1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Позајмување книги

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од AnaKarenina, 5 мај 2018.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Темава ја отворам за да продискутираме околу (не)згодите со кои се соочуваме кога ќе позајмиме книга некому :) Особено во последно време почнав да давам доста книги на заем и сфатив дека можеби треба да почнам да запишувам која книга кому сум ја дала, затоа што заборавам, па после ми недостигаат книги на полиците и се чудам каде ми се :D

    Тешко ли ви паѓа да позајмите книга од вашата домашна библиотека?
    Дали некогаш сте позајмиле книга и никогаш не ви била вратена?
    Дали некогаш сте позајмиле книга која потоа ви била вратена оштетена?
    Дали некогаш сте дознале дека вашата позајмена книга завршиле кај некоја сосема трета особа?
    Како реагирате во овие ситуации? Си ги барате книгите назад? Ако ви ги вратиле оштетени, барате да ви надоместат со нови?

    Мене многу често ми се случува да ми побараат книга на заем, особено затоа што кај нас ретко некој да дојде на гости, а да не шара со погледот низ полиците :) Не ми е мака да позајмам, особено затоа што сакам да го ширам добриот збор за некоја книга која ми оставила позитивен впечаток, знам да дадам препораки, да прашам некој што сака да ти чита пред да му понудам нешто. Тешко ми е само да ги позајмувам книгите што сум ги добила на подарок, прво од страв да не ми ги изгубат или никогаш да не ми ги вратат, второ затоа што некои од нив имаат интимни посвети кои не сакам било кој да ги чита.
    Досега не ми вратиле оштетена книга до таа мера да ме извадат од такт, иако нормално е книгата да не биде во истата состојба како кога сум ја позајмила, затоа што сепак, поминала и низ други раце. Ама не се случило да ми вратат книга со дамки од кафе, со извиткани страници, или пак да фалат страници, кориците да бидат поткинати и слично.
    Ама затоа ми се има случено никогаш да не ми вратат книга... А јас сум си таква што прво неколку пати ќе си ја побарам назад, после ќе се откажам. И памтам повеќе да не позајмувам книга на таа особа. Еднаш дури ми изгубија книга - а си ја купив со заштедени пари, многу сакав да ја имам и да си ја чувам. И што е најтрагично - истата личност после ми побара друга книга на заем. И тука веќе морав да ја потсетам дека ми изгуби книга, па така суптилно го спомнав тој момент. Повеќе не ми побара ниту една на заем.

    Е сега некое прашање за дискусија од друга перспектива - Дали барате книги на заем? Кога ќе земете туѓа книга, дали сте доволно внимателни да не ја оштетите и да ја вратите навреме? Дали некогаш ви се случило да изгубите туѓа книга и што правите во такви ситуации?

    Јас ретко земам книги на заем, можеби порано, ама откако го имам киндлот сама си ги наоѓам книгите кои ми ги препорачале. Евентуално позајмувам книги кои не можам никаде да ги најдам во е-форма, ама и тоа ретко се случува. Релативно брзо читам, така што брзо ги враќам назад и досега не ми се случило да оштетам некоја. Дури и со многу поголема внимателност се однесувам кон туѓите книги, отколку кон своите :)
     
    На *Ench@nted*, ivi1987, 1209 и 12 други им се допаѓа ова.
  2. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    50.023
    Пол:
    Женски
    Неколку пати имам дадено книги на заем и тоа на една колешка и таа ми има дадено нејзини книги. Веднаш и ги вратив откако ги прочитав, а и таа исто.
    Но еднаш на една друга колешка и дадов книга, таа ја прочитала и ја дала на друга колешка без да ми каже.
    Значи јас така не сакам да дава книги мои на други без моја дозвола и тоа ме многу нервира, но добро е што книгата не беше оштетена. Подоцна истата личност ми побара друга книга, но јас демек се заборавам да земам и кажував и веќе престана да ми бара книги.
    Сега само на вујко ми му позајмувам книги и зимам бидејќи и тој исто така е љубител на книги и има доста голем број на книги, неколку полни полици. :inlove:
    И секогаш уредно ми ги враќа како и јас на него.
    На друг ниту сум позајмувала ниту давам бидејќи тие што ми се роднини и пријатели не читаат книги.
     
