На А1 се дава во 23.30 и во 9 наутро. На А2 се дава во 21 часот навечер и во сабота и недела сите епизоди.
Почнав пред недела дена да го гледам,прво беше онака за освестување наутро,но ми се виде интересен Штета немам време да го гледам секој ден.
Еј многу интересна серија. Интересни ликови и интересни настани. Штета, повеќето хрвати лошо глумат, не знам дали сте забележале? Но сепак термините се тапа, треба пак да ги преместат по 4965 пат -.-
Серијава е супер,можете да ја гледате http://www.youtube.com/watch?v=takWtFS1hHY ова е 45 епизода,незнам која е на А1,ама овие се 3-4 понапред,а другите епизоди побарајте ги.
иако не гледам серии од ваков тип, оваа почнав да ја гледам по препорака од мајка ми и ептен ми се свиде. Само терминов некако не чини оти на а1 не ја даваат точно во 23,30 интересна е и многу реална,башка можеш да ја слушаш и да си работиш нешто друго
Леле ама серијата станува се поглупа и позамотана мислам... Ко да ќе нема крај, се надевам нема да биде како Забранета Љубов, поглуп филм од тој немам гледано во животот мислам...
Богами поглуп крај од Забранета љубов, нема да гледате. Патем, мене многу ми е интересна. Ја гледам секој ден навечер, после ќе ја гледам. Али нешто слушнав дека не е доснимена до крај?
Мојата омилена серија моментално...Јас ја гледам на црногорскиот канал Атлас - секоја вечер од 21 00 и мислам дека 2-3 епизоди е понапред од А1 ТВ...Во епизодата што беше вечерва Мики и Марта дознаа све од Сузана(она им кажа све), а Крешо и Нина завршија заедно...
^^^ Спојлер А Ена и Марина отидоа на Карибите заедно...Мартин сакаше да ја стави под хипотека таа новата куќа што ја направи за да живее со Ена, за да го поврати бизнисот и после тоа дозна дека Ена ја продала куќата(бидејќи се плашеше Бети да не му ја земе и затоа на Ена и ја препиша, нели?)...Плус Бети запозна еден професор од факултетот на Нина, беа на ручек, па се шетаа...А Мартин ја виде -така му е Марта си отиде од кај Сузана...
Леле ич нејкам крешо и нина заедно А оние па мартин, ена и марина многу ме нервираат...бтв зошто нера го избркала стјепан?
Ич не можам да ги замислам Крешо и Нина , ама ич . Не ми се убав пар Ама Ена како го зафркнала Мартин А он се депилираше за неа , кошулки за млади носеше ..