Јас позајмувам на мал бр на луѓе (што знам дека ќе вратат ) а не се осмелувам да побарам, не знам зошто си мислам дека нема да имаат во тој момент и само ќе се избрукам
Позајмувам на другарки, и тие мене ми позејмуваат. Секогаш си ги враќаме парите. Никогаш не би позајмила на некој што не ми е близок, а ниту би побарала пари од таков.
Воопшто не сакам да ми позајмува некој,ама некогаш може навистина ќе ми притреба па немам друг избор.Но потоа само тоа ќе ми биде на памет и ќе ги вратам парите што е можно поскоро.А и позајмувам на кој ќе можам ама искрено никој до сега мене не ми ги вратил. Не се работи за големи пари ама ете не е баш пријатно така.Па затоа знам на кој во никој случај не би му дала а посебно ако се поголема сума.Кај јас штедам,ги стискам париве и неможам да си дозволам на себе да си потрошам,па на некој друг ќе му ги дадам а не ми ги враќа.Е тоа ме нервира!
обично ако не ми стасуваат пари за во школо или кога сме излезени со другарки до нив ке побарам и обично ми даваат а има и ми се има случено едно другарка да ми каже немам пари само 100 имам (а има нарачано тост од 30 ден.) па дај поарно кажи ми требаат за друго а не да ме лажеш.Кога зимам пари од другарки нормално им ги вракам а многу ме нервираат за 20-30 денари сто пати у денок ке ми спомнат "еј треба да ми ги братиш тие 30 денари глеј утре да не ги заборавиш" и си викам у памет добро не се секирај ке ги добиеш големите пари.А јас немам таква навика кога ке позајмам на некој пари да му кажувам такви глупави фрази понекогаш не ни им кажувам дека треба да ми ги вратат зашто не сум таква личност и немам некоја таква навика да им кажувам ејјјјј абе парите треба да ми ги вратиш.А по некогаш има такви безобразни не ни ги вракаат.
Позајмувам само на блиски другарки, но со најдобрата другарка си позајмуваме и не водиме сметка. Пример, не носам пари за јадење, сум ги заборавила дома, таа ќе ми купи денес, јас на неа утре. Или за такси ако се случило да нема доволно ќе платам јас, па наредниот пат таа. Ми се случило да давам пари и после да се прават наудрени. Ќе им спомнам ,Еј, ти дадов 100 денари, може да ми вратиш, ми требаат?, ќе ми речат дека ми вратиле. Не е работата за 50 денари, туку дека ме прават будала. Затоа во принцип не позајмувам на секого.
колку ме нервира кога ке ми дадат пари и кога ке запнат врати ми ги парите па макар и 5 денари да се, а кога треба на мене да ми вратат е тогаш тешко
Јас ретко позајмувам пари.Не сакам да ми бараат пари,па ни да му барам.Некогаш на некоја другарка и снемале пари,а друштвото сите сакаме да одиме на кафе и не е проблем ќе си дајме сите пари,или јас или кој било само да не се делиме.Но тоа е небитно и се мали суми на пари.Само многу ме нервираат некои што си му давал пари по 50 или 100 денари и му викаш дека не мора да ти ги врати парите,а утре друг ден кога ќе немаш пари или бега или пак и да ти позајми пари веднаш ти ги бара.Неблагодарни! Патем многу се нервирам дечко ми кога позајмува пари и секогаш се караме.Секогаш кога ќе земи плати одма му се јавува некој ''другар'' или да го чести или па да му позајми пари.Што е најтрагично,парите ќе му ги врати по 1 година или пак никогаш.И јас му се лутам што е нормално зашто сите живеат од корист.
Позајмувам колку што можам, но само на луѓе на кои им верувам. И јас сум била во ситуација да немам пари, и мене ми позајмиле, па затоа и јас се трудам да излезам во пресрет. Со враќање, се разбира
Позајмувам пари на луге кои им верувам, и кои ке ми ги вратат нормално.. - за поголема сума на пари 200+ А за ако на некој му треба денар, пет, десетка, ке му позејмам, па и да не ми ги врати ништо страшно, не ке се бунам за 2 денари За јас кога позајмувам, секогаш ги вракам парите во најкус период..наредниот ден,или уште истиот ако можам.. Еднаш му позејмив на другар 20 денари, и не ми ги врати, и ми беше глупо сеа да му трубам за 20 денари ко 200 евра да се, и баталив..али сепак не беше во ред што не ги врати,барем да кажеше нешто околу тоа.. и така =)
јас позајмувам пари, ама никогаш не барам на заем.. немам таква навика, а и од дома некако не ми даваат да зимам на заем пари, секогаш имам доволно, или повеке од тоа што ми треба во мене.. пред еден месец на една блиска особа и позајмив 2 000 денари, и тоа за да си купи чизми, и типкава ми врати многу мал дел од парите а другите само ги спомнува дека е должна, никако да земе да ми ги даде, (а не дека нема, после чизмите си изнакупи уште милион работи)... сега и мене парите не ми паднале од небо, мама и тато се труделе за нив... и јас нз како да и ги побарам.. нејкам да ја навредам.. ама ми требаат...
Позајмувам поголема сума само на најблиски пријатели зошто со сигурност знам дека ќе ми ги вратат. За 10-20 денари сум давала што се вика на познато и непознато па ако некој ден решат сите наеднаш да ми ги вратат милионер ќе сум
Порано повеќе сум позајмувала, не некои големи суми, но сум се наоѓала во ситуации да не ми бидат вратени. Затоа сега можам да му позајмам некому ако ми е стварно некој близок и му требаат, дури на оние блиските не им позајмувам туку им давам и не им барам да ми ги вратат назад. Мене некој 5 денари да ми позајмил ако сум немала ситно, јас веднаш сакам да ги вратам, значи несакам ни денар да сум должна некому.
