Сите сме се нашле во некој период од животот да немаме, кога малку кога ич. И оние што навистина им требаат пропагаат во земја додека бараат, се познава. Ама има едни што немаат, од што не водат ред за ништо. Не може месечниот внес на пари да ти вели не може во ресторан да јадеш 3 пати неделно фамилијарно а ти упорно да тераш. Пред некое време ни бара еден, воопшто не ни е близок на наши роднини другар, не беа некои големи пари 100 евра, ај маж му даде.. За во текот на тие 10 дена не знам каде веќе не се отиде, во кое место не, со скари, со кафани и музика. Ни срам ни перде, се до детали на фб ставаше. Викам барем од нас да скриеше. Кажа за една недела, месец, два него сеуште го нема. На крај маж сам си ги бараше, откако ги зема после една недела пак побара, само што не му дадовме. Капак на се па и се коцка. Јас би дала секогаш на некој што му треба за здравје, храна и за децата за во школо. Знам колку ни беше тешко додека бев на факултет. Ама од луге без грам осет за забава немам. За брат муабет не правам, би му дала за одмор ако нема а гледам се отепува од работа. Ама си го знам односот со брат ми и затоа не ми е проблем, ама да лежи, да е мрзлив и тој и снаа ми, да не се замара и нему не би му дала.
Кажи им доста работи купив овој месец се потрошив и си имам и некои давачки плус и така. На маж ми стално му бараат и блиски и не блиски. Не е дал на никој ама не знам како можат да бараат и од него баш. Му велам треба лихвар да станеш.
Случајно налетав на темава и сега јас да поделсм искуство...Гледам сите пишувате како сте дале 1000демари ,200 денари и не ви вратиле...немојте погрешно да ме разберете ама јас тие пари не ги сметам за некое позајмување зашто 200 денари нема сендвич. Јас лично кога сум дала на колешка, пријател така сум велела не враќај сметај дека е завршено од мене но јас широко размислувам и не сме сите исти...не треба да се биде ситен и да имаш срце ко ,,орев,,туку ко планина и не е се у сумата. Еве да ви кажам мене што ми се случи баш кога ми требаа пријатели минатата година да помогнат како се направија ,,мртви, ,сиромашни одеднаш како се ,,заглавени,, а на ко сметав и сум помагала и со пари и до услуги. Требаше да правам сложена лекарска интервенција на приватна клиника и сумата беше прилично голема не 100 , не 1000 туку преку 5000 евра. Бев нов на работа, сменив фирма банката не ми одобри кредит да рединссирам зашто и веќе имав пред тоа за друга намена ,дури и брз кредит барав и тоа не одобрија оти тсќолксви суми не даваат и плус таму се каматите изгор.. Нејсе велам роднини, пријатели еден куп секој по малце ќе се соберат. На тие што сметав никој ни 500 ден не даде. Старосватицата што ми се потпиша на свадба сведок со која израснав ,имаше оправдување дека ги дала сите пари за децата ,,малата е на камп, а синот го пратила на Ибица со друштво. Нејсе ајде друга врста ,исто блиска друг изговор и така изговори колку сакаш.И добро е што се случи ова зашто видов кој е кој ,им благодарам што ме одбија...На крај најголемиот дел од сумата ми ја даде колега кој и не работи во мојот одел само се среќавме на паузи на кафе често и ме праша што сум замислена...Собрав некако сила не знам ни јас како и му реков. Човекот без збор рече од мене имаш 3000 евра утре само прсти ми трансакциска. Му реков човек ние не се ни знаеме добро ,само поделив со тебе што ме мачи. И рече не е важно и да не успееш да ми ги вратиш ич да не се секираш. Уште му ги враќам останаа уште малце, запишувам колку сум му пуштила до сега ,на да ко ке ме види ми вели не ми се итни парите тие ми се спречени Германија и имам и не грижи се. Секако не му се итни ,ама јас не сакам да го носам товарот на себе.Ми помогна кога многу малку мои блиски се одважија да излезат во пресрет. Цена луѓе што имаат срце ко планина, ама ретки се...
Не е проблем за давање чим некој побарал сигурно му биле многу потребни, башка да побараш од некој е како пола во земја да пропаднеш ама после е најинтересно што не ти ги враќаат а живеат живот слики од кафеани од славење од одмори, а ти пет пати ти се заврзува јазикот за да прашаш абе парите ќе ми ги вратиш?
Јас те разбирам што сакаш да кажеш. Ама на некој можеби му значат тие 200 денари. Некој можеби ги дава 'последните' пари.
Ти дал без збор оти нему му се нашол некој непознат кога му требало. А и генерално е полесно да помогнеш на човек со кого не се знаеш, оти и да не ти ги врати нема толку да ти е криво како кога близок нема да врати. Денес и за здравје лажат дека им треба, па затоа кога си барала сите те скокнале.. јас не би замерувала, скоро секој има негативно искуство со позајмување баш заради „здравје“. @Angel_G
Кога ќе споредуваме плати и цени денес и те како 200 денари за некого значат многу. И тоа не се мал број на луѓе.
На никој парите на дрво не му растат. И да има некој пари, негово право е дали ќе даде. Еднаш дадов ситна сума и не ми беше вратена. Помалку од 500 денари беа. А во мене имав уште 1000 денари. Тие ми беа за до плата. И многу ми беше неубаво кога не ми беа вратени парите, а јас со тие пари ќе им купев нешто на децата. Ама се сожалив затоа што личноста ми плачеше како немала за леб. И ај си реков, да бидам хумана. Е па, после тоа, веќе нема. Нити барам, нити давам.
На оваа скапотија и денар да е значи, па камо ли 200 и над тоа... Ако не е личност за која си сигурна дека ќе ти врати, не ѝ давај и толку.
Позајмица е давање пари или предмет на услуга со намера истиот да се врати во договорен период. Значи, ако ми дадеш 500 на заем. обврска ми е да ти вратам и да не размислувам дали имаш срце-душа орев што не ми ги простиш.