Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поезија или Проза?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Bright, 2 март 2010.

  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Проза-и за читање и за пишување ја бирам прозата.
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    На прозата и' давам предност, но понекогаш полесно ми е да се искажам преку парче поезија.
    А уметност е поезијата во облик на проза, во стилот на Тагоре.

    Не секоја поезија е добро сварлива.
    Има некои го тупат, и поим немаат ни самите што сакале да кажат. :^)
    Ама од друга страна, и прозни (лепрозни) :D парчиња има еден куп, без врска.
     
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Преферирам проза иако има исклучителни поети чии дела одземаат здив, јас сепак го сакам наративниот дел на прозата кој се протега по цела страница визуелно и ми е симболика за книга!!! Книга која има свој мирис, големина на букви, година на печатење, специфична изработка, специгичен шум при вртењето страници и сето тоа за мене се поврзува повеќе со прозни дела. Со сета должна почит кон големите поети, но јас сум фан на прозата ама не на лепрозната ќе ја цитирам Трендафилка, :) .
     
  4. WittyLana

    WittyLana Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Читам и проза и поезија, подеднакво ги сакам и уживам кога читам. А, сум се обидела често пати и самата да пишувам и проза и поезија. Во секој случај читањето ме исполнува.
     
  5. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Кога се работи за читање си преферирам проза. Не дека поезијата не ја сакам, напротив-посебно кога јас ќе се распишам :lol: ама ќе си кажам дека освен оние задолжителни дела кои МОРАЛЕ да се прочитаат за друго и не сум имала желба.
    Читањето ми е ок се додека она што го читам е навистина квалитетна литература која изобилува со животни приказни, искуства, поуки и мудрости. Додека поезијата многу ја ценам и мислам дека поетите пишуваат со својата душа и тука е потребна многу повеќе инспирација отколку само фантазија која ќе се претвори во интересна приказна.
     
  6. Mashnichka

    Mashnichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    26
    Проза дефинитивно ми се чини дека немам нерви за поезија :rofl: :rofl:
     
  7. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    4.737
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно проза, ја обожавам, иако има некои дела како Градинарот од Тагоре кои ме оставиле без здив. Сакам да читам,тоа ме исполнува,а и да напишам нешто за своја душа.
     
  8. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Јас ги сакам и двете. И за читање и за пишување...
     
  9. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Прозата ми дава повеќе простор да се искажам кога пишувам.
    А и за читање ми е далеку подобра од поезијата.
     
  10. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Проза. Некако,си има ставено во главата дека поезијата треба да биде кратка ( ова најверојатно од школските стихотворби ми е,шо секако не мора да биде така),али јас не умеам со малку зборови да кажам се. Да,има уметност и талент во тоа да измислиш соодветна рима,но што знам. Прозата е она нешто во кое јас целосно се пронаоѓам. :)
     
  11. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно прозата ми лежи повеќе и за читање и за пишување! Поезија не дека не сакам,напротив уживам кога ќе прочитам нешто што е добро,ама уште од основно школо повеќе сум по прозата! Песни одсекогаш ме мрзело да ги тумачам шо сакал писателот да каже,па метафори симболи и триста чуда..затоа и ме нервира малце..не дека у прозата нема загатки!
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Поезија - за пишување. Проза - за читање :)
    Кога имам инспирација најчесто пишувам песни, некако подобро ми оди со римата, а и во песната можам повеќе да се ослонам на метафората. За читање дефинитивно преферирам проза, и тоа големи романи кои подолго време ќе ме држат во неизвесност и ќе ми го привлекуваат вниманието.
     
  13. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Проза!..повеќе читам а и повеќе ми лежи да ја пишувам. Но, и позијата сакам да ја читам, едноставно уживам додека го правам тоа :D
     
  14. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Дефинитивно проза :D
    Поезија ниту сакам да читам ниту да пишувам. Кога некој сака да пишува за нешто зошто да се тесни, да бара рима, па каков да биде стихот па она па ова, кога може да си пишува слободно, без никакви ограничувања, рими, слогови, стихови, итн итн.
     
  15. b.u.b.i

    b.u.b.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    нешто неможам да направам нова група а сакам да прашам дали некој има писмена работа за делата ,,Страдањата на младиот Вертер’’, ,,Странствувањата на Чајлд Хоралд’’ и ,,Клетници‘‘ ...извинете што пишувам во не соодветна група но итно ми е .. благодарам :)
     
  16. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Проза :)
    Што знам поезијата не ја сфаќам некако :D
     
  17. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    Проза. Едноставно затоа што иако незнам зошто поезијата од никогаш не сум ја сакала :)
     
  18. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Кратко и јасно проза. :)
     
  19. demilovato4ever

    demilovato4ever Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    220
    ПРОЗА!
    И повеќе сакам да читам , поинтересна ми е а и повеќе ми оди во пишувањето! :rofl:
     
  20. ivana-red

    ivana-red Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    мене повеке ме бидува за пишување поезија...исто така и сакам да читам поезија