    На *Ench@nted*, ivi1987, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Па, не сакам многу да давам книги, освен ако не е многу блиска другарка или дечко. И однапред им кажувам дека сум многу внимателна со книгите и сакам да изгледаат како нови, па да внимаваат.
    А имам многу книги, купувам често, имам нешто наследено од мајка ми, плус стручна литература, ама ретко ми доаѓаат луѓе на гости за да видат. Скржава сум за книги затоа што сум имала некои катастрофални искуства со позајмување.
     
    На *Ench@nted*, ivi1987, 1209 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.125
    Пол:
    Женски
    Порано давав без да водам сметка кому.

    Откако:
    Една книга не ми ја вратија а јас и изумив кому точно сум ја дала, и
    Друга книга (која мајка ми ја купила уште кога таа била девојка а сепак сочувана како чисто нова) ми ја вратија со страница искината по средина, и уште дотичната особа имаше лице да тврди дека јас така сум и ја дала, пресеков - повеќе не давам.

    Сега давам по одбрани колеги скрипти за факуктет, и би дала само на 1-2 личности книга кога би побарале, но на никој друг не би.
    Можеби звучи стегнато од моја страна, но од мала имам голема љубов кон пишаниот збор и книгите ги чувам како очите в глава, па затоа за мене е голема навреда нешто кое сум го дала во доверба да биде вратено оштетено или уште полошо, воопшто да не биде вратено.
     
    На *Ench@nted*, ivi1987, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  5. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    64.644
    Пол:
    Женски
    Секогаш викам дека нема да давам никогаш повеќе книга, и пак ја правам истата грешка и давам книги. Ми вратиле до сега книги на кои било јадено бурек, некои книги се уште не ми се вратени и ми е криво што воопшто сум ги дала затоа што ми беа прв поклон од дечко ми. Едни книги така имав дадено на една личност и долго време не ми ги враќаше и кога бев кај неа сама си ги зедов и без да ја прашам. Имам и од тие луѓе што ми ги враќаат веднаш и на такви не ми е ни криво да им позајмувам книги.

    Книги од други луѓе ми се случило два - три пати да земам и сум премногу внимателна. Со моите книги исто сум многу внимателна, делуваат како и да не се отворени од толку што ги пазам.
     
    На *Ench@nted*, ivi1987, Someonespecial и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.213
    Допаѓања:
    30.935
    Пол:
    Женски
    Избегнувам, не давам скоро никогаш. Баш порано имав една непријатна ситуација, имав една колекција, секоја за себе книга но сепак комплет од десетина романи. Дојде една братучедка на мајка ми од друг град и ме убеди да и дадам две книги кои не и биле дочитани. И ги дадов и не ми ги врати скоро една година а сто пати ја подсетивме. И кога едвај ги врати оштетени беа, среќа одозгора над дебелите корици имаа и хартиена заштита која подоцна ја одстранив и од останатите книги заради тоа што комплетно ми ги уништила тие две. Стануваше збор за доста скапа колекција и навистина ќе пукнев од мака ако ми ја растуреше. Од тогаш не давам, може евентуално некоја која не ми оставила добар впечаток и која не би ми недостигала воопшто ако не ја добијам назад. Исто така не ни барам, си ги купувам, најчесто кога ќе фатам некои саеми и добро попусти купувам по десетина наеднаш и потоа си имам за подолг период занимација.
     
    На *Ench@nted*, ivi1987, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Книги ретко позајмувам, само на блиски во кои имам доверба и знам дека би ми ги вратиле книгите неуништени, односно дека би ги чувале како и јас самата.

