Не верувам дека подочниците ти се од леќите, а тоа што те печат очите ти е друг проблем, најдобро да си појдеш на доктор за тоа. И јас носам леќи и досега сум немала проблем со нив.
Многу врска има и начинот на спиење и стварно гледам по мене јас обично секогаш имам подочњаци и најнаспана да сум но сепак разлика има ако спиете со главата накај перницата или на страна шансите за подочњаци се далеку поголеми отколку ако спиете легнати на грб и очите да немаат контакт со перницата но јас спијам на страна и секоаш ги имам, сум спиела на грб и не сум имала толку и сум била посвежа..тоа е една причина што ги задушувате очите и тие се подувуваат или се ствараат подочњаци околу нив, друга причина генетика има луѓе што не спијат многу по 6-7 саати на ден а немаат подочњаци а има луѓе шо спијат ептен некад знаат и до 12саати ако немаат работа и пак ги имаат..А за пушењето точно е, да предизвикува
ефикасно за подочњаци е масажа на лице...делува смирувачки и плус кожата ја прави помека посвиленкаста и изгледа доста поодморена
во претходниот каталог беше 159 ден .а сега незнам има разлика во цени од еден до друг каталог те молам ако видиш колку пари е кажи ми ми треба за една другарка фала однапред
инстант решение за темни подочнјаци е крема за хемороиди - MODOLEX знам дка звучи лошо ама ептем помага, моја пријтелка години ги средува со нив
И јас ги имам и тоа постојано и единствено со коректор ги покривам. И пробувам да спијам повеќе затоа што кога сум ненаспана ми се поизразени.
кремот за очи од ботаникалс го има но сега е со друго паковање и се вика солушн.од тие последно што излегоа едни малечки, мислам дека беше зелено .Баш денес читав за тоа, треба да ги има во кампања 8 мислам дека важи од утре тој каталог поз
татко ми имаше некој здравствен проблем и се обрати кај некој пчелар од охрид...тој му изготви некој народен лек (кој навистина му помогна) и гратис му следуваше малечко паковање на мед со некои треви, наводно за блескав поглед и се нанесува пред спиење околу очите, 20тина минути и се пере... девојки, верувале или не, очите ми се толку сјајни да дури и умислувам дека смениле боја за подочници ни збор! после оваа мешавина заборавив и што се
хммм...велам гратис му го дал...не сум сигурна, ама не мислам дека би бил скап...мене ми беше корисен и планирам да го побарам повторно човекот...ако сакаш, штом искомуницирам, ќе пишам цена и во лп ќе ти пишам негов број
А сте ја пробале маската за очи од Авон?Неможам слика сега да најдам,ја имам јас ако сакате ќе ви ја сликнам да видите како изгледа.Мене ко да ми потпомогна за подочњациве а ги имам уште од мала.Ги смирува очите,изладува.Ја има некој друг користено?