Секогаш сум позајмувала но на личности на коишто знам дека стварно немале и им требале парите. И речиси никогаш не сум очекувала да ми ги вратат. Шта чеш, животно искуство. И да, речиси никогаш позајмените пари не ми биле вратени. Делумно тоа било и е моја вина, бидејќи не се чувствувам удобно да ги барам назад, да инсистирам, да растурам пријателства заради материјалното. Свесна сум дека тоа ми е една од најлошите особини, ама тоа сум јас. Од срце си патам . А јас многу мразам да позајмувам пари од некого. Многу ретко сум го правела тоа, дали двапати досега. Тоа биле мали суми и исклучиво кога ми горело под нозе, кога сум немала ни за јадење, ни за пиење буквално. И при првиот прилив на пари, веднаш сум ги враќала. Кога некому должам нешто не се чувствувам убаво, имам грутка на душата, не можам да спијам, постојано го мислам тоа. Не сакам и не можам.
Им позајмувам пари на тие луѓе што имам доверба во нив.Ако се во прашање малку пари им позајмувам и на друѓи кои ѓи познавам...
малце пари можам да позајмам, па и да дадам, на било кој (другарка, другар.. ), а поголеми пари не позајмувам. Порано позајмував и си ја научив лекцијата. Штом на сестра ми не можам да и верувам дека ке ми ги врати парите, не можам ни на некој од надвор. Е сега за во иднина не се знае, можеби ке се појави некој што ке стекне 100% доверба кај мене (што е малце тешкичко ама... ју невр ноу), па ке можам да му позајмувам ако има потреба.
Значи она, масовно позајмување со враќање, ептен кога сум без пари, или кога е без пари, правиме со цимер ми. Не голема сума, најмногу до двесте денари, кои секако, си ги враќаме, дали ко банкноти, дали ко пиво или кафе, углавно околу тоа се врти. Имам позајмено осумстотини денари кои тогаш ги имав и можев да ги позајмам еднаш на една другарка, и никогаш не ми ги врати. Тоа е најголемата сума на пари што воопшто сум ја позајмила и се покајав за истото. Сега обично велам дека немам, кога ми бараат некои такви што немаат абер да вратат. Враќам секогаш ко ќе позајмам, но речиси и никогаш не позајмувам од друг освен од луѓе кои навистина би разбрале дека ете, во моментов ми треба... за да не дојде до недоразбирање.
Во 1 година на едно девојче постојано и позајмував пари. Бевме ептен блиски заедно седевме а таа изгледа и даваа 200 денари за цела недела што мислам дека за една средношколка е ок. Што ги правеше парите незнам но само понедленик имаше пари другите денови не само од мене постојано бараше од некој пари или да и скрши од лебчето. Еднаш ми побара 50 денари да јадела ќе ги вратела ги дадов, после тоа пак ми побара за кифла 20 пак и дадов, ми побара 10 за тетратка за писмена еднаш и дадов. И на крај ко се договоривме да одиме цел клас во слаткара јас немав доволно пари а видов дека таа носи и побарав таа почна да ме лаже дека леб ќе купела незнам што и и кажав толку со мене си завршила. И од тогаш ниту во 2 година не се дружев ниту пак планирам да се дружам со неа повеќе. Исто така една комшика имам заедно учиме и со неа има навика постојано да си бара пари од некого и се обеќа ке ти ги вратам и никогаш ми нема вратено. 2/3 пати и дадов по 10/20 денари не ги врати. И затоа повеќе ниту не кажувам колку пари носам ид а ме прашаат си велам колку за јадење. Не ми е за 50 или 100 денари туку таа и како личност не беше стабилна само што ќе види некој со повеќе пари веднаш му се лепи се лигави и вика "Мама ми рече само со тебе да се дружам" . Потоа и финансиската состојба дома многу ни се промени татко ми немаше псотојано работа и сега нема го викаат кога има потреба да работа а некогаш седи дома. Шо значи само на платата на мајка ми сме и затоа многу внимавам и си штедам постојано. И не ги разбирам лугето кога ќе речат "за 50 денари ли си" не е проблемот за парите но довербата се губи. Јас да работам и да имам пари не ми требата нејзините 50 денари ама и јас сум ученик како неа и јас зависам од родителите. И некогаш кога се нема не 50 туку и 5 денари многу се.
