Последниве недела дена сме сведоци на голем број пожари низ цела Македонија. Меѓу последните во низата пожари е и тој што денес од Нов Истевник (пехчевско) се спушти до селата Умлена и Робово каде што до прееска знам дека неколку трла изгореле и пожарот се шири кон селата..зафатена површина сега за сега над 400 хектари.. Активен пожар има и во стумичкиот регион, м.в Погана.. 800 хектари сега за сега.. И уште неколку помали пожари... Во 2020, според годишниот извештај на Македонски шуми во земјата имало имало 102 пожари. Вкупно била опожарена површина од 1.233 хектари. Oпожарената дрвна маса изнесувала 8.138 м3. Додека пак оваа година само во овие 2 погоре споменати пожари се зафатени веќе 1200+ хектари површина... Дали Македонија има капацитет да се справи со масовни пожари? Знаеме дека од технички аспект немаме капацитет, но дали имаме доволен број на пожарникари? Дали сметате дека треба некој да понесе одговорност за некоординираноста околу гаснењето на пожарите и кој? Дали сметате дека последниве пожари се причинети од човечки фактор? https://telma.com.mk/2021/08/04/голем-пожар-во-пехчево/
Да и затоа потпалувачите на пожарите заслужуваат да ги фати човек и да ги фрли да изгорат во пожарите, па да бидат пример за останатите да не им текне такво нешто да направат
Ако ништо друго, барем добро знаеме да просиме.. Бараа помош од Србија, бараа од Бугарија, уште од Албанија што не побараа, а и од Словенија побараа и од Грција, ќе просат и ќе си ја прикријат неспособноста така, а виновници секако дека има, моја претпоставка е дека некој земал пари за да ги сервисира авионите, испрале пари преку фантом фирми како и за се друго во државава и после нит авиони исправни има нит одговорен а богами ни одговорност.
Од човечки фактор се настанати сигурно. Многу малку фали да настани пожар на оваа жештина и суша. Ама дека сами би настанале мнооогу малку е веројатно. Треба многу големи казни за пироманите, ама и за оние што фрлаат ѓубре и палат депонии. Што гнаси од луѓе ќе беа. Ова докажа и како држава колку сме спретни. Да немаш опрема за ноќно летање, противпожарни возила стари 30 години, алоо?! Наместо државата да бара помош од народот за гаснење на пожарите тука обратно, народот ја моли државата да помогни. Трагикомедија.
Прееска имаше еден.. дали 2 пати фрли вода и снемал нафта сиротиот..фати штрафта.. После рекоа 2 ќе гаселе.. ама никаде не ги видов додека бев таму. Сега се прибрав дома, ама ми рекоа дека 5 прелетале ама ни в од вода не исфрлиле и правец подалеку од таму Е сега..може да се на соседиве па отишле да наполнат вода.. не знам искрено. Битно чадот почнавме и ние во Берово да го осеќаме.. Мизерии..
Мислам дека поголем дел од пожарите настанаа од нестабилноста на електричната мрежа. Не велам дека нема подметнати пожари во некој од регионите, ама истиот проблем го имаме и во нашето населено место. Поради нестабилноста на електричната мрежа имам видено со свои очи, неколку пати да се запали стрниште во моето населено место. Старите дрвени бандери не можат да ги држат жиците стабилни и при силен ветер тие се лулаат и искрат една од друга. Доколку се утврди дека поголем дел од пожарите се настанати поради оваа причина, оној кој треба да се грижи за состојбата на електричната инфраструктура треба да си понесе одговорност и плус да ги обештети оние кои претрпеле штета поради пожарите. Додека кога сме кај пироманите, не верувам дека може да ги спречат. Единствено да пуштаат повеќе патроли на шумската полиција за колку толку да им внесат страв во коски на пироманите.
Капацитет немаме за ништо ние. Видовме во поплавите 2016та, еве сега пак. Повеќето се сеирџии, само стојат од страна и фаќаат сеир. Партијциве "чекаат од горе" инструкции, сами не смеат да писнат. За време на Југославија било ок, оти имало лидер. Ние сме без мозок, мрзи, неодговорни, недоделкани За поплавите се собраа шарените, сами направија кризен штаб, со сателитски слики од теренот, се организираа некако. Ама имаа интерес тогаш. Сега за пожарите, нема кој со прст да мрдне. Не гори од сега пехчевско. Ама Заев кажал локализиран е пожарот и сите ко папагали, да, да, изгаснат е. Ете колку е изгаснат, чекаа да се разгори, па пратија хелихоптери, па сега многу жешко било, чекале да спадне температурата за неколку степени. Да, ќе спадне, ко ќе изгори сè Од јакиот оган искри го шират пожарот се повеќе и повеќе...
Ко што пишав веќе во една тема,ситуацијата е опасна. А,што гледаме наместо решение? Префрлување на топката.Не сум јас,тој е.Не е до тој,до оној е. Божем не можеше да им свика на другите за хеликоптерите и да ги искористи медиумите за да се ангажираат надлежните како што треба. Класика! Село(шума де,ама изрекава е применлива во случајов) гори,а баба се чешла.
