1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Позајмување пари

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од wolf4e, 23 јули 2010.

  1. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Kолку сакате да позајмувате пари на други љуге,познати или непознати?јас би позајмувала само на блиски и одговорни личности,а посебно сум инспирирана од една другарка која без срам ми побараа 2000денари за да си стави вештачки нокти,а ја знам дека никогаш пред тоа не ми вратила ни 100,или 300денари!дали би сакале да му дадете пари ако се работи за блиска другарка,или блиска роднина а знаете дека нема да ви ги врати?јас на другаркава ја одбив затоа што пред тоа ништо не ми вратила,и откако ја одбив се одалечи од мене :x дали вие позајмувате на другарки,роднини и сл?
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    97
    На секој понекогаш му се случува да нема па да позајми но за нешто навистина потребно.Јас не позајмувам од другите може само да речам ако треба да одиме некаде ако не стигнам на време да дадат пари за мене и веднаш им ги враќам.А инаку позајмувам само на особи на кои вреди да им позајмам а тоа се многу малку. Не сакам да давам на некој кој воопшто не заслужува. :)
     
  3. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Јас за мене имам пак да позајмувам :lol: Позајмувам само кога на некого стварно му требаат односно кога сум заедно со таа личност и кога гледам дека во моментот и требаат. Инаку-не. Ретко
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.480
    Волфче, правилно си постапила со другарката.Навистина можеби и ако пресметаш до сега само колку ти должи можеби и ќе стигнеш до сумата која ти ја побарала.А факт е дека се додека имала корист од тебе ти била блиска, после тоа кога си ја одбила се одалечила.Не се секирај воопшто, такви не и требаат во животот.Јас позајмувам само на оние на кои навистина им требаат парите и не многу големи суми.Меѓутоа сепак само на сигурни луѓе им давам позајмица.

    Сепак од целава тема, најмногу ми се допадна твоето мото односно твојот потпис,ЛУЃЕТО НАВИСТИНА ГИ МРАЗАТ ОНИЕ ПОРАДИ КОИ СЕ ЧУСТВУВААТ ИНФЕРИОРНИ...НАВИСТИНА Е ТАКА
    СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА ПОТПИСОТ
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Па со самото тоа што сум студентка во друг град, ми се случило и да ми позајмат и да позајмам. Ми притребале некои пари во моментот, а од дома не можат веднаш да ми пратат... што ќе направиш ако не позејмиш? Ама само ако знам дека во рок од 1-2 дена ќе ги вратам. Поинаку никако... Го мразам чувството на должност кон некого.
    Позајмувам на луѓе од доверба и ако навистина им се потребни... А како твојот случај, за нокти и други луксузи НИКОГАШ.
    Божем ќе пропадни светот ако таа не си стави нокти...
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.749
    Допаѓања:
    32.116
    Пол:
    Женски
    Ми се има случено да позајмам пари на другарки (не се работело за голема сума) и ми ги враќале.
     
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Позајмувам онолку колку што имам,неможам да позајмам нешто што немам,не ми се битни парите воопшто,нити гледам за пари,доколку му дадам некому на кого му се потребни пари,давам,но не барам да ми ги врати,таква сум во карактер да многу лесно и брзо се откажувам од парите,без разлика колку се,немам пасија кон парите,сметам дека парите не се за чување,не се средство кое можеш постојано да ги имаш.
     
  8. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Сум позјамувала пари, на другарки, роднини, и секогаш ми враќале. А да имам позајмено и на непозната личност, од моето училиште, не дека ми е непозната туку не контактирам со неа, и никогаш не ги добив назад, но добро не е којзнае што сто денари. И јас имам позајмено ситни пари од блиски другарки кога ми биле потребни, но секогаш сум враќала, макар и да е денарче, што обично не сакаат ни да ги земат назад, а јас им ставам некаде, затоа што не ми е чиста ни душата, ни совеста додека не се оддолжам.
     
  9. Pain

    Pain Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    45
    Да, би му позајмила пари но доколку тој/таа шо ќе му позајмам е човек од збор односно ќе ми ги врати парите како што рекол...а имав и еден ваков случај, значи не многу добра другарка и требаа 200 денари ок и дадов, и си реков дека ќе и текни дека треба да ми ги врати ама ич абер немаше за тоа и пошо јас наивна не и ги побарав парите, а истата таа бевме во продавница заедно и јас не ги носев со мене паарите и купив нешто и таа плати во износ од 30 денари и кога се вративме на училиште ми рече ти ми имаш за враќање 30 денари а моите 200 денари ги заборај дека се кај нејзе ... нема врска не се лутам ама памет за др пат, на секој не се позајмува пари, само на тие што ти се сигурни дека ќе ти ги вратат... ;)
     
  10. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Имам појзамено 2-3 пати, кога изгубив пари, па другарка ми ми позајми, а јас утредента и ги имам вратено. Инаку дека често штедам, моите ако ми побараат доколку немаат ситно или им треба итно-им давам секако, и без да им кажам да ми ги вратат, ми враќаат иако и тоа не е потребно, сепак тоа се нивни пари на некој начин. А имам позајмено и на другарки, само на тие што ми имаат позајмено и мене и на оние кои знам дека ќе ми вратат-ако не одма, тогаш за 1-2 дена-да!
     