Имам позајмувано и ми имаат позајмувано.Секогаш сум враќала ,а не секогаш ми враќале .Сум позајмувала само на блиски другарки и другари.Се работело за мали суми.На секој може да му се случи да му недостигаат 10-20 денари,се разбира не многу често. Имав една другарка од прво до петто која секој ден ми бараше пари.Нејзиното семејство беше далеку побогато од моето, а јас секогаш бев таа што позајмува.Никогаш не ми ги врати парите што и ги позајмив.Секој ден позајмуваше од сите по 10-20 денари и така си преживуваше на училиште.
Секако дека позајмувам пари,сите сме луѓе не дека којзнае колкава сума ќе позајмам,ама битно кога можам на некој да му завршам работа, за некому можеби многу ќе значат тие пари. Спојлер Баш пред некој месец ми се случи да одам до слаткарница да си го земам ролатот за роденденот и ми остана во мене само 10 ден.Неколку чекори подолу,на свртување од кај една др. продавница една жена на околу 40-50 год. ме сретна и ми побара само 10 ден.Се гледаше дека имаше проблем жената со очите,дури плачеше од болка Срцето ми се стегна.Ќе и дадев повеќе ама само толку имав.Ми кажа кажи кој ден и во колку часот да се сретнеме да ти ги вратам парите.Јас и реков не може така,ако имав и повеќе ќе и дадев.Жената ми рече ова не се многу пари, ама знаеш многу ќе ми помогнат.Се гледа дека си добро девојче,Господ ја гледа оваа добрина и се надевам еден ден ќе ти се насмевне среќата.Ме зачуди малку.Од кај јас среќа во животот ** Спојлер др. пример Порано на моја школска постојано и позајмував, и тоа секој ден. се по 50 ден.Значи си имав мои пари за излегување и нормално требаше да си ги чувам и од моиве пари за на школо одделував и од парите за излегување.Значи не и текнуваше да ми ги врати Кога ќе си ги барав се правеше на тошо и ми велеше ти ги дадов,зарем заборави.. Никогаш за ништо не плаќа на школо, ни за хамер,ни за ништо.Ама кога ќе ја видиш нашминкана 3 слоја маскара,нацрвена ама ако хигиената и е никаква...мрсна коса, неизмиени заби... ... Се‘ и изнакажав во лице, па на крајот на краиштата моиве кога ми ги даваат парите ми ги даваат за да јадам,да ми се најдат + колку тешко се заработени тие пари.Знам дома некогаш и гладна се враќав,за нели на дотичната да и помогнев,ама сфатив дека и не на секој се позајмува пари.Се надевам еден ден ќе им се оддолжам на моиве за се‘. Инаку јас за да побарам од некого ми е срам, а и ептен да ми треба ако не ги вратам во рок од 1 ден. навечер не можам да спијам,постојано ќе ме копка срцето макар и 5 ден. да се
До сега немам позајмувано на никого ни од некого сум позајмила. Ако толку многу ми требаат сигурна сум дека од дома ќе ми дадат, не сакам да се позјмувам од други. Океј можеби пријателите служат да ти се најдат во невоља апа сепак е подобро прво од дома да побараш пред да почнеш да се позајмуваш од други. Не ми се случило ни некој да ми побара да му позајмам пари зборам за поголема сумва, оние до 100-200 денари не ги ни рачунам, се случило да позајмам на другарка за кафе или слично ама тоа го гледам како частење, не го ни сметам за позајмување, и мене ми се случило да немам апри за кафе па да ме почастат, во секој случај не сме го сметале тоа за позајмица иако после сум вратила со иста мерка. Вака кога размислувам не сум баш спремна да позајмам поголема сума на пари на никој освен на дечко ми и сестра ми, од нив не би ни барала да ми ги вратат парите, на другарки или познаници мислам дека не би позајмила. Секако не сум ни во состојба да позајмувам некои суми на пари само незнам како би постапила доколку некој ми побара... Се сеќавам порано татко ми му позајми на некој подалечен пријател негов околу 200 евра и сеуште му ги нема вратено, а од тогаш поминаа 10тина години. Можеби човекот стварно нема, а татко ми му излегол во пресрет и му помогнал ама па до сега по 10 денари да тргаше на страна ќе собереше да му ги врати. Нема врска му ги прости изгледа ама како би му завршиле работа на татко ми тие пари сега само кој да му ги врати... Можеби заради оваа случка сум против позајмување на пари поготово па на толкави суми.
