Парите ги побара преку смс на 20.11.2025 и ми кажа дека ќе ги врати штом земе к15 во декември 2025. Од тогаш поминаа 3 месеци, неколку пати ги побарав парите и секој пат ме лаже дека ќе ми ги врати и потоа исчезнува. Криво ми е што на човечноста ми врати со нечовечност и што комплетно ме потценува мислејќи дека може бесконечно да ме лаже и тоа за моите сопствени пари, додека секојдневно се слика во кафани.
Такви луѓе врие, разбирам дека немаат а и да имаат подраго му е да не ги вратат. Ама дури позајмуваме, никој не ни е крив.. во државата посекако нема правда
Апсолутно. Колку пати сум немала, сум живеела со 1 евро на ден и тоа во ЕУ, но заем не сум барала никогаш. Луѓето што бараат заеми од други луѓе, особено од луѓе што не им се блиски, се финансиски неодговорни. Секој пат велам дека повеќе нема да позајмувам и пак ќе се сожалам и ќе дадам. Не треба да се дава заем, освен на најблиски.
Искрено, не знам колку е исплатливо да превземаш правни мерки за таа сума. Ако има тука некој правник може да даде мислење дали вреди, да не испадне уште повеќе трошок да направиш.
Чим земе плата отид му и не си оди додека не ти ги врати, ако ти рече немам земи го под раче и на секој ќош има брзи кредити нека земе само лична карта му треба, ќе ти врати па после нека бега од камати
Не си оди од кај него, да знаеш дека ќе има многу изговори спреми се, ама не си оди остани ако треба цел ден И кога ќе ги врати избриши го од твојот живот
Од старите ми е останат муабет за позајмица. Кога ќе позајмиш спремен си уште во моментот да се откажеш од тие пари а и од личноста која ги бара. Не позајмувам на никој ни од никој. Ако имам арно ако немам чекам подобра прилика.
Моите искуства се негативни, ќе позајмам и не вратиле а мене не ми било пријатно да побарам да ми ги вратат. Така да не позајмувам и не барам на заем, пошо сум живеела со многу малку и си го ценам секој денар. Помагам ако сметам дека некаде треба со купени работи, донации и сл. ама класична позајмица кон не толку блиски со муабет дека ќе ги вратат веќе не. Искуствено, тие што имаат најмногу, најтешко да им текне дека ти должат
Јас сега позајмувам ретко ама само на блиски пријатели и не сум имала проблем со враќање, секогаш ми биле вратени, а порано позајмував на секој што ќе праша и кога мене ми требаа ќе си ги побарав и на крај добивав одговор 'Е сега ли ти требаат, до тие ли ти е дојдено?'
Точно рекле старите изгледа. Позајмив пари на другарка што ја сметав за сестра. Од тогаш поминаа две години и не ја видов. Тогаш не знаев дека треба да се откажам и од парите и од личноста.
Па кога ги бараат, викаат во тој рок ќе ти ги вратам, не кажуваат дека треба да се откажеш. Јас во иднина ќе го сметам откажувањето за премолчена клаузула и повеќе никому нема да позајмувам.
Да, ќе инсистирам по секоја цена да ми ги врати штом земе плата на почеток на март. И потоа ќе го блокирам насекаде.