Дали Македонија има капацитет да се справи со масовни пожари? -Нашата држава нема капацитет да се справи со ништо. Интересот на политичарите се зголемува и нивните сетила се дразнат, посебно кога некој ќе шепне тендер, провизија, патни трошоци, мито. Знаеме дека од технички аспект немаме капацитет, но дали имаме доволен број на пожарникари? --Не знам колкав број на пожарникари имаме. Но, едно знам, возила сигурно нема доволно, а и она што го има е веќе праисторски изложбен материјал. Дали сметате дека треба некој да понесе одговорност за некоординираноста околу гаснењето на пожарите и кој? -Одговорност треба да поднесе оној што е на власт и оној што некогаш бил на власт. Сите меѓусебно се напаѓаат кој, што, кога, направил/не направил и упорно никој, никогаш и никаде прави нешто. Но, за жал, за разлика од швеѓаните, каде пратеник даде оставка за купено чоколатце на државна сметка, кај нас никој не чувствува вина за ништо, уште помалку да има доблест за нешто. Дали сметате дека последниве пожари се причинети од човечки фактор? -Секако дека се причинети од човечки фактор. Од чиста мира, шума не се пали. Фрлање на стакло, неизгасени цигари, неизгасена скара, нестабилност на електрична мрежа, своеволно палење, итн. Револтот беше веќе искажан во друга тема. Надеж нема за оваа држава, единствено бугарите да дадат пасош на лепе очи. Ништо не функционира...а со оваа и претходната постава, нема ни да функционира.
Неаме. Не сме подрачје на кое се очекувале големи пожари. Умерено континентална клима сме и пожари би требало лесно да се ставаат под контрола. Проблемот е што климата се менува, но ние не држиме чекор со неа. Дефинитивно треба да се спремаме за поголеми катастрофи. Неаме ни доволно обучени лица нормално. Башка, нашите пожарникари се класични пожарникари. Немаме ние шумски противпожарни единици, кои се обучени за пожари во шума. Нашите имаат основна обука, но пристапот на гасење шума им е као класично гасење на било кој оган. Неаме обучени лица за предизвикување контра пожари, гасење со дрвена сеча за да се направи обрач, рововско поткопување на земјиште и така натаму. Пожарите се секако од човечки фактор, барем овие последниве Одговорност нема шо да се презема, коа неаме разработен систем за заштита од катастрофи. Треба да се почне од 0
Која иронија е само.. Пред точно 1 месец добивме донација возила и дронови за справување со шумски пожари .. https://berovo.gov.mk/novata-protiv...-zashtita-na-shumite-vo-maleshevskiot-region/ Имаме иначе обучени за шумски пожари на Пелистер.. пелистерските мечки А пред 2 год имаше во Кавадарци специјализирана обука за гаснење на шумски пожари.. МКФФИС постои на пример повеќе години и кога се воспоставуваше системот имаше јапонска обука за шумски пожари.. Итн итн итн.. Не ни е од вчера оваа проблематика, МК има доста површина под шума, околу 35-40%..
Ви текнува на ова? Петре Шилегов се караше со пожарникарите пред новинари: Ако си одите, ќе примиме други! Шилегов до пожарникарите: „Aко ви е мала платата, најдете си друга работа“ Каква мизерија мајко мила, 18.000 денари имаат плата луѓе со преризчна, преодговорна и претешка работа. 18.000 денари ги плаќа луѓето во кои цела политичка гарнитура се крстеше изминативе денови, па уште како типичен егоцентричен bully им го вика она македонското - ако не ви чини идете, ќе си најдам други. Предупредуваа луѓето колку се ниско платени, молеа, никој не ги ебеше 2%. Сето лудак до лудак е во државава, онака некогаш мислам треба да направиме poll кој е најголема забеготина, дали едниве што цело време бегаат од одговорност, дека е на оваа институција одговорност, на друга, на трета... А пуста одговорност никако да ја добиеме. А и да ја добиеме, џабе е сега. Изгоре пола источна Македонија. За ништо не сме спремни, ниту за поплави, ниту за пожари, ниту за некоја друга природна непогода, спремни сме само да го потиме курот за спротивната политичка партија, за јадење лајна, за фаќање сеир и за дефокусирање од она што навистина е битно, а тоа е дека сме една голема 0. И политичарите и ние обичниов народ што досега ги немаме нив натерано да го осетат гневот кој го имаме. Еве и по 10.000 денари, да да, денари, добро прочитавте ќе им даделе. Илјадници евра за службени возила, илјадници евра за тендери, за пеење албански песни, за фудбалери, за шетање, за индиски ореви, за славење рамковни договори а 10.000 денари за луѓето кои се фрлија во оган за нас. Ја мразам државава, а вечерва уште повеќе се мразам себеси што не се вложувам 1000% да се иселам, туку само дремам тука и си го држам курот во рака. Пишете ако знаете кај треба некаде помош, дали парично или со нешто друго, барем малку да се осетам подобро за себеси, кога после цел ден се осеќам како гомно што единствено нешто што превземам околу сето ова е што пишувам нервозен коментар на фемина, у гз да се ебам. Пу.
Е де бре си купил едно станче некој. Деее какви сте за 50 000 €. Ете, ќе турат сега. И по две недели ќе рипнат цените на горивата нови 3-4 денари Шо сте се наапале толку... Луѓе ми се повраќа каде живееме. Бедно, мизерно... Дното сме ние... Мислев Мозамбик и Јужен Судан се дното ама ние сигурно сме под нив едно десет места. Дупка. Да му се згади животот на човек @KateKane и лубриканти. И за лубриканти имаше пари
@Dust Имаш ли информации каква е моменталната состојба со пожарот во Пехчево, дали има авиони на терен што гаснат?