти помогне за тоа,а веднаш после него кремата на pulpe de vie за подочници. Има и на конопка ама тој дава само хидратација.
Мене ми помогна бадемово масло. Не ми беа од неспиење, туку од компјутер и телефон. Како мислиш подуени? Цел ден ти се такви или кога стануваш сабајле? Да не спиеш на стомак па да ти се собира течност?
Цел ден, уште од дете, поточно од кога знам за себе имам отоци, не од недоволен сон и стрес, спијам доволно Инаку да напоменам со позиција на спиење, спијам на страна и често пати на стомак, не можам на грб да спијам затоа што веднаш мр фаќа парализа во сон.
Прво треба да видиш од што ти се. Пробај кога спиеш на страна да не го гмечиш лицето со перница или раце. Легни на страна со ушите и челото на перница само, а не делот околу очите, за да видиш прво дали ти се од спиење. Некад е тоа само течност што се собира. А и види дали се генетски, имаш некој во фамилија со сличен проблем?
Па тогаш најверојатно ти се генетски, само да видиш дали на нешто сте осетливи и двајцата па ги предизвикува или едноставно такви се