1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Позајмување пари

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од wolf4e, 23 јули 2010.

  1. Maat

    Maat Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    13
    Убаво е да му позајмиш на некој пари - но да не биде претерано, се разбира. Не можеш да му позајмиш 1000 евра на некој за кој си сигурен дека ќе ти ги врати, да речеме, никогаш?

    Еднаш додека се возев со комбе случајно
    и да сакаш да не слушаш, ќе слушнеш кога сите зборуваат за тоа
    ги слушав патниците што зборуваат
    Еден рече: Кога некој пријател ќе те праша да му позајмиш пари - Ако одбиеш лошо е, ама и да му дадеш, а знаеш дека мали се шансите да ти ги врати е исто така лошо. Затоа најубаво понуди му 50 евра. Ако навистина му требаат ќе ги прифати, а ако не - ќе ти бара уште, ќе ги одбие и ќе оди кај друг. Дај му ги - не се многу и барем нема да ги зажалиш и да не ти ги врати.
    Лично за мене - повеќе од 30 денари не сум позајмила. И секогаш ги враќам истиот ден. А сум позајмувала многу пати по малку. Не ми ги вратиле, а јас не сакам да ги побарам. Едноставно таква сум. Тој што ги побарал - него треба да му текне да ги врати. :)
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    5.916
    обично не сакам да ми позајмуваат пари ТРОШАМ ОНОЛКУ КОЛКУ ШТО ИМАМ ! ...но ете понекогаш се случува да ги заборавиме парите дома од трчање или во моментот да нема никој дома за да ти даде па ќе треба да побараш од другарка . затоа јас кога излегувам почнав да проверувам дали се носам со мене за да немора да позајмувам . Ако ми се случи да позајмам другиот ден и ги враќам на другарката . кога имам со мене пари а не ми притребале за тоа излегување кој и да ми побара од другарките ќе му ги дадам .Првиот пат за да видам дали ќе ми ги врати во рок од наредното видување . ако не ги врати, втор пат ќе и позајмам од чиста љубопитност . ако не ги врати и тогаш, ќе и речам :)
     
  3. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Имам позајмено пари на роднини, блиски. И секогаш ми биле вратени. а на другарки не позајмувам. Ми се има случено да позајмам на некого и да не ми ги вратат(за среќа мала сума беше). Па сега позајмувам само на оние на кои имам голема доверба. Денес на никого не му се претураат пари да за да позајмува на некого и уште да не му врати!
     
  4. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70

    И мене исто околу 4000-5000 ми отидоа кај бившиот и јок враќање, и од тогаш само на најблиските позајмувам што знам дека ќе ми ги вратат. :)
     
  5. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Се нервирам премногу ако некој не ми ги врати парите и ретко позајмувам, пошо имам и блиски кои сепак не се одговорни. Ама ако некому ептен му верувам тогаш позајмувам(сепак ретки се тие). А во животот ми се случило 2 пати јас да побарам ама ги вратив во договорениот рок..
     
  6. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Многу мразам кога некој ке ми земе пари!Се нервирам.Несакам ниту да давам ниту да ми даваат, за тие работи сум ситничар, иако знам дека не треба до толку.Али,како што мене никој не ме прашува дали јас имам пари да седнам на кафе така и мене не ме интересира за другите.Најмногу ме нервирало тоа кога ќе си седнат во кафич и си порачуваат и на крај ееејј па немам пари.Па што порачуваш ако немаш.И затоа нит давам нит зимам.
     
  7. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Позајмувам само на една другарка ,знам дека ќе ми врати и дека секогаш е тука кога ми треба.
    сум позајмувала и на други но сега ми дојде памет :!: никој не ми ги вратил,иако не се работело за некоја сума.сум позајмувала за доручек,за кафе,еднаш на една колешка и требаа пари за фенирање и дадов немала во неа не ми ги врати беа некои 300ден,а на друга колешка и дадов пари за парфем за дечко и да му купи поклон немаше во неа,и дадов 1000 и нема абер.нити сум им рекла ги прежалев некако ;( нека се срамат тие,циганки невидени.затоа сега на никој не давам ни за кафе,ма ни 1денар! а кога сум барала еве ако сум немала во мене,никој не дава,а камоли да побараш 200-3000евра за нешто :devil: срамота-македонски памет
     
