да позајмиш ама и да ти ги вратат. Со другарка ми да, дадината и батковците. А шо вели Хипи има и такви кои не им позајмувам шо сака нека е
Е вака, имам еден проблем во друштво. Еден од нашите другари постојано бара пари од нас. Дали за цигари, за јадење и сл. Ако не бара пари , тогаш се гребе цигари, не плаќа такси, се гребе на сите можни начини само за да не плаќа. Особено му е изразено последниве 2 години. Малку место има за да напишам колку е гребатор и да би рскажувам случки кога на мизерен начин моли за пари. А не е дека нема, неговите имаат, живеат убаво, му даваат доволно. Не разбирам во што е проблемот, дали тоа го прави несвесно или.... Веќе пола и повеќе од другарите го откачија баш заради ова. Пред некој ден седевме цело друштво и заклучивме дека некој треба да му каже и да го усрами , ама познавајќи го , мислам дека нема да делува. Повеќе никој не му дава пари, или кажувме дека немаме или не можеме, меѓутоа тој и понатаму прави жални фацки и измолува од сите по некој денар. Жал ми е за него, зошто ми е другар од средно, ама ако продолжи ќе остане без другари. Што мислите, дали треба да превземам нешто и како другарка да му плеснам во фаца?
Плесни му во фаца. Баш затоа што ти е другар (колку што заклучив близок). Поарно да му речиш ти или некој друг близок како тебе, отколку некој кој помалку го познава.
Да позајмувам и можам да ја сватам маката на оној кој навистина му е потребна таа вредносна хартија.Еднаш и мене ми се случи да бидам во позиција и мене некој да ми позајми пари.Непромислено излегов од наработа зборуваќи на телефон и така занесена не приметв дека со себе не понесов ништо.Се упатив на бензинска да наполнам гориво во тој миг забележав дека немам пари со себе му се обратив на вработениот кој веќе го наполни резерварот и му кажав во што е проблемот а тој ги собра рамениците и ми кажа дека е само вработен тука и е прикрај со смената.Ќе го решев случајот со сигурност на свој начин но во истиот момент човекот од спротибната страна ми се обрати .Ако дозволите јас ќе ја платам сумата.Се заблагодарив му понудув мој визит карта која ја имав во автомобилот и го запишав неговиот број Откако ја завршив работата по која бев тргната го побарав човекот и на моја покана на по едно кафе се одолжив од својот долг кон тој сосем непознат човек
Позајмувам ..секако на луѓе од доверба....Ако нема да ми врати,доволно е барем да речи ќе ти ги вратам,ќе соберам и слично па ми се десило и да речам не мора,не е проблем..Но личности на кои и не му текнува ни да спомнат за враќање пари..Не позајмувам па што сака нека е ! Ми позајмувале и мене кога сум била шворц..или пак цимерката кога стојам ептен кусо со пари...Или се дешавало да си ги здружиме парите...Истото се случувало и со неа..Да и позајмам и без враќање...За некои луѓе вреди..но некои само искористуваат и не знаат за доста!
Взаемно си позајмуваме пари со мојата другарка (со други не)... станува збор за сума до 150 - 200 денари максимум - ако ни затребало нешто во моментот. Потоа до денар си враќаме се.
Позајмувам и ми имат позајмувано, но тоа се смешни цифри како 200-300 денари.. Никогаш повеќе од 300. Треба да му плеснеш во фаца,Сепак другарство е ако си укажиме за мааните. Инаку Правилно си постапила 2000 денари за она да се к**чи не заслужува .
Најмногу имам позајмено 20 ден. И самата си се чудам како до сега во животот не сум била во таква ситуација..Но ете .. Тоа е тоа. 20 денари
Да знам, ама баш затоа што ми е близок , криво ми е да го повредам. Сепак некој мора да му каже , нели? Подобро јас, отколку некој од страна.
