И јас го имам истиот проблем.Тешко е да се намалат ,но како мала помош ќе ти послужат облоги од чај од камилица наутро или мраз на очите.
ПОДОЧЊАЦИИИИИИ Пиј многу вода и спиј барем 10 часа. Освен со коректор и краставица и компир јас не знам поинаку
Мене ми се појавуваат подочници бидејќи не спијам убаво. Кога сум наспана какво ми е убаво лицето без тие кругови темни. Добро сега,не се којзнае колкави ама ме нервираат ! Ставам коректор.
и јас го имам истиот проблем мојте се темни,а јас сум бела,имам бел тен.исто и мајками има.мислам дека тоа е наследно,а некои му се прават поради умор и ненаспаност,а можда и нешто е поврзано со здравјето
и јас не имам којзнае колкави големи ама со компир и краставица помагат многу и нема потреба од коректор
Јас ги имам од кога знам за себе, кругови темни подуедни понекогаш уфффф ужас !!! го пробав ролонот на Гарниер не помага, си ја купив ладната маска за очи дава само некое привремено решение не е тоа тоа, и на крај стариот добар пријател коректорот си го прави своето си покрива колку толку барем не се модри...нема друго решение за нив има привремени само а трајни не слушнав за Модолекс крема за хемороиди не сум ја пробала ама и шо знам некако ми е страв...Помага многу вода многу зеленчук и овошје, а цигарите алкохолот и лошата храна си го прават своето...
Еве еден трик што го научив од списание. Кога после спиење имате подочници само ставете го показалецот на внатрешната страна на окото и полека правејќи кружни движења по пат одете кон надворешната страна. Трудете се да не ја тегнете кожата и да не притискате. Тоа ја зголемува циркулацијата во очите и ќе го намали отокот а и бојата. Исто така за облоги на очите направете си или индиски чај или чај од камилица и ќесичките ставете ги на очите. Другото мора да го покриете со коректор.
Ова е за од 20г па нагоре ти си многу млада за да го користиш ова.Би ти го препорачала од авон од калинка за околу очи.
Темни кругови околу очите Феминки што да правам ... имам како ќесиња под очи , т.е. набабрени подочници и никако не се покриваат сум пробала со пудри такви работи но формата и надуеноста му останува .. такви ми се од секогаш но многу сакам да ги намалам барем малку.Дали има некоја маст нешто такво.. Најлошо од се сите ми ги забележуваат и многу непријатно се чуствувам ...
И јас го имам истиот проблем , подуеност на очите , моментално ставам гел за околу очи од АВОН ама нема ефект , ќе применам некои од вашите совети , ќе пробам со краставицата и филтер кесичка од камилица
имам пробано и со компир и со краставица,највеќе помага да ставите лажичка во фрижидер преку ноќта да стои во фрижидер и од сабајлето ставете ја на подочњаците и се повлекуваат
Јас па како што сум вар бела уште толку ми се познаваат, ептен се контрасни бљак. Веќе долго се спремам да направам кремичка за подочњаци, само уште брашното да го испитам, па ќе ви пишам ако ми успеал експериментот Исто, добриот сон многу помага. Пошо никогаш не сум го имала, мислам дека ништо чудно и од тоа да е. Многу пати како чај за смирување сум ја сретнала валеријаната, мора и тоа да се испроба
Ова би требало да ви помогне на сите што имате проблем со подочњаци http://www.youtube.com/watch?v=BD9TAfFEp9A&feature=plcp
Не сум имала проблеми до сега ама ама ако во иднина имам ке го испробам ова видеово што го ставила nennsy.densy
ноќна птица сум,ама никогаш не сум имала проблеми со подочњаци. nennsy.densy фала на видеото,ако некогаш ми се појават ќе пробам,корисно многу :up: :up:
викаат кога ќе ти излезат подочњаци да си ставиш на очите лажици кои предходно стоеле во фрижидер но јас наместо лажици си ставам од шишето што стоело или пак коректор