Јас позајмувам. И тоа ептен често. Не ми претставува проблем. Досега ми се нема случено да не ми ги вратат парите, ваљда заради тоа што само поблиски луѓе се осмелиле да ми побараат пари. А дали би и позајмила пари на другарка ако знам дека нема да ми ги врати? Не. Би и дала пари...Зборувам за другарка на која стварно и требаат пари, за важна работа, а нема многу финансии. Ако имам, би и дала без размислување и нема да очекувам да ми врати, знаејќи дека таа не е во добра финансиска состојба. А за такви кои ги бие глас дека не враќаат пари, а бараат позајмица за глупост, не би и позајмила. Убаво си направила волфче што си ја одбила...И подобро е што се одалечила од тебе, бидејќи таа не ти е вистинска другарка. Инаку и јас кога немам пари а ми требаат, барам позајмица од блиски пријатели. Не се срамам воопшто, бидејќи човечки е да немаш пари, а итно да ти требаат. Па не ќе гладувам ако немам скршен денар во мене! Секако, парите ги враќам веднаш штом ќе дојдам до нив.
Кај моето друштво има правило - Ако позајмуваш не очекувај да ти вратат. - Ако позајмиш не враќај. Сурово е, но те учи и ти всадува искуство. Отсекогаш сум учена да бидам чесна, примерна, воспитана. Но средината многу нешта смени кај мене. На два три пати позајмував пари кога треба да се прават тестови или ако заборавев за храна и секогаш враќав. Се сеќавам дека на патот случајно бев нашла 100 денари и со нив си вратив закрпив неколку дупки ( како што викаше поранешната моја БФФ ). Но се најдов во ситуација кога позајмував и тоа не скржаво. Плаќав за излегување на повеќе другарки. Само една се обиде да ми врати. Откако велев дека не треба, сепак ја земав парата, за после да вика леле ја зема парата за 50 денари е. Не мене не ми беше за парите, таа упорно ми ја буткаше парата и од чиста култура да не чуствува грижа на совест ( како што јас знам да чувствувам) ја зедов. Доколку пак си побараш пари назад, ќе го добиеш следниот одговор(на цел глас за сите да чујат ). - Леле.. уште утре ти ги враќам за 100 денари ли си. ц ц ц незнаев дека си таква. Е*ати скржавата другарка, Најчесто позајмувам до 30 ден во школо и се обидувам да ги вратам на тој начин што ќе ја почастам другарката со нешто. (затоа што ако пари на рака ќе и дадам, ќе ги фрли ама нема да ги земе.) Не викам не.Има случаи каде што не сум вратила дури 20 денари. Ама истите особи не ми вратиле поголема сума. Надвор од моето друштво, од други другарки или познаници пари да позајмам од некому или некому никогаш не ми се случило.
Позајмувам пари ама само на луѓе кои мислам дека ќе ми ги вратат.А јас лично избегнувам да позајмувам, бидејки има луѓе кои ако ти дадат заем мислат дека можат да си дозволат свашта па така не сакам да се ставам во подредена позиција.Иначе имам ,,другарка,, која ми се јавува само кога и треба заем ми се јавува.Па затоа последните 3 пати ладно ја одбив.
Јас имам позајмено пари ама не после тоа никогаш не си ги добив назад а во прашање беа 800 денари кои си ги скратив од мене за да и помогнам на другарка .Јас еднаш побарав пари од таа иста другарка и ми рече дека нема да ми позајми а побарав некои си 300 ден дека итно ми требаа и од тогаш си знам златно правило ако сакаш да се скараш со некоја блиска личност побарај и пари.
Јас доста сочувствувам со сите и позајмувам кога ќе ми побараат пари,на ромчињата нонстоп на улица им давам пари дури и ако ми се и последните во мене моментално (пред некое време и парите за тахи си ги дадов и на студот до дома си бегав пеш )На одмор кога ќе одам постојано им давам пари на другарките кога ќе им се потрошат после заборават да вратат ..што да правам едноставно ми е жал ....будала сум зар не ? парите не значат за мене повеќе од пријателството или од човечноста ,па за пари да ги изгубиме тие квалитети....Ако имаме треба да помагаме без разлика дали ке ни бидат вратени или не...ама се разбира не се позајмува на секој ,само на оној што вреди да ги добие....Зошто и најпосле не заработувам пари земам и јас од моите и не сум милионерка ...хахха
sekoj vo zivotot oze da se najde vo situacija da mu pritrebaat pari ne e sramota da pozajmis,, imam pozajmuvanoo t.e podaruvano ne baram da mi se vratat dokolku na samata osoba ne i tekne deka mi e dolzna,,,i da imam pozajmuvano pred nekoj den pozajmiv 300 evra i znam deka ke gi vratam do dogovorenot rok,,, [mod-kirilica:3svj8lzd][/mod-kirilica:3svj8lzd]
Имам позајмено пари на пријатели, но никогаш ми немаат на мене позајмено затоа што ни ми треба ни сакам. Свое си е свое
се случува и тоа да позајмам некогаш ама се знае ги вракам парите обавезно не сакам да ме потсетат другите а исто така и мене ми барале пари ако имам нема проблем никого не сум одбила само се нервирам кога тој што позајмил од мене си забрава да си ги врати а тоа е се почесто во денешно време и затоа внимавам на кого позајмувам не се сите луге свесни за такви работи.