И сум земала и сум давала ама јас не можев да спијам додека не вратам. А мене ми биле ,,заборавани" ама па од друга страна никогаш не сум дала повеќе отколку што можам да изгубам а да не сетам. На една роднина буквално и и ги ,,простив" зошто ми помагаше на сосем друг начин она па... Кога се работело за здравје и сама сум се нудела да позајмам и тоа до кога ќе имаат не прифатиле ама сепак сметам дека убаво е да знаеш дека има кој да ти се најде. Не се знае што носи животот може утре мене ќе ми треба.
Не сум била во ситуација да побарам и се надевам дека нема да бидам. Сум позајмувала на блиски другарки, но една од нив никогаш не ми ги врати, сега не сме ни во контакт. Сметам дека е оправдано да се позајми доколку станува збор за здравствени или егзистенцијални причини. Во мојот случај позајмував за да прошетаат, јас не би побарала од некого пари за такво нешто.
Досега немам позјамувано, но имам давано и веќе не давам. Пример ми бараат 50-100 евра, а ги враќаат на 2-3 пати. Разбирам некој да нема наеднаш, ама нависитна да нема. Па коментари демек на зафрканција дека сум и банка без камата. А истите во меѓувреме гледаш си купуваат патики, одат на шопинг, си полнат фрижидер со се и свашта итн. Мене ме оставаат на крај и гледаат да развлечат и да не осетат кога ги враќаат парите. Така да веќе на никој никогаш не позјамувам пари, а ни барам. Ако немам не купувам.
Не барам пари и не позајмувам. Кога луѓе имаат тешкотии за книги да ти вратат, можам да замислам како би било со пари.
Сум земала и сум враќала дури најбрзо што можам за да имам лице пак да побарам, а имам позајмувано и не им текнувало да вратат дури ми било срам да ги побарам
Не сум позајмувала,но сум давала.Има луѓе кои ги немаат вратено,и ми барале,но тогаш не сум им давала.
Досега фала богу не требало да позајмувам но многу често ни бараат на заем. Врв беше кога скоро КОМШИКА ни побара пари за свадба ????? за синот па ќе ни вратела за 5-6месеци. И тоа не мала сума Ни не отидовме на свадба па и ни се налути, јавно рече вакви комшии не и требале Вака неколку души ни должат, ќутат они ќутиме и ние и така.. срам да ти било свое назад да побараш..
Никогаш не сум позајмувала пари ,а за некој ако бара за позајмување освен ако ми е некој близок не давам.
Акп веќе позајмувам пари на некого, давам сума која што можам да ја преболам (максимум 50 евра). Повеќе не. Е сеа за фамилија е друга приказна, имам доверба во нив. Лани на шурата му позајмив 3000 евра и човекот ми ги врати фино поштено за 2 месеци.
Pari ne sum barala pa da recam nikogas za luksuz mada i za potreba .. a mi barale i baraat nonstop tip sum sto nemozam da gi odbijam e posle maka dodeka gi zemam nazad za svoi pari treba da molis a ne e za mala suma..
Како се справувате со членови на семејството кои константно ви бараат пари, и тоа не на заем? Притоа индиректно нафрлајќи ви вина дека сте им дете, и сте должни да им помогнете, а од друга страна се троши на другото дете и повеќе од потребно? Разговарано е еднаш дека и ние сме во ситуација во која немаме за расфрлање, но не допира тоа до нив, и нарачките упорно продолжуваат?
Ќе кажиш како ти е ситуација директно, ако и понатаму се исто едноставно подалеку од нив и не им даваш и чао пријатно. Како што дете не е убаво така со родител да бара често, и родител не е убаво да го прави тоа.
Јас и сопругот позајмивме на познаници 200 евра, не измавтаа итно ни требаат, детето ни е болно, блокирана ни е картичкта, поради неплатен данок, дрн, дрн, дрн....и мубетот беше за една недела да ги вратат,.....поминаа 2 месеца. Пишав еднаш на жената, аха ќе проверам со маж ми, ќе ти кажам и ништо....мене не ми е срам и јас ќе ги барам, ама нешто ми кажува дека ќе биде тешко. Инаку луѓето се фини, образовани, ама на малце платени работни места, под кирија се и мн ми е жал за дечињата. Од друга страна се нервирам што ме избегнува, не ми пишува, ме прави будала...а најмногу се нервирам што воопшто им дадов.
На мене ми изгледа дека нема во скоро време да ги добиеш. Да си ги бараш. Во денешно време ретко кој има пари одвишок. Они се вадат со децата. Играат на карта сожалување.