Ме интересира колку често се случува луѓе надвор од тесниот круг од вашето оформено семејство (сопруг, сопруга, деца,) да ви бараат/ да ви даваат пари (доколку сте побарале) Дали ова ги нарушува, изменува вашите релации...имам неколку примери од околината каде ова функционира сосема ок (под услов да се враќа позајменото) а имам и примери каде иако се вратиле парите оставило трага во односот меѓу луѓево.
За тие во најтесниот круг на семејството оправдувам тотално, сепак те израснале и се поддржувате меѓу себе, ама за тие надвор од тоа ниту давам ниту им позајмувам. Глупаво ми е, едноставно, и знам дека тие пари никад нема ми ги дадат назад.
Многу зависи колку ти се блиски. Мајка, татко, брат, сестра оправдано. Ама да давам на некоја трета тетка што 3 пати во живот не сум ја видела, не давам. А ниту барам. Освен се разбира ако се работи за пари за лекување, тогаш е друг муабет.
Нас не нѝ барале, ама ако побараат најтесна фамилија, ќе дадеме нормално.Со братучедите нивни, моиве не се толку блиски, а и сите се добростоечи, не би барале освен ако не се енормни цифри.А и сите имаат брат/сестра
Ни барале од секогаш, мислам на мојте родители. Ете мојте дека така имаат повеќе и цела фамилија од тетки, братучеди, и поблиски роднини други што се вика сме ги "носеле на грб" во било која ситиација, дури не било еднаш позајмувано, милиони пати, некој враќале, некој еве со години сеуште немаат вратено. Порано се расправав со татко ми за ова затоа што он беше многу добар и на секого сакаше да помогне, и за арно и за лошо, а другите го гледаа како банка во секое време. Од кога почина татко ми, наши блиски роднини ни побараа огромна сума пари, имавме да дадеме, ама јас тогаш пресеков и на мајка ми и реков да не даваме, ајде што беа премногу пари, а знаев и дека немаше шанси да ги вратат, од тогаш целиот однос го сменија, по ладно се однесуваа, и еве дојде ден и да не живееме сега затоа што сме ги одбиле. Ама такви роднини што само не гледале како пари не ни ми требаат, бидејќи одма го заборавија тоа додека беше татко ми сто пати што ги позајмуваше. Мислам да не бидам погрешно сфатена, се е добро да го помогнеш човек кога има потреба, ама повеќето се "научија" и нон стоп си бараа, ајде тие што враќаа така и така, ама има некој и 10+ години се поминати уште немаат вратено, а не се работи за 1000 денари пример, туку за големи суми на пари.
Блиски роднини, како мајка, татко, брат или сестра е ок.На подалечни, секако дека може,но зависи од сумата.Но , и еднаш, двапати.Не да е секојдневие.
Лично, да ми се деси тоа мене, би ги седнала на добар разговор. Некои работи се неприфатливи, особено кога некој што е наводно близок вака се однесува. 10 денари кога сум позајмила за кафемат од другарка едвај чекам следниот ден да ги вратам, не па големи суми. Ова е само користење на добрината.
Сум позајмувала - не ми вратиле. Станува збор за поголема сума. Сум се нервирала, сум сфатила дека нема да ги добијам. Денес не позајмувам (исклучок е само една личност).
Има една изрека: Позајмувај онолку колку што си спремен да изгубиш. Јас пари давам само на блиски, мада реткост е некој да ми побара. На други луѓе можам да дадам само ако е нешто ситно и нема да осетам ако не ми ги вратат. Од друга страна, маж ми не знае да каже не, а после му е срам да ги побара назад. Имавме долг список на должници, вкупно неколку илјади евра. Успеавме да си ги земеме само од една особа, другите ништо. Го фрлив списокот и продолжив со животот, полесно ми е сега отколку да ги гледам напишани на лист. Сега му останаа уште тројца другари, другите никогаш повеќе не не побараа. Фала им.
Татко ми многу и помагаше финансиски на една моја братучедка кога ја испратија во странство за да има подобра иднина. Он никогаш не и ги побара парите назад да и ги врати. Ама барем еднаш да се јавеше да праша како сум од кога западнав во кризава, ни тоа. После јас очекувам од непознати разбирање да имаат за мене… Сега има убав живот и гајле и е за сите.. Тоа е..
Против. Освен ако е за здравје. Затоа што има случаи кога не ги враќаат па ќе треба да растураш фамилија и да се караш. Подобро да се каже немам.
За најблиски да.Ако е за здравје би позајмила дури и на оние за кои знам дека нема да ги вратат. Понекогаш односите се нарушуваат, ама тоа е.
Што да правам не сум ги дала јас, татко ми беше таков ќе даде со еден збор некој што побарал, а после ако не враќаат него му беше срам да си ги побара, сега и мајка ми е иста, кога и да ја отворам таа тема секогаш е добро ќе ги побарам и на тоа останува зошто и она се срами...
Не давам, и да имам не давам, затоа што сум таков човек, скржав, а и постои можност да не ми вратат, и после ќе ги барам јас и ќе им досаѓам за мој пари, затоа што знам пример од блиска околина, каде што за позајмица на чичко ми не сакаа да му вратат пари на син му, му требале на некој пријател за операција и чичко ми дал така поголема сума на пари, умира болниот, умира позајмувачот, доаѓа ред син му на давателот на пари(чичко ми) да ги бара парите од синот(на болниот) и овој му рече не ти ги враќам, што сакаш прави, не ми можеш ништо, а чичко ми му дал и само во тефтер си запишал колку му должи и сега ништо.. А не се малку пари, ама ете неќе да ги врати иако заедно со татко му дошле да ги бараат, е затоа не давам ни за лечење ни за ништо..
Искуство во моја фамилија е дека враќале. Па од таму зајмуваме. И не зајмиле во денојте шо ни беа потешки дур растев. Ама општо има ептен близина во пошироко семејство и вервам то влијае многу. Чести гледања, па и не можиш баш да избегниш. Ако некој се докажи како недоверлив - обично не се зајмува. И така. Ако некој враќа, немам проблем да зајмувам. Кога треба да барам заем се осеќам нелагодно и го чувам како последна опција.
И јас сум каскатија скржав, јас корона не давав не пак пари Зошто? Зошто луѓето се гној, подобро ќе купам храна куче ќе нахранам ќе ме сака дури е живо, а човек не!!
И да имате да не му давате.Освен ако не се работи за потесно семејство. 100/100 пати ми била злоупотребена добрината.