Па позајмувам, и ми позајмуваат. Само ситни пари. Сакам да ги вратам уште следниот ден. Најчесто позајмувам од најблиските другарки. Имам другарка која е богата, носи марка облека, а постојано бара пари на заем, и никогаш не ги враќа.
Јас имам еден проблем со ова и барам совет зошто мојата поврзаност со личноста можеби не ми дозволува да ги согледам работите реално.Вака и јас и брат ми сме студенти и живееме во Ск, јас во стан тој во дом, без разлика на тоа што моите потреби се поголеми за во стан, од аспект купување на храна која во домот ја има обезбедено ние добиваме иста сума на пари.Јас редовно му давам на брат ми, не велам позјамувам зошто ни не очекувам да ми ги врати и последните 100 ден да се, ќе ги поделиме.Проблемот се јави годинава откако тој почна да се дружи со еден дечко, значи детето го запознав и јас, фино е, мирно, гледам дека си заживееја со брат ми ептен, арно ама забележав дека константно му бара пари на заем за кои верувам дека не му ги враќа.Значи и тој е од нашиот град и се десило пр моите да имаат да ни дадат пари за превоз колку да си отидеме и некој ден плус за јадење па ни пуштаат во текот на неделата, ама забележав дека другар му на брат ми редовно нема пари да си отиде за ск и брат ми ги дава на него останатите и потоа цела недела тој нема пари во него, а иако има обезбедено храна, пари си требаат, тој не е цело време во домот за да јади таму и сл.Јас бидејки ме е жал што е без пари му давам на брат ми од моите, ем свесно дека тој имал ама ги дал. Се десило да излеземе и тој да е со нас и брат ми да го части пиво или кафе,дури за во кино да му ги позајми последните пари.Пред брат ми да отиде за Америка, од стипендијата му позајми 50 евра, му требале за нешто, јас поим немав дали му ги има вратено или не.Пред некој ден пошто јас немам фб тој ми рече да го отворам неговиот и да видам некој линк што го има пратено во порака на другар му и јас ненамерно го видов и разговорот дека тој му барал пак пари ден пред да отиде на пат.Мене тоа страшно ме изреволтира и му пишав порака на брат ми да го прашам дали му ги има вратено тие 50 евра и дека сметам дека не е во ред што цело време му позајмува пари, едноставно му реков да го одбие неколку пати за да види дали со него е само заради тоа или онака реално се пријатели, зошто сигурна сум дека кога ќе се врати од Америка ќе му бара пак на заем поголема сума. И се деси следново, брат ми ми се налути на мене, како тоа јас не сум имала право да се мешам во неговите пријателства, како тој му ги враќал, па и тој му зајмувал кога брат ми нема, што знам дека не е така зошто јас секогаш му давам кога нема. Значи брат ми е човек со добра душа, тој е наивен искрено и јас не сакам да го гледам повреден или некој да го прави будала.Не сакам да му се мешам во пријателствата далеку од тоа, ама јас ги согледувам работите од страна и мене не ми изгледа во ред.Значи и јас сум позајмувала и мене ми позајмувале, посебно цимерката моја, цело време сме должни една на друга, ама никогаш не се случило да не си ги вратиме парите, ама јас и таа се знаеме цел живот, тие се знаат само година дена, затоа ми е смрдилива работата. И јас ептен разврзав муабет, ама стварно сакам да чујам совет како да постапам и дали сум во право, зошто вие не ги познавате и вака изнесен проблем полесно е да се согледа што како е.
Да не му дава веќе. Кажи дома на твоите да не му даваат џепарлак штом така ги дава на другар му како да родителите твои парите на дрво ги берат. Стопирајте веднаш да не ве искористува некој што можеби и си има пари во џеб, ама си ги чува, а вас ве искористува. Јас само на домашните позајмувам пари, па и за нив кога ми должат пари, а ми се дерат неосновано криво ми е. Такво време е дојдено, дома ајде да помогнеме,ама за непознати, пријатели и познаници, ма нека се снаоѓаат како знаат.
