Ако е така како што викаат дека цела картичка негова е блокирана, дека му стига плата ама не може да извади, наводно за неплатен данок кој пред да им позајмиме пари го платил, ама картичката уште им е блокирана (не верувам дека е тоа), како преживуваат со 22К од платата на жената не знам и кирија, сметки, храна, две деца. Мене ми иде памет на брзи кредити, коцка, лихва, не знам.....
Јас не би им ги простила парите. Причекај уште месец два и инсистирај да ти ги вратат. Ич да не ти е гајле. И на тебе ти требаат. Едно е да им ги дадеш како поклон, а друго е кога се работи за позајмица. Ако евентуално земаат брзи кредити, можат да земат за да ти ги вратат парите.
Памет за друг пат. Ни 20 денари не барам, нит па да ми бараат. Да донирам, да, за болни, за операции, ама да позајмам некому не. Да знам дека должам некому пари, навечер нема да можам мирно да спијам. Свака им част на овие што имаат образ да земат, ама немаат образ да вратат пари.
Ова е недомаќинско, неодговорно планирање на пари, не се замараат едноставно ми се чини.... зошто земаш ако нема да можеш да вратиш. Не се малку пари и ќе барам да ми каже рок кога би ми вратиле. Не се откажувам и ќе инсистирам, нека се позајмат од друг мене да ми вратат.
Кажи им дека ти требаат. Дека имаш здравствени проблеми. Баш ме интересира што ќе ти речат. Претпоставувам дека пак ќе најдат некој изговор. Ако треба, посрамоти ги. Е дури тогаш ќе ти ги вратат парите. И после тоа откачи ги. Такви не ти требаат.
Пари не давам на никој, макар и за живот или смрт да се работи. Скоро дадов на една личност, и реков не треба да ми ги врати, беше благодарна, се ок. После некое време и пишав, да видам шо праи, да си напраиме муабет, ми вика нема време. Ок, може стварно немаше време. И секој следен пат шо и пишав, пак истото. Епа јас не губам ништо, вие губите пошо имавте многу добар пријател покрај вас ама го изгубивте.
Татко ми имаше позајмено пари на пријателка. Едвај си ги зема парите. Знаеш како? И отиде дома. И тоа, ненајавен. И тогаш барала изговори. Ама откако и рекол дека ќе и направи скандал на работа, да видиш после некој ден како му ги врати. Значи, можело.
Не постои збор "позајмување" кај мене. Нити барам, нити "позајмувам" . Ако имам да дадам без да чекам да ми ги вратат (значи ситни суми) ок, ако не ич не се замарам сечам од корен.
Особено ако финансиски имаат проблем - €200 нема лесно и брзо да ви ги вратат. Јас би договорила да враќаат одредена сума месечно било то по €30-50. Важно да си добиете тоа што е ваше чак и на рати него воопшто да не добиете со месеци.
Така мислев да им предложам, и ќе има кажам отворено " мислам дека голема сума нема да вратите одма, ајде банка без камата". Многу ми е поразително луѓето да трошат на пороци (мажот пуши цигари), ама за брис на грло на дете 300 ден.немаат. не сакав воопшто да дадам имајќи малку информации за нивна финансиска ситуација, ама кога го видов детето и кога слушнав како буфта, кашла од плуќа...можев само да им дадам многу помалку ама coulda, woulda, shoulda!!!
Имаше една изрека, уствари две. Така викаа " дај му на човек пари и ќе го видиш каков е" И "Ако сакаш некој да се откачи од твојот живот, само позајми му пари и никогаш повеќе нема да го видиш".
Позајмување бе, ако давам некому пари не рачунам да ми ги врати. Пошто ретко кој враќа. Но ако веќе позајмувам би имал во обзир ако некој навистина има проблем да ги врати, барем дел по дел да ги враќа.
Е на такви пари не им се даваат. Убаво ти пиша членката погоре. Нека враќаат на рати. Најинтересни ми се оние - Аууу.. Ти дојде до моите пари? Не сестро златна. Тоа се мои пари. Ме иритираат луѓе кои се прават будали.
