Ти благодарам на советот, утре веднаш го купувам @anaja1 каде на друго место можам да ја најдам кремата за околу очи на еуцерин цел град го превртев никаде ја нема се прават како од марс паднати да се, иначе живеам во помал град не сум од скопје.
Јас гледам подобрување,а и некој луѓе одма приметуваат Колку време се мачкаш? Во Зегин провери? И во Еурофарм види Незнам во помалите градови што аптеки има Дојди до Скопје,ако не
Дали некој ги има користено перничињата од Белина? За темни кругови ми требаат. Никако не можам да фатам ред со спиење, или имам работа или дете настинато па дежурна, и постојано сум со темни кругови.
Мајка ми по грешка ја купила на Лавера таа за подочници, нејзе не и е потребна па ми ја даде јас да ја користам. Искрено не очекував ништо од неа, затоа често ја одминував кога купувам од Лавера производи, а 90 % ми се производи од Лавера. На мое изненадување кремата уште на првиот пат има некоја разлика. Јас имам потемни подочници, за да ги немам не треба ни малку, ни многу да спијам, а јас не можам со спиење како по книга и затоа постојано си ги носам. Уште кога нанесов како да ги белее кремата, за 2,3 недели пак ќе пишам, да споделам дали повеќе делува. За сега ми е ок, пошто очекував 0 резултат, не верував во креми за подочници.
Оваа крема за темни подочници најмногу ми се погодила ама да се става минимално од неа. Дава бисерен сјај и не треба да се претерува. Да се внимава и да се става баш на местото каде е темна кожата. Јас додека ја испробував првите денови бев ставила малку повеќе и надвор од подочнаците, бев како бисерен лампион, како со четка лицето да сум си фарбала . Затоа треба внимателно да се става, не ги отстранува само ги избелува со бисерен сјај. Јас сум задоволна. Само откако почна жешкото само сум со хидратантна крема за околу очите, избегнувам многу креми само најосновно за да не светам во лице.
Ординери нема во ДМ, ама има слични вакви серуми со кофеин. Прв на памет ми падна Revoxx што е малтене копија на The Ordinary. А дали и колку е добар не би знаела да кажам, го немам користено. Meне за подочници ми се допаѓа оваа кремичка за околу очи од Tocobo. Ама има ретинол, па ја ставам само навечер. Има гел-формула што ми е топ за жешково време и многу убаво ја хидрира кожата.
Јас немам темни кругови, туку ми се познаваат. И имам една линија што ми оди кон образот на средина , што ми е подуена и тоа сакам малку да го корегирам. Досега не сум користела ништо но време е. Си ги имам годинките