Глуп ми е нетов,ја сликнав маската,не сака да ми ја прикачи Таа од Планет спа е,безбојна е,внатре е со некое гелче.Незнам дали ја има во новиот каталог,ја кога ја земав имаше понуда било што од планет спа за 500 денари.Ама ме мрзи да ја користам,треба прво да се става во замрзнувач 15-20 минути,па на очи уште толку да делува Инаку убаво е чуството,ги осеќаш одморени,свежи очите.А го имав и тој новиот рол-он или како и да се вика со вибрации од Авон,мене не ми се свиѓаше,а вибрацитее вибрираа до третото користење
Готово знам за која викаш, но одамна ја нема во каталозите . Иначе маскава има неограничен рок на употреба?
Единствено нешто што ми ги покрило подочњаците е пудрата на Ревлон,на цело лице ја размачкувам одма,а на подочњаците оставан неколку секунди и само ја натапкувам,не ми се верува дека конечно најдов решение,комплекс ми беа
Ај ако не ти е тешко стави слика од пудрава, пошо и ја имам проблем со подочњациве ништо не ми ги покрива и ако мозе цена да ми кажеш и дали е мрсна пошо имам комбинирана кожа
^^ Еве слика од пудрата на Ревлон за сува до нормална кожа, меѓутоа ако ме прашувате мене, таква тешка пудра никогаш не би ставила на подочниците бидејќи имам пробано, ама некако уште поизразени изгледаа откако ќе ја извадев пудрата. За да ги покријам колку толку ставам мноогу малку, ама ептен мало количество и повеќе коректор, кој некако ми е покомпетентен за прикривање на темните пријателчиња. Инаку, веќе некое време го користам доленаведеното кремче за освежување на пределот околу очите и ми помага во намалување на подочниците - не се толку изразени, многу посветли во однос на тоа како изгледаа порано. Кога го нанесувам имам некое чувство на моментално ладење и вистинско уживање е, ги одмара очите и фала богу делува - ги осветлува подочниците. Не е скап, не е повеќе од 150 денари и е од колекцијата на Avon naturals - калинка.
Јас веќе подолго време употребувам методи кои ги прочитав на интернет. Имено, ставам влажна марамица во фрижидер, во замрзнувач, а сабајлето кога ќе станам ги покривам целосно очите и така терам неколку минути. Навистина делува, отокот се намалува, а во одредени случаи и целосно исчезнува. Потоа при шминкање под очите ставам коректор кој е за нијанса две посветол од пудрата и готово
Мојот најголем проблем. Исто и јас имам пробано со се. Студени лажички, краставици, ма буквално ништо не ми помага. И да се наспијам помалку или повеќе сепак тие кога ќе станам од спиење се секогаш присутни и темни ко на наркоман Изгледа ќе морам да си се помирам со тоа дека ми се наследни од мојот татко и никогаш нема да исчезнат.
Мене ова ич не ми е проблем. Не дека ги немам, туку баш ми се симпатични и ги негувам. Не, озбилно, многу привлечно ми делуваат личности со подочњаци. Инаку, ми се познаваат кога не сум наспана, ама не како темни кругови, туку само сум потечена. Ништо страшно, малце пудра и тоа е тоа.
Ооооо дел од мојот имиџ се, неизбежни се па згора на се и пропаднати ми се очите Со ништо ама баш со ништо неможам да ги средам.
Бидејќи обично кога ќе станам од спиење, подочњаците ми се виснати до доле ама добро е што ми се губат за еден саат, иначе кога ќе станам на сабајле ко вампир сум,чоек да се уплаши од мене
Не ми се веруваше од првин за кремот дека помага, сега од кога почнав да го користам значително ми се намалија подочњаците, презадоволна сум од него и секој ден си го користам.
Јас имам мали подочњаци ама ги тргам со шминка и не се познаваат толку многу како предходно . Кој рано рани има подочњаци
девојки пробајте да не спиете на стомак .. испитајте дали ви е се ок со бубрезите и мокрачата .. и не јадете многу солено .. резултатите се видливи за помалку од 1 недела позз
Помагаат кругови од компир, но тие помагаат само делумно да исчезнат подочњаците.. но целосно да ги снема потешко е.. Потоа 2 кесички од чај од камилица, веќе искористени. (може и со зелен чај, имам пробано и има ефект). Ќе ги ставиш малку во фрижидер да се оладат и после ќе ги ставиш на очи и држи ги околу 5-6 минути. Можете да ставите и две кругчиња краставици, претходно изладени во фрижидер. Долг и мирен сон, здрава и редовна исхрана, што е можно помалку алкохол и цигари и престој на свеж воздух се добредојдени за свеж изглед на лицето и помалки подочњаци. Но, исто така многу е важно да пиете барем два литри вода дневно, бидејќи таа го чисти организмот од штетни состојки. Обратете внимание и на тоа навечер да не јадете јака храна. Темни подочњаци и отечените капаци се јавуваат кај луѓе кои спијат на стомак. Тогаш во капаците се собира крв, па се создаваат отоци. Од тие причини спијте на грб и по можност секогаш на перница. Во многу случаи студот може да помогне бидејќи ја забрзува циркулацијата и ги намалува отоците. Ставете лажица во фрижидер пет минути и потоа ставете ја на просторот меѓу очите или ако повеќе ви одговара, купете готова маска со исто својство.