Може да станува збор за слаба циркулација. Пробај прави нежни полукружни движења. Конкретно за подуеноста, мене ми помагаат две коцки мраз, одделно замотани во хартија. Ги држам неколку минути за да се намали подуеноста и потоа ги тргам. Може да се повтори неколку пати постапката. Кесички од чај можат само да ти го смират местото и најчесто ефектот не трае долго.
Дали ја има некој пробано кремата на Еуцерин за темни кругови, има некој искуство ? Да не лупнам џабе парите, од некој креми на Еуцерин не бев задоволна
Отоци на подочници освен од проблеми со бубрези и недоволно внесување на вода се јавуваат и поради проблеми со тироидната жлезда. Ако постојано имате отечени очи можеби е паметно да си ги испитате тироидните хормони. Подочници се јавуваат и во стресни периоди ... Ставање ладни облоги... краставици маски .. се ова помага ама краткотрајно и недоволно. Подобро е ако е можно да се делува на причината за создавањето... Најефикасен крем што сум го пробала и редовно го користам е на Clinique All About Eyes. Имаат и серум од истиот тип. Скапи се и кремот и серумот ама делуваат. Инаку што се однесува до шминка искуството а и некои видео клипчиња што сум ги гледала викаат дека ако имате темни кругови се користи коректор кој е една нијанса посветол од пудрата, но ако имате подуени подочници се става една нијанса потемен коректор. Чиста физика (оптика) е дека ако на нешто што е истакнато му ставите светла боја ќе дојде уште повеќе до израз. Значи за успешна камуфлажа добар крем кој ќе ја држи кожата хидрирана, малку потемен коректор, по можност и прајмер врз него, потемна сенка на горните капаци на очите и многу маскара, а на долните без сенка, може само малку маскара и светло моливче. Обидете се па пишете за резултатот Инаку кога сме кај шминката никако не можам да ги разберам оние кои ставаат бела сенка под очите.. не сваќам што треба да се постигне со ова бидејќи сеуште не сум видела некој кој изгледа добро и природно со бела сенка под очите.
Имам голем проблем со подочниците.Секојдневно без разлика колку часови спијам сепак имам темни кругови околу очите.Единствено што ми помага да ги покријам е коректор со потемна нијанса од мојата кожа
http://www.youtube.com/watch?v=BD9TAfFEp9A Како да направам сок од крставици? или има негде по маркетиве таков сок?
Зошто мораше во се да личам на мајка ми а,да ги наследам подочњаците на татко ми? Значи цела фамилија на татко ми има подочњаци..наследни ќе да се Треба да ставам 3,4 слоја пудра и пак не се покрива виножитово под очиве...Да,Да Баш е виножито,сите бои ги има,сина,бордо па и лилава. Дај кажите некоја добра крема бидејќи вака веќе не можам...Ко истепана сум во очиве....
Има креми за подочници,но тие само ги намалуваат нема да ги остранат скроз. Плус подочњаците се појавувват како последица на недоволно спиење и сон. Ако сакаш да ги прекриеш јас би ти препорачала да си купиш артдеко камуфлаж коректор и да ги прекриваш или коректор за секојдневна употреба. Сега незнам колку години имаш ако си помала купи си коректор или таа палетата од орифламе за подочници што е. Ако си поголема односно ако имаш над 20 години можеш да го употребиш артдеко. Незнам дали за артдеко има возрасна граница, знам само дека е многу тежок за секојдневна употреба.
подочници ! девојки ве молам помогнете ми! имам подочници но не темни, многу ми се специфични, како кеси подуени под очите бели, спијам доволно, се хранам здраво, јадам премногу овошје и зеленчук но не ми се губат. дали знаете некој природен лек или било што? ви благодарам однапред.
Ослободете се од подочнаците Брзо е, евтино, ефикасно и долготрајно. Потребно е да земете неколку ливчиња свежо нане, да ги измешате во блендер и да додадете неколку капки маслиново масло. Изблендирајте ја оваа комбинација и свежата маст нанесете ја под очите пред спиење и оставете ја да делува. Постапката повторувајте ја додека не забележите подобрување. Подочниците се последица на неправилна исхрана, претерано внесување на токсини и недостаток на сон.Покрај овој лек практикувајте сон од најмалку 8 часа дневно, пијте најмалку 1 литар вода и намалете го количеството на алкохол или цигари. Преземено од црнобело Дефинитивно ќе пробам. Ништо не губам