веке нема шанси...дури дечко ми и позајми бидејки јас немав во моментот а сега наместо да ми ги врати она се заканува и сила се прави...така да веке на НИКОЈ не давам,а јас па и не барам од секогашсум биа таква да ми е срам да побарам-колку си имам толку
голема сума на пари никогаш ниту сум побарала ниту ми побарале.. ако не ми стигнале ми посајмиле.. подоцна секако сум ги вратила
Ми позајмувале и сум позајмувала пари само за ситници, никогаш не била некоја голема сума, а сепак тие пари биле неодложно потребни во тој момент. Цело време сум враќала, и мене ми враќале.
Ништо да не позајмувате а најмалку пари Позајмував и книги -па да на крај ме прават будала дека не сум им дала или дека ми ги вратиле А јас џабе фрлав пари -од факс зборам,за книги несакав скрипти да купувам,демек литература да си имам,за да на крај не ми ги врати....Може сум малку офф,сорри,а за парите се имам изјаснето.Не останаа луѓе и НЕ Без срам!
Јас често сум позајмувала пари, најчесто на колешки и најмногу што ме нервира секогаш морам јас да си ги барам, на никој не му текнува сам да ми ги врати и тоа ми е најтешкиот дел,ем мои пари се ем ми е тешко да им речам. Последното што беше, не е баш позајмување, ама на една колешка и го оставив индексот со 300 ден за пријави за да ми земе оценки, во меѓувреме немаше термин за ниту една оценка и требаше да ми ги врати парите.И се среќаваме ние на испит и ми го враќа индексот празен, се прави наудрена ама некако избегнува да ме погледне во очи, ја врти главата...од прво си мислев да не и викам ништо,си реков ај нема врска, блиска колешка ми беше ама кога заврши испитот бевме на кафе повеќе колешки меѓу кои и она,гледав дека нема намера сама да ми ги врати па јас и реков.Поарно кажи немам пари во моментот, или ми требаат, ќе разберам а не така наудрен да се правиш
Такво е времето да не смееш пари да позајмиш ни на роднини а не пак на пријатели. Ако позајмиш на роднини биди сигурен дека во скоро време ќе се одродите ако позајмиш на пријател и не ти ги врати тој не ти е вистински пријател. Најдобро, ни земај ни давај можеби малку себично ама бар нема да те фатат на емоција
Позајмувам ретко кога ќе ги заборавам парите или ми фалат уште пари,ама од најблиските од 2-3 другар/ки,ама јас велам ЧИСТА СМЕТКА ДОЛГА ЉУБОВ.Така да утредента одма враќам.
Исто.. Никогаш не сакам да позајмам, кога знам дека не би можела да ги вратам. Обично позајмувам мала сума на пари и во најкраток рок ги враќам.
Ако знам и сум сигурна 100% дека ќе ми ги вратат ќе им дадам(ако имам) во истиот момент кога ќе ми побараат !!
Позајмувам на секој што ќе ми побара-доколку имам Јас не сум особина која може да игнорира човек кој е во лоша ситуација, но исто така многу ме провоцира коа некој не си стои на зборот доколку еднаш ме зафркне втор пат поубаво да не ни покушува..Етте башх таква сум! и све влице им плескам коа кје ме нанервираат. Но има и чесни луѓе кои што си стојат на зборот и не сакаат арам . тоа посебно ми се свиѓа , и јас сум од таја група!
Јас секогаш сум позејмувала на најдобрата другарка, но не сум ги барала парите назад..туку на некој начин сум ја частела работи, и таа ме частела друг пат. Инаку имам од подалечни другарки побарувано но веднаш сум им ги враќала, кога сум била во можност.
Би позајмила на некого пари во случај да ја познавам добро таа особа и да знам дека еден ден кога ќе ми потребаат и на мене пари дека она ќе ми позајми.
јас сум таква личност што на секого сака да помогне а на крајот пак сум таа сто страда,се осека лошо итн..имам позајмувано на мн луге пари и никој не ми ги вратил досега..последен пат бев со дечко ми да се шиша и дојде и братчед му и на крајот кај плаќам и братчед му немаше ситно и вика ајде кети плати и за мене па ке ти дадам јас и јас онака ајде ОК ...поминаа месеци тој уште не ми ги врати парите 13 евра се ама мене ми значат и тие јас сум студент а тој работи..а мене па ми е мн незгодно да му речам парите да ми вратиш..
Само на посебни луѓе...а таквите сами ќе ги осетите кога им се потребни, нема да мора да ви побараат.
Позајмувам само кога ми е итно и кога знам дека ке ги вратам. Инаку што имам една колешка ми бара на заем и знам дека парите ми се закопани, нема шанси да ми ги врати некогаш, не ми е мене за тие 50 денари ама ете 50 по 50 по некоја груба проценка ми должи околу 300 денари. Ама завршено не позајмувам повеке, не сум јас тука спонзор да и купувам за јадење и кафе, а кога ке излезам со дечко ми да немам
Досега немам земено, не не би ми било срам да побарам доколку ми дојде нож под грло. Инаку многу пати имам давано на другарки кога ми побарале.
позајмувам само од брат ми една другарка која знам дека и да закаснам еден ден нема да ме озборува а како се имам зезнато на една другарка и дадов 5000 ден таа си се дотера за матурската а ја си се простив од парите еве скоро година помина таа ни а ни б за парите ко и спомнам само ја менува темата еднаш и се развикав па ми вика што сум и ги давала лом не направи и фатив ја оставив и деф таму на чест нека и се парите срамота е само нз како не и е срам и др ми се жалеле од нејзе после мојата случка како и давале париа не ги вратила.ама секаков народ постои за ЖАЛ
Јас да му позајмам на некој пари може, не ми е проблем, ама јас ретко барам пари од некој т.е. одбегнувам да барам оти после мош ќе се заборавиш, па на другиот незгодно му е да ти ре4е, зна4и ретко позајмувам од други, а кога позајмувам во најкраток можен рок ги враќам...
Секогаш кога на некому му требало и ми побарал сум позајмувала, некогаш на другарки кога ќе им требат сама се нудам да им позајмам и нормално си очекувам да ми ги вратит иако за 20 денари ако се во прашање немора да ми ги враќаат. Инаку многу ми е незгодно да барам пари на заем. Не знам зошто ама пре би да стојам гладна да не купам за јадење него ли некому пари да барам, а инаку ако земам некогаш обавезно ги враќам. Сум немала потреба да барам поголема сума нити некој побарал од мене и се надевам дека нема ни да имам потреба да барам.