    Досега па и не сум имала некоја непријатна случка, некој да „заборави“ дека зел книга од мене или да ми ја врати искината.
    Ретко земам книги на заем, сите љубители на книги кои ги познавам се модернизираа и читаат електронски изданија. :lol:
    Си препраќаме по цели колекции и си споделуваме книги без проблем.

    Не знам каква личност треба да си за да се правиш на удрено дека си зел нечија книга или дека не си виновен за искината страница или свиткана корица. Некултура и непочит спрема тој што ти дал нешто свое.
     
    На *Ench@nted*, ivi1987, Someonespecial и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.353
    Пол:
    Женски
    Да, позајмувам, но на луѓе што ги враќаат. Сега не ги ограничувам како библиотека да ми ги вратат на тој и тој датум, но сепак сакам да ми ги вратат во пристоен период, да не дојде awkward момент па да си ги барам назад.

    Иначе имам интересна дешавка со веќе бивша другарка, на која и позајмив книга да чита, и да со мерак и ја позајмив, пошто баш за тeматиката правевме муабет долго време. Уште подолго време ја ,,читаше'' книгата, може фатија две години, а пустата имаше околу 200 странички. Неколку пати на шала и спомнав да ми ја врати, и ништо од бизнисот. И така, за еден роденден и ја купив истата книга, од истата издавачка куќа, со истата корица и незавиткана и ја подарив. И пак, she didn't get the message, не ми ја врати. :D

    Ама не престанавме да се дружиме заради тоа, друга беше причината. :)

    А јас позајмувам книги од една комшика, пошто често купува нови. До душа сама ми ги дава да ги читам, и нормално и ги враќам онакви какви што сум ги зела. Е сеа може некад да ме фати мрза да читам и да не и ги вратам брзо, но се трудам да не ги задржам две факинг години!
     
    Последна измена: 6 мај 2018
    На *Ench@nted*, ivi1987, mazikeen и 10 други им се допаѓа ова.
  9. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.550
    Допаѓања:
    59.752
    Немам проблем со позајмување на книги, посебно тие што самата си ги имам купено. Ми се има случено неколку пати да не ми вратат книги, дури и сега ме боли кога ќе се сетам на нив. :nod: Ги имам потсетено неколку пати да ми ги вратат, ама дали навистина забораваат до толку или постои друга причина, не знам, ама на таквите личности не би им дала повторно.

    Кога позајмувам книга се трудам да ја чувам без да извиткам некоја страница по грешка, никако јадење или пијалок до нив, ако ја носам со себе во ташна, внимавам како ја ставам. За враќање, некогаш знам да ја прочитам за ден-два, некогаш и цел месец ми треба, ама им соопштувам на тие што ми позајмиле за да знаат, а ако итно им треба назад, секако дека ќе им ја вратам веднаш, no big deal.

    Има книги кои ги сакам премногу поради содржината, тие таквите ги позајмувам исклучиво на луѓе кои што знам дека сакаат литература и кои што се педантни по природа.

    Ме потсети темава да си ги барам стручните книги по шпански јазик од една пријателка тука, баш сега ќе ѝ пишам. Речиси една година помина како заборава да ми ги врати. (facepalm)
     
    На *Ench@nted*, ivi1987, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Tumblr

    Tumblr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    992
    Пол:
    Женски
    Леле, срце ме боли за книги. Тоа е така, пошто многу книги сум давала, што е најтрагично заборавам на кого која книга сум ја дала, не ми ја вратиле и по одредено време ми текнува на книгата, сфаќам дека ја немам и ептен ми е криво. Со најблиска другарка си даваме меѓусебно книги ама тоа е ретко и веднаш штом прочитаме си ги враќаме, од други не сум ни земала. Како што кажав погоре мене многу на кои сум им дала книги не ми ги вратиле. Многу неодговорно и не само за книги, за било што да се работи. Некој ти позајмил нешто што сакаш да го прочиташ или имаш на некое време, те поштедил од трошок, па биди фер и цени го тоа, услужи се и врати.
     