Кога се работи за помала сума на пари им позајмувам на другарките иако знам дека мали се шансите дека ке ми ги вратат.Значи не сфаќам како можат да земат туѓо а потоа гордо и без грижа на совеста да не се сеќаваат повеќе на тоа.Никогаш не барам на заем од други освен ако е нешто многу итно,но во тој случај веднаш враќам и стопати се заблагодарувам.Понекогаш кога ми е преку глава не им позајмувам не некои другарки кои знам дека нема да ми вратат,но не поради парите туку поради тоа што несакам да ме прават будала и несакам да давам на такви неблагодарници-би можела тоа да го дадам на некој што знае да цени и да заблагодарува.
Позајмувам на оние кои знам дека ќе ми вратат (освен ако се работи за некоја сума од 20-30 денари) и ако не ми вратат ги барам парите назад. На брат ми НИКОГАШ не би му позајмила бидејќи нема да ми врати. (барем сега е таков, во иднина ќе видиме).Последно на братучед ми му позајмив 1600 денари за да уплати во кладилница. Поминаа 3 недели, скоро и да заборавив, кога вчера дојде и ми ги врати
Позајмувам и враќам ...Но секако не голема сума до 200-300 денари најмногу имам позајмено до сега и вратено Инаку најчесто позајмувам за ситници мастики,колачи.сок итн секако кога немам доволно
па имам позајмено од другарки кога навистина ми требат, но секогаш ги враќам парите назад исто така и имам давано на многумина кога гледам дека е потребно и кога ќе ме замолат или прашат ама многу се нервирам кога ќе ми побараат пари, еве така една другарка и после ми вика ќе ти ги вратам и ја нема 385498293у59258320423 дена и уште ја нема .. не ми е за парите, па се и давам кога и треба .. ама тоа изгледа како да прави будала од мене! а не сум
Позајмувам пари на другарките а и тие имале доверба во мене затоа никогаш не сакав да ми ги вратат и не кажувам ова не ми го плати долгот и еднаш се случи да им давам на 2мои другарки пари 200ден и првата им рече на другата дај ми ги 100ден дека ми ги врати мене парите, но не ми ги врати и другата слуцајно ме праша дали ми ги врати јас не знав реков не и тие почнале расправа и јас им реков правете што сакате јас не сакам да слушам моето име на вашите расправ јас не ги сакав назат тие пари и цао ги оставив и не знам што направиле..... а сега само на моите сестри на други само кога ми кажуват дека итно зошто му требат друго нееее еднаш изгубив 175евра и на газдата требаше утре да му ги дадам леле што да правам и сестра ми ди даде фала богу ..рече 75евра ти е за роденден, 100 кога ќе имаш ќе ми ги вратиш......
Откако 4600 денари ми отидоа во неповрат, т.е. во мевот и газот на бившиот кои подоцна ги измоча ниту давам, ниту земам Кој колку си има, толку. И јас некогаш немам па никој не ми рекол повели. Башка несакам да се задолжам, чунким борџот е полош од треската Мала шала, ама приказната е урнебес
Многу ме нервира кога некој ќе ми потражи пари и нема да ми ги врати.Последо позајмив на дечко ми 400 евра,но знам дека ќе ми ги врати.
Позајмувам и враќам. Не сакам да имам долгови. Другарка ми на едно девојче и позајмуваше пари дури и одморот и го плати и кога и притребаа нејзе парите т.е кога си ги побара, мајка и нејзина и се развика на телефон и и рече да заборај на парите нема да и ги вратат побогата била не и требале нејзе... и така си остана без 100 евра, 1 пар фармерки, несесер шминки и др. дрангулии. ПАРИ НЕ СЕ ПОЗАЈМУВААТ СЕКОМУ!
Немам навика да побарам пари на заем од некого за да си купам нешто но најверојатно се случило некогаш да не ми достигнат пари или да сум ги заборавила па да побарам некој денар од мои блиски другарки...и се разбира уште другиот ден ги враќам! Не сакам долгови и за среќа ги немам! Инаку јас им имам позајмувано пари на мои блиски колешки од факултет (најчесто за пријавување испити во казнена сесија ) и секогаш ми ги враќале!