1209 мислам дека е време сериозно да разговараш со брат ти. Замисли кога ќе се врати од Америка со заработени пари сите ли ќе му ги дава на другарот? Зарем не е греота он 3-4 месеци работи во Америка за кого и за што, за на крај да му ги позајми на другарот и да не види ништо од тие пари? Убаво разговарај со него, објасни му дека тоа е за негово добро, да не си ги фрла така парите и да престане да му позајмува на другарот затоа што ќе остане без ништо на крај. Мислам дека и ти терба да престанеш да му позајмуваш на брат ти затоа што додека тој има кој да му позајми (ти) и тоа ќе позајмува на други. Објасни му колку твоите се мачат да обезбедат се за тебе и брат ти, а како он им враќа со тоа што ги позајмува парите и највероатно не ги добива назад. Јас разбирам еднаш два пат да позајми, ама ова ти што го напиша и премногу и мене ми личи на искористуање. Ако несака да те послуша закани му се дека ќе разговараш со твоите родители, тоа многу би ги повредило сигурно парите што тие ги издвојуваат за него он да ги дава на друг. Кажи му дека тоа му го збориш за негово добро и да не те сфаќа погрешно затоа што само се грижиш за него и несакаш некој да го искористува. направи го овој муабет пред да се врати затоа што ако се врати пред да го направите муабетов ништо чудно да му позајми на другарот и поголема сума од заработените пари што претпоставувам ќе ги донесе.
Прво треба да се осигураш дали вистина не му ги враќа позајмените пари, тоа што брат ти пак бара од тебе не ти е баш сигурен доказ дека не му го вратиле позајменото, може едноставно ги потрошил. И сама велиш дека со цимерката стално си должите, така бев и јас со моите, секогаш за пат на една од нас и фалеа пари, па таа што не си оди тој викенд ќе и позајми, кога ќе се врати во понеделник ги враќа. Ама паметам и дека кога ќе ги потрошевме парите на некоја глупост, дома се вадевме дека сме дале на заем и чекаме да ни ги вратат Разговарај смирено, без да се трудиш да го наполниш со паники како некој го искористува, сепак не е мало дете. И доколку вистина е некој со него само за "позајмување" а тој верува во искрено другарство, може ќе помине време ама сам ќе се свести. Некој долар може ќе отиде курбан, ама тоа ти е, исто како дечко затрескан во спонзоруша, оди докажи му дека не го сака. Можеш да помогнеш само доколку си 100 посто сигурна во тоа што го мислиш, во спротивно само се плеткаш во пријателски однос кој не треба да те засега.
Сестра ми постојано бара пари на заем од мене. Ѝ давам нормално, не можам да ја слушам 24/7 да ми кенка. Вели, утре ќе земела од тато и ќе ми ги вратела. Но никогаш не ми го враќа. За 1 месец ми зема 2 500 денари. Не се многу, но истите сама ги заштедив и требаше да ги потрошам за нова облека, а не за неа. Затоа веќе ни 1денар нема да ѝ позајмам, а не па повеќе.
Nikogas ne sum se dovela vo situacija da ostanam bez pari i da pozajmuvam.Si gi pruzam nozete kolku sto mi e dolgo cergiceto Mnogu retko pozajmuvam i toa pretezno na bliski osobi, sitni pari(100den.).Neretko zaboravaat i ne mi gi vrakaat...
Јасно е дека тој го користи брат ти само за пари. Кажи го ова на твоите дома и нека му се заканат ако продолжи вака дека ќе му го намалат џепарлакот. А тој другарот кога ќе побара пак пари брат ти едноставно нека му каже кога ќе ги вратиш позајмените тогаш ќе праиме муабет за други. Едноставно и брат ти треба да има малку свест твоите работат за вас за вие да се исшколувате и да имате полесен и подобар живот. Иако во домот има и храна и вода и се сепак неможе брат ти цел ден да седи во домот нели треба да излезе на кафе, сокче, кино некаде да прошета. Ако ова не помогне и ти не му позајмувај на брат ти кога ќе ти побара кажи му немам и готово. Ако една недела две три остане ебз пари ќе си ја научи лекцијата. А верувај додека не осети на своја кожа нема да сфати.