Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подочници

Дискусија во 'Лице' започната од goldenpearl90mr, 18 јуни 2010.

  1. blagica_a

    blagica_a Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2015
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    лек за подочници? фала однапред :)
     
  2. Студентката

    Студентката Нов член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    И мене ми треба, имам темни кругови околу очите и не знам како да ги отстранам. Порано помали имав, а сега како што не спијам поради факсот ужас се...
     
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Девојки еве што најдов на нет и сакам да пробам и јас


    http://www.crnobelo.com/zivot/ubavi...do-nicite-so-crven-karmin-namesto-so-korektor




    Иако досега за покривање на темните подочници користевте само коректор, во случај да ви се потроши, а да мора да се нашминкате, искористете го овој трик.

    [​IMG]

    Можеби ќе ви звучи неверојатно, но резултатот ќе ве изненади.

    Црвената боја која и на спектарот на бои се наоѓа веднаш по сината и виолетовата, одлично го балансира тенот и ги неутрализира потемните нијанси.


    1. Почнете со нанесување на посветли црвени тонови под окото и на капакот.


    [​IMG]



    2.Потоа нанесете и на другите делови од лицето кои сакате да ги покриете.


    [​IMG]



    3. На крај, нанесете течна пудра на целото лице и завршете со нанесување на пудра во прав која совршено ќе ви го изедначи тенот.


    [​IMG]



    Резултатот е очигледен:


    [​IMG]
     
    На AnimalLover му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, еве неколку природни начини за ублажување на подочниците или како СОС третман за во последен момент доколку имате важен настан или некоја посебна вечер. Поздрав

    Природни начини за ублажување на подочници

    [​IMG]

    Здраво драги мои,

    очите се огледало не само на душата, туку и на општата здравствена состојба на организмот. Сите ние сакаме убав и свеж поглед и одморени очи, иако секогаш и не е баш така. Понекогаш се будиме со темни подочници или подуени очи и тоа воопшто не е пријатно, не само од естетска причина, туку истата таа појава укажува на некој проблем како бубрези, задржување на течноста во организмот или пак периоди на зголемен стрес. Пред да ви ги откријам природните методи со кои оваа проблематика може да се ублажи, ајде најнапред да ги разгледаме причините за оваа појава.

    Најнапред подочниците се појавуваат како резултат на стресот, што е разбирливо со оглед на темпото на живот и начинот на кој живееме.

    Потоа, тука како фактор доаѓа и начинот на исхрана, односно претстрога диета, недостаток на витамини или дехидратација, или пак обилен оброк навечер.

    Честото триење на очите или алергија на некоја состојка може да доведе до подуеност на очите.

    Откако ги разгледавме најчестите причини мора да напоменам дека постојат два типа на подочници и тоа:

    - темни вдлабнати подочници кои најчесто се резултат на дехидрираност на организмот;
    - подуени подочници кои се знак на задржување на водата во организмот.

    Најдобар начин е најнапред да се делува внатрешно во нивното подобрување, односно да се конзумира многу вода која помага во прочистувањето на организмот, да се намали или избегнува конзумирање на салами, солена храна, бел шеќер и путер. Треба да се зголеми внесувањето на свежо овошје и зеленчук кои го стимулираат исфрлањето на течностите и го подобруваат варењето на храната.

    [​IMG]

    Еве неколку природни методи кои успешно ги ублажуваат и ја спречуваат нивната појава

    - млеко
    Земете две памукчиња или дискети за вадење на шминка и намокрете ги во ладно млеко (од фрижидер). Ставете ги на пределот околу очите околу 5 мин. и измијте со ладна вода. Млечната киселина помага во намалувањето на подуеноста како и на темната боја на подочниците.

    - компир
    Исечете еден компир на тенки парчиња и ставете две на пределот околу очите. Оставете ги да делуваат од 15 до 20 мин. Измијте го лицето со ладна вода.

    - алое вера гел
    Ставете на две памукчиња малку гел од алое вера (по можност ладен од фрижидер) и ставете го на пределот околу очите околу 15 мин. Освен што помага при оваа проблематика, алое вера гелот ги спречува евентуалните иритации и ја хидрира кожата.

    [​IMG]

    - краставица
    Исечете две кругчиња од свежа краставица и ставете ги врз затворени очи. Ова е одличен метод кој ја освежува кожата околу очите и ја ублажува оваа проблематика.

    - филтер кесички од чај
    Намокрете две филтер кесички од чај (најдобро зелен чај или камилица) и ставете ги во замрзнувач околу 15 мин. Потоа нанесете ги на пределот околу очите. Ова е одлично средство за моментален ефект на свежи очи кој одлично помага доколку имате некој важен настан и сакате да изгледате одморено.

