Марина Мијаковска (8 јули1984, Скопје, Македонија) е македонскапоетеса, есеист и книжевен критичар. Во 2007 година Мијаковска дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Истата година, таа ги посетувала предавањата од областа на родовите студии во истражувачкиот центар за родови студии „Евробалкан“ од Скопје[1]. Во 2008 година ја завршила обуката за административно работење и се стекнала со психолошка-педагошка и методиска доквалификација на Филозофскиот факултет. Во текот на 2009 година работела како административен работник во приватна фирма. Во јуни 2010 година била интервјуер на фокус групи на проектот „Индекс на социјална инклузија на локално ниво“, организиран од институтот „Евробалкан“. Во 2012 година, Мијаковска ја одбранила својата магистарска теза на тема: феминизам и женската сексуалност. Мијаковска пишува поезија, есеи и книжевни критики,[2] а текстовите ги објавувала во „Наше писмо“, „Мираж“, „Репер“ и други списанија. Мијаковска учествувала на „Струшките вечери на поезијата 2010“ во „Ноќ без интерпункција“ - поетски вечери на млади поети. Истата година ја објавила својата прва поетската збирка „Номадска душа“, во издание на „Антолог“.[3] Истата година, за нејзината поезија, Мијаковска добила награда на поетските средби во Корча, Албанија.[4] Во 2013 година била добитник на „Караманова награда 2013“.[5]. Во 2015 година ја добила наградата „Бели мугри“ на Домот на Култура „Кочо Рацин“ од Скопје. Еве што вели Википедија. Сум читала книги од неа, ок пишува, но некако шаблонски, технички, не чувствувам емоција додека ја читам. Дали вие сте читале, дали ви се допаѓа? Инаку поетесата е секога топ средена, како од модна писта е.