Луѓе, денеска ја фатив реприза и сега нели почна. Како умре Елиф, затоа што видов дека ја нема а и Омер кажуваше како ќе успее со одгледување на детето? Што ќе се случи знаете, па нели беше главен лик...
Koлку што загледав отиде на болница и се породе. Ја роди керќичката ама не ни ја прегрна. Имала тежок пораѓај и умрела. Колку што сфатив.
Умре затоа што имала некоја болест и било ризично да раѓа деца. Мене серијава ми е интересна, ја гледам од почеток и во првите епизоди наликуваше на Горка љубов , но сега воопшто не е така + мислам дека Под сенката на врбите е снимена пред Горка љубов
Како ќе заврши серијава? Во последно време ми стана интересна и ја загледав. Многу ми е слатко девојчето Елиф, душиче, а Омер не ја ни погледнува, знам дека го потсеќа на Елиф но нема никаква вина девојчево за тоа што се случило. Сепак е спомен од неговата сакана.
Еве што ќе се случи во иднина: Спојлер Серијава ќе потрае бааги бидејќи сега целата работа во принцип ќе се врти околу Јилмаз и Филиз. Голема улога ќе има и Џем кој е тежок психо кој ќе стане опседнат со Филиз а понатаму ќе се открие и дека е убиец. Омер ќе свати дека ќерка му е најголемата душичка што постои и ќе си ги среди односите со неа, исто така ќе се дознае дека Фериде била стомача танчларка и ќе настанат фрки но сепак на крај Омер останува со неа. Во меѓувреме Јилмаз ќе запознае девојќа која ќе му е мила и која ќе има рак на мозок и поради тоа ќе треба да се венча со неа. Настануваат многу пресврти, поради замките на Џем Омер оди во затвор, подоцна и цело семејство Текинер се преселува во малото на Јилмаз па Омер и Јилмаз се спријателуваат. Филиз е трудна од Јилмаз но сите мислат дека е од Џем, ќе се случи настан каде Џем ќе ја киднапира Филиз при што ќе настане и пресметка со орижје меѓу него и Јимлаз, нмо на крај се си завршува среќно и весело, Филиз има 3 деца со Јилмаз си живеат среќно и весело. Како и секоја серија со среќен крај )
и на мене ана сакала он тостот од продавницата кај баба и епа така е кога го чуваата детето луге без став и кога му се допушта да прави што сака.....
Лелееее многу ми е слатка и мила, па дете од 4 години не смее да каже што му се јаде Ауу ако ова е разгалено не знам што ќе кажете за денешниве деца прави ѓаволчиња се
Дали некој знае како ќе се открие дека Јилмаз не е виновен и дека сето тоа го направил Џем, бидејќи видов во следнава епизода Јилмаз ќе биде во затвор иако имаше доказ од сигурносната камера на сефот каде што стоел пиштолот со кој е пукано во Омер?
Спојлер Џем ке ги осиромаши скроз и кога куќата ке им се продава тој ке ја купи и ке се всели таму со мајка му.А господава ке бидат сиромашни и ке се преселат во тенеќе мало.Тогаш Омер ке каже: Јулмаз беше цело време во право.Тогаш Филиз ке рече: ке го прифатам бракот на Џем (кобајаги) за да можам се што ни зеде да си повратам назад. Потоа ке дознае дека тој е психопат и дека си го убил и татко му. Ке ја киднапира а Јилмаз и Омер ке одат да ја спасат.Ке го затворат ама ке избега од затвор. Јилмаз ке се вери со онаа Асли кога ке разбере дека има тумур на мозок , од жал. Ама таа ке се оперира и ке се опорави. Јилмаз ке знае дека Филиз е бремена ама ке мисли дека дека е од Џем детето. И кога ке биде денот на свадбата со Асли, старата Хандан ке ја разубедува Алси да не се мажи со Јилмаз оти тој и припаѓа само на Филиз и дека таа е бремена од него. Таа му вика и на Омер: Јас ви ги растурив животите на двајцата јас морам да ги смирам Филиз и Јилмаз. На денот на свадбата Јилмаз ке замине кај Филиз.И ке ја породи таму на чифликот. А онај Џем пак ке ја киднапира Филиз ама Омер и Јилмаз ке го бараат, ке дојде и полиција и тој сам ке си пука во глава. Фимот завршува со свадба се земаат фериде и Омер и по предлог на Омер и Филиз и Јилмаз се појавуваат како зет и невеста иако се венчани пред тоа ама без свадба. Крајот е ,сите ликови се на излет после 5 години. Филиз и Јилмаз го имаат 2 деца и му кажува дека повторно е бремена со трето, Фериде и Омер освен Елиф имаат уште едно девојче,Салих и сестра му на Јилмаз освен Ахмет имаат уште едно машко,и оној Али и Сема што немаат деца исто така е бремена.Ке ти пуштам еден бугарски линк ,ако ги разбираш можеш да ја гледаш последната епизода http://www.youtube.com/watch?v=hJkKeNTV ... ure=relmfu