Од една другарка која е манекенка, слушнав дека најделотворен продукт во модната индустрија за лечење подочници била маста за хемороиди Се шокирав, не ми се веруваше... Потоа прашав во 3 аптеки, сите аптекарки беа шокирани, предупредувајќи ме да не ставам маст за `она место` на очи што би му дошло логично нели.. Си викам ај другарка ми се мрднала, ама некако ептен убедлива ми беше, па се решив да погуглам... И сватив дека било вистина но како веста се проширила, почнале американките да ја користат нивната крема која не ги содржела истите состојки како европската, и си направиле беља на очите. Затоа сега има многу спротивставени мислења... http://lucresialinton.com/2010/03/12/he ... nkles-too/ Слушнал некој за ова до сега, или јас сум привилегирана?
Да,и јас сум слушнала за истово. Сум слушнала дека токму таа маст имала многу подобар ефект од милиони други креми,кои што се баш за подочници. Инаку,и јас одамна веќе мака мачам со нив. Сум ставала и краставици и рендани компири и ќесички чај од камилица,но ништо не ми помогнало. Сега сакам да го купам кремот на Nivea баш за делот околу очите,доста многу ми го фалеа. Па,се надевам дека ќе има резултати.
јас кога забележувам дека ми се појавуваат подоќнаци а тоа го забележува сторго околу колоквиумска ставам од авон едно за под очи на лив ботаникал околу една недела и тие се повлекуваат
Isto i jas imam premnogu temni podocnjaci , i mi se smaci celo vreme da me prasuvaat sto mi se takvi , pa zatoa pocnav da se rasprasuvam i vo nekoi dermatolosko kozmeticki saloni... na edno mesto mi rekoa tretman od pet pari toa cini 10 000 denari i plus krema od 5000 denari.. a na drugo mesto so vbrizguvanje na inekcija , toa kosta 250 evra , krema za okolku oci od 75 evra , i nekolku tretmani za izbeluvanje, od koi eden kosta 20 evra .. i znaci vkupo 400 evra.. so toa sto doktorkata veli deka nema trajno resenie , a inekcijata trea edna godina... I sega sto da se pravi, aj ke gi dades parite , a ne se malku , ama dali ke imas efekt .. pisete , koe e vaseto mislenje za ova ?????? [mod-kirilica:239xe8ka][/mod-kirilica:239xe8ka]
уфф јас и моите подочњаци ..неможам да ги поднесам многу ме нервираат а посебно од сабајле кога ќе станам од спиење бетер ми се...ова со инекцииве и кремиве не знам колку е успешно но да имав толку пари би пробала се само да ги тргнам..а бидејќи сега за сега неможам пробувам да се навикнам на нив колку толку
HeidiDiwalt а од кај ги купи водените наочари? Инаку и ја имам подочњаци ама не ми се подувани,него темни и многу ме нервираат Фала однапред
Ахххх... гледам чест проблем! И јас ги имам постојано, дали сум спиела 8 или 12 часа моите подочњаци се пристуни. Не се многу темни, но длабоки, до образи ми идат... Сум пробувала со краставички, а да не зборувам па за камилица, цел саат сум чувала кесичиња на очи и после одам пред огледало, пак иста глетка! Како да не сум спиела со недели Не знам што да правам... Сакам да пробам со некој крем за околу очи ама не сум многу запозната со таа зона, кои се за млада кожа...
Имам темни подочници, и ме нервираат Понекогаш користам коректор, па се покриваат. Ти благодарам Ани за кремата од Авон ќе ја пробам, се надевам дека ќе ми помогне, иако една другарка ми предлагаше да користам кесички од камилица
Го имам дома, но никогаш го немам користено. Има ли ефект ако се користи 3/4 дена??? А инаку јас имам слушнато дека подочњаците се симнуваат со облоги од чај од камилица (сварени филтер ќесички)
Подочњаци имам цел живот, ама открив дека ми се премногу изразени кога ме болат бубрезите. Еве баш деновиве сум како тежок алкохоличар подуена. Значи лекот е само пиење многу вода и коректорче кога излегувате. Многу е важно насабајле кога ќе станете веднаш да испиете една чаша вода, за да работат бубрезите, подочњаците за саат два, значително ќе се повлечат.
Имам прочитано дека добро е да се стават тркалца од компир на очните капаци,не сум пробала лично,искрено и немам некој проблем со подочњаци барем засега.
Сум пробала се од краставици, камилица до компири, ама ништо не правите додека се трудите само надворешно да го отстраните проблемот. Треба да се открие што ги предизвикува, таму да се дејствува. Јас како што погоре кажав веќе си знам, проблемот ми се бубрезите што не ми работат ко што треба
јас си знам од што ми се подочњаците, од носење на леќи Само незнам како да се намали подуеноста и многу ми се темни и не помага ни камилица ни ништо... Некој третман, нешто..?? ПОМАГАЈ ТЕ
ааа заборавив таа кремата за хемороиди како се вика?? Морам да ја прробам, побав таа од докторс ама нема мн ефект..
Леле луѓе, јас порано никогаш не сум имала такво нешто од скоро почнав ептен да се запрашувам што ми се случува, станувам од спиење и како цела вечер да не сум око склопила, подочњаци до колената, дури на неколку пати ме прашуваат си плачела? Кога веке спомнав плачење, една солза да ми капне ми се издуваат очите, нешто страшно, еве денес на пример, ставам краставици и камилица ама знам оно и така ќе помине, во текот на денот се повлече.Ама сакам да ги спречам, сигурно ќе речете сите имаат после спиење подочњаци ама верувајте кај мене се како да сум тепана не бе не е лесно да си женско, а што е најжално тука ни пудра не помага џабе ставаме се познава пак..
И јас ги имам. Порано ми претставуваа многу голем проблем поради кој што често да пред излезам се гледав по милион пати во огледало,комплекси невидени си набив. Потоа,како што одминуваше времето,научив да се сакам себеси и тие секако се дел од мене,па тоа е тоа. Нема што многу да се превземе по тоа прашање,посебно ако не се модри,темни,него се подуени како моите. Имам осетливи очи,па тие третмани со краставици,компири,камилици само ми ја влошија состојбата,ништо повеќе. Имам милион пати пребарувано и на интернет,имаше совет еден да не се спие на стомак,туку само на грб или странично,го сменив и начинот на спиење,ама сепак резултати немаше. Немам проблеми ни со бубрезите,единствено може да е од тоа што внесувам премногу сол и пијам многу малку вода од она што е потребно,ама имало денови кога и тоа сум се трудела да го изменам,ама пак резултати немало,па пак сум била на почетно ниво.. Како и да е,имам чувство дека и доколку еден ден ми исчезнат (нема шанси,ама ај ) дека повторно ќе сакам да си ги имам од време на време. Ќе ми фали нешто на лицево..
Па мене многу ми се замараат очите од наочари-леќи катастрофа ми се прават. како бумбар сум А недај боже да заспијам со леќи... Користиш некоја крема нешто или??
Па леќите ми се за гледање а и ептен ми се црвени очите, сите капиларчиња ми се гледаат па сеа подочњаците само можеш да замислиш какви ми се