  8. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Cтварно не можам да не се воздржам а да не прокоментирам за еден наш пријател тоес.колега другар на маж ми |( ]:) Hе можам да опишам колку се нервирам за оваа ситуација луге,незнам како да го наречам човеков 3 во 1 пијавица,скржав и барач на пари секој ден,секоја секунда :fubar: Hезнам како нема осет човеков,секој ден на мажот ми му бара пари по 5,10 долари што се некои 150-300 денари,ама не е дека ми требаат или ке се збогатам,ама навика е,ке те знае,ке позајмува а нема никогаш да врати,дури на други наши познаник му должи 8000 денари,детево душа му позајмило за концерт,и овај се пари на Tошо :swear: Cекој ден му фалат пари,го заборава ручекот,и на мојов му пукна филмов и му кажа,му објасна па ке видиме како ке оди работава :D :^) Hе ми смета да позајмам,ама да имам доверба дека ке ми биде вратено,за пак кога ми побара со насмевка и доверба пак ке му позајмам,а не некои му позајмуваш и после ги нема никаде,в земја пропаднале...ете јас секогаш сум вракала дури и да се 5 денари,не можам се чуствувам должна некако :?:
     
  9. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    3.957
    Пол:
    Женски
    Исто мојот маж му има позајмено пари на кумот наш- околу 500 евра. Дел од нив има вратено , дел 200 евра нема. Сега му викал на мажот ми ќе ти вратам 100 е ама еден месец никаде го нема. Преварант низеден дома си ја упропасти цела фамилија, се си продадоа затоа што се коцкал, плус задолжен со кредити до гуша. Уште сум малце лута на маж ми што му давал пари за коцка. :^) Лично јас на таков човек не би позајмила па и брат или сестра да ми е. Се знае на стабилен и човек од доверба би му дала.
     
  10. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Татко ми му позајми на еден пријател 600евра.почина татко ми а овој не ги враќаше.по една година почина и тој пријателот.и кажавме на жена му а таа рече знам дека ви должи и ќе ви ги вратам.ама ни евро,2години поминаа.незнаеме како да постапиме никако не си.а плус жената има две ќерки мажени,а таа не работи земала од маж и некоја пензија.ни рече еднаш,- ќе ви дадам еден фрижидер продајте го земете колку -толку :^) навистина ни требаат парите,еве сега сестра ми ќе оди на работа во Америка треба да ја доплати ратата а и за таму ќе и требаат нешто.знам дека е тешка ситуација,но и татко ми кога почина .што должеше пари на некои луѓе ,зедовме кредит и ги вративме.незнам што да правиме,веќе се откажуваме од парите :worried:
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Не!!! Никогаш!!! Имаше еден период кога финансиски бев здраво на работ и тогаш сите “другарки“ почнаа да се одалечуваат, плашејќи се дека ќе им барам на заем. Се разбира, никогаш не им побарав, а сега кога стојам подобро финансиски, пак ми се лепат ко муви на г**це, ама јас им го плеснав у фаца и сеа се кријат од мене и кружат кога ќе ме видат од срам (пошо ипак не сме деца, барем знаеле срам што е). Затоа сега никому, ама никому не би му позајмила.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    За толкава сума мислам дека можеле да потпишат договор за заем на нотар :^) ...ама мислам, не сум 100% сигурна...ете зошто јас не им верувам на луѓето додека не се покажат на дело.
     
  13. puflaa

    puflaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    23
    Истооо. Чиста сметка долга љубов. И да позајмам на некој и да ми позајмат, што се случува мн ретко, и 5 ден да се што се вика сакам да ми ги вратат. Обично имам пари со мене, ама некогаш се случува да ти затребаат повеќе па од некоја од поблиските другарки ќе позајмам. И кога јас имам вишок пари се понудувам да позајмам зошто знам дека барем тие две другарки ќе ми ги вратат.

    Инаку порано моите родители порано на сите позајмуваа пари, и тоа не гледаа кога и дали ќе им ги вратат.. После коа се разведоа се одалечија од нас наводните пријатели плашејќи се дека мајка ми ќе им бара пари. Нормално тоа не се случи ама па во такви ситуации се гледа кои ти се вистински пријатели, кои за жал испаднаа мноогу малку :|
     
  14. klaudija90

    klaudija90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    18
    Сум позајмувала на многу, некои ми ги вратиле, некои се прават дека никогаш не зеле од мене, поарно кажи дека немаш може повеќе ќе го прифатам тоа, не сакам будала да ме прават, навистина не е човечки.
    А многу ретко позајмувам, кога сум во многу тесно или кога сум заборавила позајмувам, а вака поголеми суми никогаш, ниту пак од дома не сум така воспитувана,а да земам, секогаш ги враќам.
     
