Од сабота во 20.30 часот на А1 телевизија започнува најновата хрватска серија ПОД СРЕЌНА ЅВЕЗДА. Серијата ќе ја има својата премиера на А1 во Македонија, а во Хрватска започнува дури два дена подоцна. Екипата која работела на оваа серија е истата од претходните хрватски серии (Долина на сонцето, Вила Марија, Љубов во офсајд, Гордоста на Раткаеви, Обични луѓе, Се ќе биде добро).
да баш преска ја видов рекламата, обично сите хрватски серии ми се интересни, па ке видме оваа каква ке биде
хрватските серии ми се поинтересни и некако поубави за гледање од оние турскине серии... ја немам видено рекламата сеуште ама сигурно ке биде супер серија... ке ја гледааам
Серијава ми е многу реална. Се што се случува во животот се случува во серијава. може многу да се научи. Кој ја гледа ајде да споделиме мислење. Нина најмногу ми се допаѓа.Какви испреплетени приказни, какви животни судбини. Како животот во следната секунда може да ти покаже дека си имал се а сега немаш ништо, или да ти покаже дека ти, баш ти имаш се? Интересно.
Знае ли некој што се случува во серијава...т.е. што ќе се случи некое кратко сценарио.. Што се случува со Сузана, зошто е вака чудна кога зборуваат за тој Мики?
Серијата истовремено се прикажува и во Хрватска и кај нас на А1. Затоа не може да се знае што ќе се случува понатаму.
Па изгледа си ја пропуштила епизодата кога открија некој детал за него. Бил дечко на оваа што работи како службеничка во факултетот (не паметам имиња стварно) и еден ден, т.е. доцна навечер се спакувал и заминал без да ја извести воопшто. Таа дознава од некој сосед за неговото заминување. Од тогаш нема слушнато ништо за него, била страшно повредена и уште нема закрепнато сосема. Тетката на Мики и остави огромно наследство на оваа, со аманет да го најде Мики и само да му каже дека ако и се јавувал на тетка си понекогаш ќе можел да го наследи истото.
Да да..го знаев тоа, ама Сузана (другарката на женската на Мики) некако е чудна на таа тема, мислам дека има некоја тајна тука, а јас сум нестрплива хехехехе
Јас мислам дека Сузана имала некоја врска со Мики затоа што е многу чудна кога другарките зборуваат на таа тема. Мислам дека Мики е таткото на Марта ( ќерката на Сузана ).
Хехе и ние со сестра ми дојдовме до тој заклучок.. значи сигурно така ќе испадне (и нели кога девојката на мики-нзз точно како се викаше, на Н..., се присетува на тие моменти секогаш има од страна плава девојка што ги посматра, тоа изгледа е Сузан, а можеби и сум грешка, можеби и Сузам се присетуа на тие моменти а не другарка и...)
Сте извеле точен заклучок Нели пред некој ден кажаа А инаку и мене ми е интересна серијава и сите други серии. Од секакви проблеми што ги имаат луѓето склопуваат ептен реална слика за нашиот живот.
Сакам хрватски серии и ми се многу поинтесерсни од шпанските и турските (кои не ги гледам баш, скоро ич) Овој филм го гледам секогаш кога ќе го затечам на а1! Сега му е сменет терминот изгледа,но пак успевам да фатам по малце од репризите! Инаку ми се допаѓа, интересно ќе биде ако не го развлечат ептен (не дај Боже како тој што беше ,,забранета љубов,,) ! Веќе е јасно дека Марта е ќерка на Мики и Сузана па да видиме како ќе се открие тоа! Инаку не ми е јасно што ќе се случува со пејачката Јелена Розга,нели и она се појавува во последните неколку серии!
Инаку проверив серијава има околу 240 епизоди. А зарем Нина не е истата глумица од серијата Не Давај се Нина? (таму мислам дека се викаше Моника) Засега интересна ми е мене па ќе видиме натаму