    На *Ench@nted*, ivi1987, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.587
    Допаѓања:
    34.120
    Сум позајмила, ми позајмиле, сум вратила, ми вратиле. Ако некој се подзаборави, го потсетувм. на ми е срам.

    Ама шо ми се има десено скоро, една бивша цимерка/колешка шо се селеше ми остави два учебници по Германски демек нејзини се али не и требаат, да си учам. И оти живеам у една соба со цимери, се ми е заедно. и некако успеав да истурам зејтин на учебнициве, лом се сторија.
    И се офкам се туфкам дали да ги чувам, дали да ги фрлам, и од кога видов дека се размачкаа цели не можам ни да ги користам, ги фрлив, си реков ќе си купам сега на курс кога ќе се запишам, сеедно.

    Кога ми се јавува да сум и ги вратела, не биле нејзини на заем и ги дале! Не сакал тој да дава пак 20 евра за учебници, логично, а и плус сака да му се врати тоа шо е негово. Мене ми падна криво, и и кажувам шо се деси, и и кажувам како можеш да ми дадеш нешто шо е туѓо, кога она мене ми се сипа како сум фрлала книги?! Тоа не се фрлало...Кога сум ја отерала, кај не се нејзини, кај не ги вратила, па уште и ги дава на други луѓе, ја заболе шо и ги зајмиле, па уште и ја сум и крива па и шо сум ги фрлила, цели со зејтин. Тоа не е мој проблем, нејзин е. Да ги имав, ќе ги вратев.

    Извинете на романов, али се напи*дев , треба да добијам.

    Фмп.
     
    На ivi1987, Someonespecial, macka91 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Како и повеќето што пишале така и јас од минатото имам лошо искуство со враќање книги и ден денес некој ако ми побара прво пробувам да го убедам да му ја пратам во PDF :D
    И да ја немам симнато, набрзина ќе ја симнам и ќе му ја пратам, само да не ми земаат 8-|
    Книга од 100тина страни се чита за недела дена...ете и месец...ете и неколку месеци читај, па дури и пола година, ама 2-3 години да не ми ја враќаш ставрно не бива.

    Па ајде со срам ќе ја потсетиш да ти ја врати, па уште наудрена ќе се прави. (Не бе, не си ми ја дала (facepalm))

    Јас ретко барам да ми дадат. Порано кога немаше е-книги се случуваше од поблиски другарки да земам и во најкраток можен рок им ја враќав. Не можам нешто туѓо да чувам.
    Сега со електронските книги имам поголем избор за читање и нема потреба од позајмување. Нормално поубаво е чувството кога читаш во печатена форма, ама поарно на раат ќе си читам отколку да ми тежи на глава дали ќе ја заборавам или несакајќи ќе уништам некоја страница.

    п.с. Една другарка отворено кажува дека никому не дава и никој не и бара 8-| Јас сум и поблиска и сигурно ќе ми даде, ама пошто има таков став не се осмелувам да и побарам 8-|
     
    На *Ench@nted*, ivi1987, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  13. WarriorMind

    WarriorMind Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    6.767
    Пол:
    Женски
    Само што со запишав на κого сум им дала κниги. Имам неκое чувство деκа имам забоρавено неκоја κнига.

    Не бива ваκа, јесте да има и одговоρни лица ама има и те κаκо неодговоρни.

    За неκој κниги сρце ме боле, неκој ми се поκлон а неκој нагρада од натпρеваρи.
    Сρамежлива сум да си ги побаρам ама па дρугите аκо не ги сρам мене па ич не тρеба да ми биди.
     
    На *Ench@nted*, ivi1987, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Ladu in pink

    Ladu in pink Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2018
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    1.451
    Пол:
    Женски
    Позајмувам книги само на доверливи и блиски луѓе-ретко на други затоа што или ќе ја оштетат или ќе ја загубат а често се случува и да не ја вратат.
     