  15. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    сум позајмила пари од многу блиски луѓе еднаш во животот,искрено се чувствував неубаво но немав избор :$ се договоривме дека парите ќе им ги вратам во рок од 6 месеци и така бидна.Незнаете како се чувствував кога го вратив долгот :whew: сум позајмувала и јас пари на блиски луѓе но сепак не биле некои големи суми и ми ги враќале во рокот што ми го ветиле,чесно од нивна страна.
    Но има и такви кои не враќаат па строго ги избегнувам и откачувам веднаш.Имам еден комшија,за кого сите знаат дека по цел ден безделничари,не работи,има 2 деца,пари од нигде освен од жена му,и еден ден ми доаѓа на врата да ме замоли да му дадам 500 ден бидејќи и било роденден на жена му па да и купел поклон :envy: е јака работа !!! да ми побараше за да им купи на децата леб или било што друго неопходно па и ќе му дадев иако знаев дека нема да ми ги врати,но за поклон??? можеби за некој 500 ден се шала,но јас со тие пари ќе купам еден пакет млеко и децата ќе пијат цела недела.Фино-лепо го откачив со муабетот дека немам,но гагаџија си е гагаџија па така да ми вика ако не дај ми 2-3 цигари додека дојде жена ми од работа да имам :rofl: е тука веќе немаше спас !!!
     
  16. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Мене еднаш една "најдобра другарка" цело време зимаше од мене пари (50-60) на секои два дена (тоа траеше 2-3 месеци), а од тие пари после ништо не видов. И еднаш и позајмив 700 денаи и требаше во рок од 5-6 дена да ми ги врати за да му купам поклон на дечко ми. Она секако не ми ги врати но јас се снајдов и земав на мајка ми пари, а на неа месец дена секое денарче сум и го зимала, а тие 700 денари ми ги врати накнадно!
     
  17. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Позајмувам само на оној/онаа во кого имам доверба т.е. луѓето со кои секогаш си се наоѓаме во вакви ситуации тие на мене ми позајмиле па друг пат јас на нив. На таквите секогаш кога имам со топло срце им давам и дури не им ги ни барам назад. Колку пати ќе се тегнеме за да ми вратат ама јас не сакам ( кога станува збор за некоја мала сума). Иначе најмногу мрзам да должам некому пари :worried: па така да кога се позајмувам гледам што побрзо да ги вратам па макар биле и 10 денари, па мирно да си сијам. Додека на оние што не враќаат или бараат заем а никогаш они не даваат, таквите културно ги одбивам.
     
  18. Mracna

    Mracna Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    113
    Никогаш не позајмувам од други. Ако не ми достигнуваат пари за да си купам нешто што ќе сакам, нема да го купам , кога ќе имам тогаш.
    Многу ме нервираше една другарка ( која и баш не е од сиромашната класа има пари и тоа многу) секогаш кога ќе излезевме навечер и кога ќе земевме пијчка викаше плати ќе ти дадам пари....и никогаш не даваше. И ја научив дека е таква (не само јас , и другите другарки) и сега кога ќе ми речи така и викам немам ситно, и виде дека не и плаќам поќе и не ми вели мене....ама на другите да.

    Чиста сметка долга љубов.
     
  19. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Ми имаат позајмено пари само за ситници, и обратно. Да речеме сум ги заборавила парите дома, не ми стигнале за нешто и слично.
    Секогаш го враќам тоа кое ми е дадено затоа што во спротивност се чувствувам непријатно. Поголема сума на пари ниту сум побарала, ниту ми побарале на заем. :)
     
  20. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Во последно време не толку често, порано многу повеќе, едноставно кога јас имам пари сите луѓе окулу мене имаат.
    Со другарка секогаш парите заедно ги чуваваме без разлика која колку има, заедничката сум ја трошевме а не секој своите. Често знаев да ја викнам да излеземе и јас се да платам, но никогаш не ми било криво за ниту едно денарче што сум го потрошила со неа, едноставно уживав во нејзиното друштво а парите се релативна работа.

    Поголеми суми немам позајмувано, ниту сум побарала ниту некој побарал од мене, но сепак секогаш кога ќе позајмам макар и 50 денари сакам во најкус можен рок да ги вратам, неубаво се чуствувам кога знам дека нешто некому должам.