1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Позајмување книги

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од AnaKarenina, 5 мај 2018.

  1. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    17.687
    Темава ми е болна точка :doh:
    Искрено, ни сама не знам кој е точниот број на книгите кои сум ги "позајмила" а никогаш не ми биле вратени.
    Најмногу ми е криво за еден сет од пет книги кои воедно беа првите книги купени од лично заработени пари ( на 10 годишна возраст). Загубен почеток на градење на личната библиотека :(
    Луѓето со кои контактирам и се дружам знаат каков скептик сум на оваа тема, па така да оние кои не се баш одговорни не се ни осудуваат да ми побараат книга. Што значи и покрај многуте не вратени книги сеуште позајмувам но исклучиво на личности кои пред се знам дека нивните книги ги чуваат како очите во главата, па тоа ми е на некој начин гаранцијата дека ќе се грижат и за моиве и секако дека нема да си ги присвојат.
    Е сега, имајќи предвид дека сум љубител на стари изданија, најчесто првите предводи на македонски јазик ( книги одприлика четири до пет пати постари од мене), нив не ги давам ни да ги погледне некој а не па да ги позајмам :D ги пазам до тој степен што мајка ми не смее прашината од нив да ја избрише. Само јас смеам да ги допирам :!: Нив ги чувам во кутии, далеку од влага и други надворешни влијанија, секако и од допири :tmi:

    Позајмувам и јас, најчесто од една колешка од работа која има огромна домашна библиотеката. Но никогаш не се случило некоја книга да и' ја задржам повеќе од три дена.
    Позајмувам и од библиотека (Браќа Миладиновци), нормално и нив ги пазам, дури и повеќе од моите. Сепак истите треба да продолжат да шетаат, да поминат во најмала рака уште низ мал милион раце. Не треба нашата несмасност некому да му го ускрати задоволство да ги прочита.

    Што се однесува до чувањето книги, како мои така и позајмени, внимавам на нив до тој степен да додека ја читам не ја ни отварам целосно се со цел да не се превитка многу.

    На книгите гледам како на непроценливо богатство кое мора да се негува и претпазливо да се чува од секакви штетници :inlove:
     
    Последна измена: 11 мај 2018
    На Elf, *Ench@nted*, macka91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Машки
    Таман собрав време да пишам, браво за тој/таа што ја отворил темата. Позајмив (пред неколку години (веќе апсолвент бев) книга на една колешка и ајде првата не ми ја врати неколку месеци (презапишан предмет имала), 8, 9 месеци ако беше од полагање на презапишаниот предмет ќе го положеше- ќе ми ја вратеше, арно ама не да ја врати уште една ми побара. Ај, шо побара нова и велам дај ако веќе не ти треба (таа и таа книга), е ми вели „в студентски ми остана, ај оваа ти реков да ми ја донесиш ти сигурно ја имаш донесено (ти не забораваш ми вика сигурно ја носиш), и ајде и ја дадов и втората. Е сега, срам-не срам мене по неколку месеци (3,4) на крајот на академската и пишам демек да ми ги врати и ми вели „ама јас не сум мк моментално, ова-она“... Врвот беше кога сакаше да позајми третиот пат книги за цел семестар (4,5 книги), притоа не споменувајќи ништо за останатите две.
    Инаку, друг случај (временски покасно од првиов неполна година) беше кога комшивка од местото каде учев (гледам сабајле некаде кун 09h, 10h ме додава на фб комшивка од местото каде студирав), постара неколку години од мене. Ај, си велам ќе ја прифатам, можда сега и текна дека бевме комшии па и текнало да ме додај на фб. По половина час од кога ја прифатив ми пиши („здраво II знам дека ти беше на тој и тој факултет за брат ми ми требаат неколку книги за прва година). А, јас замислете дури и да ги имав книгите за да и ги пуштам требаше 100 денари, 150 можеби е сега пратка по автобус. А, зошто??? :| Јас 2000-2500 ден.трошев за купување книги за еден семестар, (и тоа некои од тие книги професорите што ги продаваа како свои ги продаваа по 700 денари најмалку), за некој дури и по студиите да ме изложува на трошоци (ем да плаќам по автобусите пари за праќање на пратка, ем да останам без книги :(). Што би рекле во моето место:„Аирлија, кај го има то“.8)
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.