Па искрено и срам ми е да ги барам. Мислам смешно е ова, срам ми е да си побарам МОИ пари назад да ми се вратат а на неа ни е срам секој ден да ме гледа на работа и да знае дека ми должи. Не ми паѓа на памет да се ставам пак во ваква ситуација да позајмувам па да се нервирам. Него поентата ми беше дека и реков дека ми требаат. ( значи стварно ми требаат). Што да од таа 1000ка да ми зависи ратата за кредит или не знам сметка некоја бе? И рачунам дека во понеделник ќе ја добијам и на крај она ме заебува? Доволно ми е да видам со каков човек си имам работа. После случајов дознав дека и на блиски вака им правела, на родителите и браќата и дека и они ја одјебале не и позајмиле последнава ситуација коа беше. Сеа сфаќам зашто. Не ми паѓа на памет да смислувам тактики за 1000ка. Ама нити па ми паѓа на памет да ја опростам. Изгледа играше на таа карта дека ќе ми е срам да си ја побатам дека мала сума. Ама гајле ми е бре како што реков ако на неа не и е срам мене па не треба да ми е ич.
Посрамоти ја пред колегите. И ќе видиш дека ќе ти ги врати. Ако нема срам, не треба да имаш и ти. Еднаш позајмив пари и се зафркнав. Не си ги добив парите назад. Личноста ја снема. Исто правела и со други. Веќе на никој не давам пари. Нити барам од некој.
Не знам дали ќе ја посрамоти зашто доволно е некој да застане на нејзина страна и да и речат као "де бе за илјадарка правиш драми аман" и да ја направат крива на права душа. Јас не би ги барал пред луѓе туку на само ако веќе ги барам
Нека бара без око да и трепне. Колешка му позајми пари на колега. Тој се правеше будала и не и ги враќаше. Ќе речеш немал, ама он си одеше по кафани. И пукна филмот и го рибаше пред нас. Па да видиш како и ги врати парите. Со такви само така. Не дека не можат да ги вратат. Се прават будали.
Абе јас веќе ги побарав парите. На само. А многу ми беше срам буквално чекав ситуација да проценам дали е добар момент па да спомнам. И намерно и спомнав дека имав трошоци и дека сум без денар бар малку од малку да се свести. Ама очигледно нема свест кога вчера не ни спомна за парите. Нема врска, знам дека ќе ја чекам уште долго за мочана илјадарка ама она изгубила почит кај мене и следен пат за не знам што да и требаат ќе кажам немам, не ми враќаат на време. Намерно тогаш и реков ќе ми ја вратиш цела сума кога ќе можеш не дел по дел и пак на покварен начин ме изигра во последен момент ми ја остави таа 1000ка да не ја даде. Ѓубре од човек, што да кажам. Да ја понижувам пред други стварно немам намера затоа што ептен ми е низок удар тоа. Колку и да е безосетна сепак е премногу ваков чекор. Ако она не мисли дека треба да остави образ за понатаму во животот она нека си ги сноси последиците од истото....
Таквите немаат срам. Не го вратиле во целост претходниот долг и се осмелуваат пак да бараат пари. Само на игнор.
Моето искуство со позајмување пари е следново. Мој долгогодишен сега веке екс другар (притоа бевме и школски 8 години) ми побара да му позајмам 3000 денари. - Јас му реков во ред. И му велам:"за колку време ке ги вратиш?" Тој рече за 2 недели. Му велам во ред, не е проблем и 2-3 дена од тоа да доцниш. Си помина месец и пол овој си трае. Ни пари да сети, ни бутур. И после месец и половина се сретнавме и си праеме онака муабет, тој не споменува за парите таман ништо! И јас му реков на крајот:"Абе парите шо стана велам? коа ти требаше јас те услужив, сеа ми требаат на мене, а рокот кој ти си го даде, не го испочитува.-" Еее брат утре ке ти ги дадам." -Доброо. Нормално не ги врати. И зедов отидов дома кај него на вратата. Се појави мајка му, и ја објаснив ситуацијата,жената се засрами многу, се извини во име на нејзиниот син и веднаш ми ги врати парите. Од тогаш крај другарството со него.
А мене пак интересни ми се многу колеги. Пример заборава новчаник, пари картичка небитно, му позајмуваш ако треба да купи или нарача доручек и после ни п од пари. Не дека е којзнае колкава сума ама и 200-300 ден да се зошто некој така да ти ги земе и да не ти ги врати. Се они забораваат и треба после за свои пари тебе да ти е незгодно да ги потсетуваш.
Имав јас таков колега. Ме зафркна два пати. И толку беше. Или одев сама да си купам јадење. Или му викав дај пари ако сакаш да ти купам. Често знаеше да рече - Части нешто колешке. Јас му одговарав - Немам пари. Па и кафе сум го частела. Ниту еднаш не му текна кафе да почасти. Па почнав само за мене да си правам. Пиев (и уште пијам) нескафе 3во1. Ги користеше и другите колешки.
Абе бруки, како само не се срамат. Тие пари ќе ги оправат во животот. Ок, секому може да му се случи да заборави пари, новчаник затоа сме тука за да помогнеме. Но треба да се врати. Ама не, не се виновни, забораваат.
Ова за истата да не пишуваш? Јас имав ваква пријателка, исто еднаш ми побара поголема сума, и позајмив, не знам после колку месеци ми ги врати, ми ги цепкаше на раати, и 1000-ка ми остана должна, нигде ја нема, се е недостапна, деактивирала и ФБ. А пред Нова година гледав слики сегде по ресторани, кафичи. За тоа има пари, за нокти, за теретана, за козметичарки. Многу ме нервираат што децата ги користат, ако тие не мислат на своите деца, друг ли ќе им мисли. Една па еднаш одамна ми бараше 1500 ден. демек за крвна слика на приватно, а зошто кога може и на државно, секако резултатите се истиот ден. Не и позајмив, потоа разбрав исто им побарала на две другарки по 1500, за да си стави тетоважа. Ја прашав колку е тетоважата, ми кажа 50 евра.
Не ми е проблем да почастам. Ама не сакам да ме прават будала. Не само за јадење и за кафе частење. Сакал сокче да пие. Сакал нешто благо. Еднаш да речеше - Јас ќе ве частам. Ретко идеше со новчаник. Па кога виде со кого си има работа, престана да бара да го частам. Не барам пари и не позајмувам. Еднаш се зафркнав и доста е.
Си ја извлеков 1000-ката ама после две недели од договорениот помеделник нели. И пак морав да се јавам и да и речам кога планираш парите да ми ги дадеш- баш со тие зборови затоа што сфатив дека со таква особа само таков треба да си директен. Се додека бираш момент и заобиколуваш затоа што си фин они го злоупотребуваат тоа. И ова ми е лекција за во иднина , да пазам на кој давам пари. @Anyshka хаха не е истата ама изгледа на ист принцип функционираат повеќето.
Речи му дека немаш. Ако ти рече дека сигурно имаш, измисли дека имаш некој трошок. Ама и зошто да е безболно ако е некој давеж и нема навика да враќа? Ако е таков, директно речи му дека нема да му дадеш. И да ти се налути, да не ти е гајле.
Немам. Нема потреба од објаснување. Ако ти рече знам дека имаш, ќе кажеш Ми требаат. Еднаш ако дадеш пари, после ќе се научат и постојано ќе бараат.