    На ivi1987 и macka91 им се допаѓа ова.
  15. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    И јас веќе не давам книга никому. Пари на заем ќе дадам, ама книга никогаш. Досега не сум имала позитивно искуство со позајмување книги. Или не ги враќаат воопшто - магично исчезнуваат и книгите и "читачите" со нив, или некако по мнооогу долго време постои шанса да си ја земам книгата и нормално, тој што ми ја враќа не ја ни чепнал. И сфатив дека околу мене се' се нечитачи кои се преправаат дека многу читаат книги.
     
    На *Ench@nted*, ivi1987, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  16. mazikeen

    mazikeen Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    Сум давала книги на заем, и ми ги враќале во истата состојбата. И мене ми се случило да позајмам од некого и секогаш сум гледала што поскоро да ја вратам, неоштетена. Тоа порано, сега дури и воопшто не давам, не ми ни побарале. Со 2-3 најблиски другарки може да си размениме, бидејќи сите се “тресеме“ над книги, па си знаеме дека се во сигурни раце.
    Сум немала некои несакани искуства, да ми оштетат или загубат книга. Еднаш и дадов на една познаничка (во исто основно учевме, таа 1 година постара од мене и понекогаш одевме или се враќавме заедно), и девојката неколку пати ја прашав до каде е, кога ќе ми ја врати и она секогаш се вадеше со истото: леле ја заборавив дома. Секој пат. И еден ден, ни две ни три, кај неа на врата се нацртав. Ни срам, ни перде имав. Девојката ја имаше книгата скоро 3 месеци кај неа, а таа беше првата книга која со мои пари си ја купив од саем. Среќа во добра состојба беше, немаше 'оштетеници'.
     
    На ivi1987, Таа Сум и WarriorMind им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.425
    Пол:
    Женски
    Сум позајмувала и ми позајмувале, но одамна ништо ни сум дала ни сум зела. Се разбира дека внимавам на туѓите книги а покрај тоа, сакам и што поскоро да ги прочитам и вратам, да не ги чувам долго кај себе.
    Се случи еднаш да купам неколку книги истовремено па читајќи ја едната, другата да ми ја побараат а јас уште не сум ја ни отворила. Ја добив назад со неколку страни скинати, првите, со образложение дека не биле страните добро составени. Проверив и навистина беше така, немаше потреба да се лутам, и мене ќе ми се случеше тоа. Ништо лошо во размените, напротив, добро е да се сподели но треба и совесно да се пристапи.
     
    На ivi1987 и Таа Сум им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Јас немам многу книги па така да не позајмувам.
    Често ми се десило да позајмам книга и да ми ја вратат како што сум и ја дала.
    Најчесто јас позајмувам од други и секогаш враќам така како што ми ги дале, ги пазам да не ги извалкам.
     
  19. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Имав лошо искуство со две книги кои ги имав купено. Едната фаворит а другата непрочитана. Ми ги земаа, рекоа дека ќе ми ги вратат во најкраток можен рок, ама и после неколку години сеуште не ги добив назад. Едната си ја купив пак и ја имам на полица, и од тогаш реков дека книга повеќе на никој нема да дадам, едноставно скржава станав :D Си купувам книги од Матица, сакам хартиена форма.
    Инаку, никогаш не сум земала од некој книга, едноставно сакам тоа што го читам да остане за мене, па собирам препораки и купувам.
     
    На *Ench@nted*, КикиМаус и zuto им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Сум давала на заем, греота ми е некој да сака да прочита нешто, а да не му дадам. Ама си водам ред за книгите и немам срам да ги побарам. Онака уз муабет ееејј ја прочита книгата, како ти се допадна? Аааа не си уште? Океј. По некое време пак исто прашање, третиот пат ако не е прочитана ја барам назад, кажувам и некој друг ми ја побарал, па да не седи така за џабе и ми ги враќаат. За оштетена... Не се секирам толку и да е накапана со нешто не ми е толку страшно.
    Сум земала и на заем, тие што не биле мои ги читам први за да ги вратам побрзо. Односно пред киндлот, одамна веќе не сум земала туѓа книга.
     
    На *Ench@nted*, macka91 и КикиМаус им се допаѓа ова.