Ако си позајмиш пари - ич не рачунај повеќе на нив. Последно едвај си прибрав 950 денари, додуша беа повеќе али ајде. На денешново никако не си на чисто. Разбирам тешка ситуација, да излезиш човек ама некој мајтап да си игра кога станува збор за враќање не е убаво. Сум имала ситуации каде што ми паѓало многу жал за некои, ете до ден денес не ми се вратени. А најверојатно коа земаат пари на заем сите се со тоа: "абе ајде до нив ли му/ѝ е дојдено ". И долг е денот, никој ништо не знае шо ќе се случи.
Дали му ги даде пак во 18.00? Можеби позајмил за као демек ти ги враќа, па пак ти позајмува, за да добие на време, да се важи од новиот датум.
Само во најтесното семејство со кое се живее заедно. Тоа и не мора враќање, сите сме заедно во ист кош. А надвор од дома, не. Би дала со плаќање колку за пијалок или оброк без обврска за враќање или реванш, кеш не, се расипуваат односите.
Никогаш не сум позајмила големи суми на пари. Сум позајмила на блиски другарки 100 200 денари во случај кога ги заборавиле дома парите и секогаш ми биле вратени. Сметам дека на денешницава пари на секого не се позајмува.
Баш за ова читав прочитав една реченица - Ако сакаш да изгубиш пријател, позајми му пари. Има и вистина во ова. Не се позајмуваат пари. И близок може да те зафркне. Ме нервираат оние кои земаат пари на заем и после тоа се прават мутави и не ги враќаат парите. Те гледа скоро секој ден и се прави како ништо да не било.
Еден "другар" на дм му побара 500 евра да си купел кола. Уште толку му фалеле. За жал некои луѓе немаат ниту срам ниту осет.
Разбирам да ти требаат пари. Ама за нешто сериозно. Си заглавил со кредити, кирија, сметки. Немаш за јадење. Ама со кој образ бараат пари за да шетаат по одмори?
Сум позајмувала и ми се позајмувале кога станува збор за помала сума на пари. До сега со секој сум имала чиста сметка, ниту јас сум останала должна, ниту тие.
Имам позајмено и ми имаат позајмено од така ниски суми до некои поголеми и секогаш сум вратила и ми вратиле Зошто срам ако дечко ти и тој се добри другари и дечкоти во моментот има а е сигурен дека другаров потоа ќе му ги врати ако оставил лице што се вели, подобро да се потпреш на другар/ка него на овие таканаречени финаски( лихварски) друштва кои земаат бог ти знае какви камати.
Јас убаво прочитав што си пишала но сакав да дадам како едена рекапитулација на твојот коментар и на тие после него бидејќи имаше коментари дека побарал за кола не требало, зошто луѓето се позајмувале за одмор и тн.
Убаво прочитав видов дека е во наводници но мојот коментар беше како рекапитулација на твојот и постот под тебе, тоа беше како дадено само како пример.
Позајмувам, ама не на секој. За да позајмам на некој зависи од личноста. Не ми е за парите колку што ми е до поквареноста на човекот. Последно позајмив на лице со кое јас не сум блиска, ама моја блиска личност е, а и знам каква душа е, од деца се знаеме, и во каква ситуација се наоѓа. И да не ми ги врати, знам дека не е во можност, а знам дека очајно му требаат. Помагам таму каде што можам ама само на некој што заслужува. На пример имам братучед прв со солидни примања со жена му, да може ќе те соголи. Зема и скоро никогаш не враќа, а дел од парите и на коцка му одат, епа извини ама за вакви со прст не мрдам и брат да ми е.
Јас и позајмив на една "другарка" пари оти и требале и уште не ми ги вратила. Рокот за враќање помина пред месец дена.
Најлошо е што после треба сам да си ги бараш своите пари назад. Јас не позајмувам, но мм е толку мек па дели. Еве со еден 6 месеци се брка да му ги врати.И му реков остај,памет за др пат.. За 500,1000ка ај ок, ама за поголема сума богами криво ми е. Верувајте, незгодно му е веќе кога ќе му пишат. Знае унапред. Кај што не враќаат пак бараат Подобро биди лош пола саат,туку после за свое да бараш да ти се се врати...
Ако се смета позајмување кога немаш извадено од банкомат или сменето пари, тогаш и сум позајмувала и ми позајмувале. Поголеми суми нема шанси да позајмам, не верувам толку многу на луѓе.