    Се надевам дека и оваа статија ви беше од корист. Голем поздрав и до скоро читање.
    Вики
     
    На Florenсе, Ticijana, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Idealista

    Idealista Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2013
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    551
    Пол:
    Женски
    Мака си мачам со подочњациве откако знам за себе. Да се разбереме прво, не сум подуена под очи туку темни кругови имам. Спиена или не, не мрдаат од лицево. Сум пробала свашта, од кесички со чај, алое, се до компири и краставици. Не помага ништо. А кожата под очи многу грдо ми изгледа, и кој било коректор да го ставам воопшто не изгледа природно. Не е до коректорот, 100 сум сменила до сега и моментално го користам од Катрис и еден од Дебора. Убаво ми покриваат не можам да се пожалам ама од блиску човек да ме види ќе се уплаши буквално. Како точки некои имам, не ми е рамна кожата а сега имам и приметено дека почнала да ми се суши кожата таму и како мали брчки да ми се појавуваат. Користам кокосово масло колку толку да ми се ублажи кожата од шлапање коректори секој ден. Што да правам, што да чинам људи? Некоја крема препорачајте ми или било што зошто премногу се нервирам и комплексирам.
     
  6. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Дали конзумираш доволно вода? обично темните кругови се јавуваат како резултат на недоволна хидратација на телото.
     
  7. Idealista

    Idealista Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2013
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    551
    Пол:
    Женски
    Да, кој што прави јас вода пијам:D Така да не се од тоа. Се соочив со суровата вистина дека не можам чаре да им најдам, можно е и да се генетски зошто и мајка ми ги има. Ај ќе ги покријам со коректор ама кожата под очи зошто ми е таква. Би ти сликала ама кокосово масло имам на мене моментално, а и со слика не би можела да ти доловам колку лошо изгледа.
     
  8. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Второ нешто кое ќе ти пишев е дека во некои случаи се и генетски доколку родителите ги имаат, ама еве сама ми кажа. Доколку користиш коректори те молам најди некој поприроден, да не ја запушуваш додатно кожата со силикони и глупости. Кокосовото одлично е што го користиш.
     
    На Idealista му/ѝ се допаѓа ова.
  9. pavlinapale

    pavlinapale Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски

    Чаре за нив?
     
  10. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво најнапред треба да се открие причината за нивната појава (доколку станува збор за некоја здравствена состојба). Во некои случаеви овие подуени подочници се знак на задржување на течноста во организмот, кај некои проблеми со тироидната жлезда итн.
    Доколку станува збор за задржување на течноста во организмот најнапред се делува внатрешно, се лимитира конзумирањето на многу солена храна и се конзумира повеќе храна богата со потасиум која ги исфрла течностите од организмот (на пример бананите се богати со потасиум), многу овошје и зелечнук. Исто така треба да се пие многу вода во текот на денот и по можност чаеви за детоксификација или детокс вода. Е сега постојат привремени методи кои доколку се практикуваат често го намалуваат овој ефект како на пример кругови од краставица на окото или миење на лицето со ладна вода. Поздрав
     
    На pavlinapale му/ѝ се допаѓа ова.
  11. frosyGrc

    frosyGrc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.886
    Пол:
    Женски
    Некој течен коректор да препорачате за подочњаци?
     
  12. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Моите подочњаци се многууу изразени (ги наследив од мајка ми) .
    Јас вака ги намалувам , варам зелен чај го претурам во калпчето за коцки лед и во комора и после држам 2-3 минутки под око . Мене ми помага.
     
  13. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    За подуени подочници кои се знак на задржување на водата во организмот има едноставен трик. Пред спиење да се стави хартиен селотејп на местото каде обично отекуваат очите и да се извади наутро.
    [​IMG]
     
  14. pavlinapale

    pavlinapale Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Помага? имаш пробано?
     
  15. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Немам ставано, ама вечер ќе ставам и ќе пишам утре резултати. Освен ако не го извадам на сред ноќ.:rofl:
    Вреди да се проба! Ефтино е, а и нема хемија.
     
    На pavlinapale му/ѝ се допаѓа ова.
  16. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.627
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    12507097_10204609459791377_5730819978657764360_n.jpg
    Еве што ми помогна мене за темни подочњаци и многу сум задоволна:)
     
    На Elence93 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    5.194
    Пол:
    Женски
    @anaja1 каде го има и која цена е? Веќе долго време барам нешто вакво.
     
  18. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.627
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    Во Тинех, мислам дека 2-300 денари,не памтам точно,пошто и други работи купував.
    Ама навистина е добро:)
     
  19. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Да не знае некој колку пари се овие две Nivea кремите?
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.202
    Пол:
    Женски
    Мене и подочњаците убаво ми стојат :D
    Знам да спијам по два часа кога имам ептен обврски и очите нааа толкави ама немам гајле :D всушност и брзо се стабилизирам, немам потреба од такви очила, креми и триста чуда. Порано ставав краставици :D