Јас се зезнав вака ко ова погоре што пишале. Прво ми беа побарани 50 евра со објаснување дека и требаат за лекување на детето и ќе ми ги врати за неколку дена да извадел татко и од картица. И нормално дете е во прашање се согласив. За наместо тие два три дена да ми ги врати она ми бара уште 9000 требало испитувања да се прават. И глупача јас земав дадов затоа што знаев дека здравствената состојба на детето беше стварно лоша тој период. Ама условот беше да ги врати за две недели- според неа кажано. Помина месец дена и од страна као абе имам собрано 2000 илјади ама ми треба да и купам на ќерка ми јакна ќе може ли да ме почекаш. И реков ајде реши го тоа а мене ќе ми вратиш цела сума. После тоа ми напоменува као да ти дадам сеа 2000 па после уште 2000- знаев дека така ќе ме влече со месеци и и кажав не, значи ми треба цела сума, во план сум да купам нешто значи ми требаат рачунам на тие 12000. Ии као океј ќе ти ги донесам. Значи после два месеци она ми носи не 12000 како што сме се договориле цела сума туку 11000 со изговор дрка таа 1000ка и треба да ги изгура празниците (нова година и Божиќ ) Ама ако толку ми требале ќе ми ги дала. Пази сеа ме става во ситуација демек заради мене нема да може празник да истера као да празници се тераат со 1000ка. И од тогаш е поминато уште два месеци. За тие два месеца ниеднаш не спомна ништо. Таков инат ме фати и ја седнав и и реков таа 1000ката што ми е кај тебе коа ќе можеш да ми ја вратиш ми требаат пари месецов имав трошоци. И почна да, да мислев сеа баш, не сум заборавила, гледав коа ќе може да ми даде татко ми па не знам што и као ајде од понеделник. Многу ме занима дали стварно ќе ми ги врати. Од сеа што сака нека е во прашање не позајмувам на никој што не ми е близок. Не дете, што сака нека е во прашање. Абе преку глава ми дојде за мои пари да чекам 4 месеци, и да се правдам за што ми требаат МОИ пари. А некој со семејство и деца да е толку несериозен и да нема осет. Притоа за тие 4 месеци се идеше по свадби кај небитни колеги, по прослави за нова година, па купување фустани и поклони а грам срам да се немало дека на тој до тебе што седи му дожиш. Ќе дадам на брат, на родител и толку. Другите нека се шишаат.
Ова како си пишала како истите луѓе да не возеле....мене ми ги врати ликот, после 5 месеца а требаше да биде една недела...нејсе тоа, туку на давање ми вика "ете изброј ги" и толку, ни фала за услуга, ни извини што чекаше за твои пари.......памет за друг пат!
Кој е менталниот склоп на овие луѓе? Има и на работа кај мене еден што се жалат од него. Мислам дека нема да ти ги врати денес парите...ајде баш пиши
Секако дека не ми ги даде Не ми ни спомна. Катастрофа од жена. Најтрагично е што и кажав дека ми требаат, имав трошоци месецов и као да, да, понеделник. Ама добро не прецизираше дека мисли на овој понеделник. Уште еднаш што ќе се ставам во ваква ситуација толку ќе сум жива.
Мислам правило за позајмување е однапред да си спремен да се опростиш од тие пари. Или ако се работи за поголема сума на пари да потпишете нотарски договор за позајмица со обврски.
Јас не би и ги барал. Татко ми имаше ваква тактика. Сега ќе се срами да ти побара пак (ако воопшто овие луѓе имаат срам) па следен пат ако ти побара пак речи и "ми должиш илјадарка сеуште не си ми ја вратила" а ако на тоа има финта ко демек се малку пари илјадарка за да и дадеш сега пак па ќе ти ги врати топтан сите кажи и дека си имаш таков принцип да не позајмуваш пари додека не ти го вратат стариот долг (се разбира нема да се караш се тоа со смирен и искулиран тон)