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    позајмувам,не ми е ни толку битно дали ќе ми вратат,штом ги позајмам веќе не сметам на нив,ако ги врати супер,ако не здравје.
    а имам другарка,многу сме блиски и веќе подолго време буквално цело време си позајмуваме не гледаме која како.на пример,она ќе има некоја сума пари,ќе ми купи нешто,после мене ми е ред.не си водиме ич сметка.
    како и да е,во една сум се уверила-колку повеќе даваш,повеќе и ти се враќа
     
  12. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Позајмувам пари само во итни случаи кога морам.Давам пари на заем на најблиските кога ми имаат побарано,но има ситуации кога и сама понудам помош,кога се работи за блиска личност која ја знам и на која и е незгодно да ми побара пари.Инаку не давам пари на заем на личности кои претходно ми имаат барано пари и ми ги немат вратено.
     
  13. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    па му позајмувам на некој ко ке му требат ... ама ситни пари обично ми барат и не за глупости кич и сл. мислам на некој да му позајмам 2000 ден за нокти веројатно нема ... мислам дека и глупо е на некој да му побарш пари за да си купи нокти .. па ако не стави нема да умри или нешто слично :^)
     
  14. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    И позајмувам пари и сум позајмувала. Зошто да не и излезам во пресрет на другарка ми ако во моментот и требаат пари а јас имам. Тоа не ми е проблем, поготово ако ги врати во скоро време како што ветила. Имам една безобразна што ми должеше 500 денари, па го оддолжуваше враќањето а не се срамеше да се пофали со новите сандали. Демек имала да се поднови а моите пари!? Ете вчера си ги зедов конечно ( и отидов дома со изговор дека ми требаат итно) и си реков крај више, на неа нема давање ни денар. Тоа е веќе правење будала.
     
  15. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    124
    1 имам јас земено пари на заем се работеше за поголема сума на пари и додека не ја вратив седев ко на трње,имам позајмувано мн пати пари на другарки некои ми имале враќано а некои не од тие пари више сум се простила,повеќе ценам кога некој ќе ми каже те молам дади ми пари неам и не знам кога ќе ти ги вратам,одколку да ми побара на заем и никад да не ми ги врати,мене не ми е до парите а биле а не биле,нема ни да се збогатам а ни да сер осиромашам за 200-300 ден,мене ми е за начинот на кои бараат пари.
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Ниту давам, ниту барам. Ако ми е до толку нож до коска дојдено ќе им побарам на моите. Барем знам нема да шлапаат по луѓето како што знаат другарките.
     
  17. AngelGirl

    AngelGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    78
    Многу ретко позајмувам пари само во некои вонредни случаеви, кога навистина ми требаат пари пр. на излегување ги имам заборавено парите а исто и ги вракам најбзо што можам, несакам на никој должник да му бидам , никогаш немам позајмено повеке бидејки секако родителите се секогаш тука за да ми дадат.Инаку си имам една другарка на која речиси секој ден и позајмував по 30, 50,100, 200 ден секој ден и давав и чувствував како мајка да сум и :D но покрај тоа никогаш ми нема вратено ни денар, последен пат и позајмив 500 и она гајле си нема ниту пак да спомне да ми ги врати за тоа повеке немам пари за неа.Инаку не би излела во пресрет на човек кој што навистина му требаат пари и знам дека ке ми ги врати , имам позајмувано поголеми суми но исто и тие пари секогаш на време ми се биле вратени.
     
  18. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Сум давала и не ми враќале - Веќе не , фала . Никогаш не барам освен ако не е густо , и обавезно секогаш враќам .
     
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Позајмувам, да, ама само на сигурни луѓе.
    Познавам една на која НИКОГАШ не би и позајмила.
     
  20. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Позајмувам пари само со другарка ми, најдобрата, јас од неа, таа од мене, кога сме биле кусок, или едната заборавила и слично. Ама со неа си имаме ред, се знае, ќе и вратам , ќе ми врати, и да е за нешто ситно не ни барам да ми врати. Ама со други не, сум била опљачкана неколку пати „дај ми 60 денари, немам вечер за кафе“ и јас на, еве, враќање никогаш, заборавила. Јас немам пари за расфрлање. И плус се знае дека се позајмува во итни или поспецифични ситуации, а не за глупости. Ама како велат старите, кога ќе му дадеш пари на некој на заем, отпиши ги од својот џеб. Нема да ги видиш. :!: