1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поздравување со бакнување

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 8 септември 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Денес, врвот во еволуцијата на поздравувањето претставува бакнувањето.
    Дали го претпочитате тоа?
    Нешто ептен на мода излезе, луѓето се бакнуваат дури и при најобичен поздрав!

    Мене ептен ме нервира, кога ќе ме зацуливаат некои стари баби, роднини, особено оние жестоки бакнувачи кои мора да те бакнат точно три пати!
     
    На Liebe.Love му/ѝ се допаѓа ова.
  2. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    129
    Лелее ме потсети сега на една далечна роднина на баба ми која си имаше два проблема: првиот, мноогу непријатен здив (можеби и не по нејзина вина :?: ) и второ, и покрај првото, мноогу сакаше кога се поздравува со некој да го испочитува обичајот со три бакнежи, и тоа од оние сочните, па после да не можеш да престанеш да си бришеш образ. :lol: Е сега замислете комбинација од овие два проблема, :worried: или подобро немојте :lol: .
    Се сеќавам дека кога ќе спомнеше баба ми дека она и доаѓа на гости, јас се криев каде ќе стигнев за да не мора да ја добијам таа доза на љубов и куртоазија. :x
     
    На Alesii и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  3. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Анфејтфул браво за темиве, алал да ти е :clap:
    Инаку и мене ми многу глупаво ова со бакнувањево. Денес сите го правиме тоа, сме се знаеле - не сме се знаеле, сме се сакале - сме се неќеле - сите! Некако како во мода да е, да се ракуваш е реткост. Го практикувам, но се поретко, се трудам да си ја искоренам таа навика. Ај за со родниниве, како било, ако се немаме видено подолго време - ок, ама пак со сите? Демек, толку се сакаме |( Особено ми е глупаво кога ќе се поздравиш со некоја другарка/другар и кога и тие што се со неа/него ќе те избацат, изгушкаат, леле мајко, а никогаш или здраво не велат или се знаеме, а не се познаваме. Е тие ме нервираат или кога некои напасти ќе ти се обесат и ќе те " залапаат" в образ толку силно што ќе ти направат " шливка"
     
  4. Harlow

    Harlow Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    105
    Не знам од каде излезе ова шлапкање со секој |( . Со некој што навистина не сум го видела долго време или ми е близок, да, ќе се поздравам така. Не претпочитам да се поздравувам така со другите.
     
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Стварно е глупава работа и не знам од кога почнало ова.
    Можам ајде да разберам со роднините. Пак поблиски се, а и не се гледам секојдневно со нив. Ама со другарките и другарите? |(
    Се сеќавам кога имаше грип, птичји, свински или незнам каков, дедо ми ми урлаше да не се поздравувам така со сите. На што личело тоа, ширење зарази, бла бла... и си реков ај што има врска,и престанав да се поздравувам така. И сите ќе дојдат да се поздрават јас само здраво и толку. Луѓево ме прашуваа што тие? Лута да не си? Зашто не се поздравуваш? :|
    И почнав пак со сите гушки и бацки... лигавење до бескрај со луѓе што ми значат и уште полошо, со луѓе што не ми значат, ниту ми се другари.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Ако нешто вистински ме иритира, тоа се средношколци во градски автобус. На првата станица со мене се качуваат две, тие веќе надвор се испошлапкале. На втората уште три и почнува колоната на бакнежи и целивање. Мислиш 100 години не се виделе, секоја со секоја. Тоа нема место да стоиме, они да се бацеле. |( На третата станица се качуваат неколку машки, ај викам овие сигурно не го прават тоа, мислат дека е сељачко, кога еве ти и они со секоја таму што се наредиле. Глупости, ми се оди да им ја треснам на сите по една.

    Јас се бацувам со другарка ми кога ја немам видено повеќе од 3-4 дена и тоа само на доаѓање. На одење не, си мафтаме само за чао. Многу ме нервира тоа, да не почнам пак за поздравување со роднини, до три пати. Најсмешно ми е кога јас пружам рака за поздрав, ама они те влечат да се шлапнеме 3 пати, и ем се целиваме ко луди, ем со рака се поздравуваме. :D Која доба сме, алоооо!!!!

    Лоша навика, не знам како да им појасниш на луѓето дека не сакаш шлапосување со секој. |(
     
    На LittlePinky, senza.parole и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.979
    Пол:
    Женски
    Станало мода, Трендафилче, тоа ти е :lol: јас не паметам дека ние правевме вакво нешто во средно школо. Изгледа бабите ги научиле :lol: шегата настрана, мене ми пречи. Да, ќе го направам тоа со некој што многу ми значи, со некој со кој не сум се видела долго време, а мразам кога некој што го гледам првпат очекува така да се зашлакаме. Па уште онака сочно - а не, од кај да знам што носи во себе, па да ме шлака мене по лицето. А порано знам дека така правеле, обичај ли, традиција ли, не знам... ама кога видов во Струмичко дека во уста се бацуваат три пати (сите, без исклучок) - ми идеше да повратам :puke: мислам, почитувам традиции, ама се си има граница.
     
  8. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    341
    Порано нон-стоп се поздравувамв со бакнување.некој прв пат ќе го видам во животот и ме бацува и мене ,глупости.Сега сосема го одбегнувам тоа.Се поретко гледам да се служам со тој поздрав.Многу ми е подобро да пружам рака.А и похигиенски е ,сега има секаков народ(со алергии,инфекции,настинки,вируси....бла бла бла)
    Значи сосема сум ЗА ова да се отфрли.
     
  9. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Практикувам бакнување со личности кои ми се блиски и со кои несе видувам баш секој ден.Навистина е глупо како што кажа Трендафилка на секое видување средношколките неможе да се изнабакнуват само.Ми е глупо и тоа со некоја особа сега сум се видела,па кој знае кога и не ми е нисто посебно блиска и нареден пат кога ќе ме виде ке ме гуска и бакнува...навистина глупо.Еве со другарками со која сум навистина блиска и се видувам секој ден не се бакнуваме,се бакнуваме кога подолго време намаме се видено.И нормално тогаш следува прегратка и три бакнежи. :*
     
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Јас сакам да изгушкам и да бакнам некого со кој сум си блиска, или пак се немаме видено долго време, нормално дека не се цмокаш со секој и секогаш :) ама општо ми се допаѓа таа навика, убава е и топла, покажува емоции и блискост меѓу луѓето.
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Сметам дека е во ред ако подолго време се немаш видено со некои блиски роднини, другарки... ама ај сеа секој ден се гледаме и на факс и сегде и да се шлапаме секој ден? Јас не го правам тоа, како прво не ми дошло до некого да го бацувам секој ден во образ, ко второ е нехигиенски, а трето да не кажувам коа ќе дојде некој несреден не се измил од сабајле и ќе не види сите чекаме пред училна и ќе го фати редот со сите mwa mwa mwa .... буквално ко да не видел девојчиња па толку му е мерак секој ден да ги бацува па уште и си дозволува раката да ти ја стави на половина или на врат, ма дааај демек многу не поштува па дане баци... :@, исто ми е непријатно да се бакнувам во образ со другари на дечко ми па им пружувам рака... дај нека се исфрли оваа навика, се мислам дека од шпанскине филмови дојде, која друга нација се бакнува толку секој ден со сите шо ќе ги сретнам на улица...
     
    На BV87 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. verolinka

    verolinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    6
    Ова ми е толку дебилско |(
    Се поздравувам не велам не,ама со граница.Не му се фрлам на секој еден да го цункам....Се бакнуваат мислиш демек многу се сакаат.А после следува една |( ваква фаца....
    Мразам кога некоја што ни ја знам нити познавам ми налетува и шљап.....
    А уште по иритирачки е кога ќе видам како и машките меѓусебно се поздравуваат на овој начин! Одвратно!
    Сега тие што не сакам да ме бакнуваат им велам дека ми излегува нешто на лицето,па другиот пат нема да има цунки....
     
  13. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    5.841
    Јас на сите гости ќе им подадам рака и по еден бакнеж и крај. Нема тука лигавење. Мразам кога некој ќе ме зашљапа, па после да не можам да се добришам. :puke:
     
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.924
    Доаѓа од шпанските серии ;) Таму сите се бакнуваа и ние нормално да ги имитираме...

    Инаку порано се поздравував така, ама од кога бев една година на страна и сфатив како сите си почитуваат приватен простор и не се ни ракуваат, туку викаат здраво само си ја прифатив таа навика и сега така правам. Кој сака нека се лути. И дечко ми во право е кога вика *ее кој се нема да те баци по образ, па јас после како сите да нив да ги бацам преку тебе :| *
     
  15. Aurelia-Aurita

    Aurelia-Aurita Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    40
    Тоа шо се дешава во Струмица е циркус. Мене искрено ми е глупаво ова бакнувањето, и го практикувам само со роднини (затоа што морам), и со луѓе што не сум ги видела некое време. Во Струмица одам на музичко, и многу ми пречи коа ќе се изредат сите. Како прво, не е хигиенски, а и изгледа просто. Ама ајде, така останало..
     
  16. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Избегнувам да го применувам колку што можам. На училиште кој како иде се поздравува во образ и замислете како изгледа ко ќе дојдеш последен и одиш со 30 да се поздравиш. Но сепак најглупаво ми е кога некој роднина што првпат го гледам се поздравува со мене 3 пати во образ :tmi: зарем тоа е неопходно :^)
     
  17. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Jас ова не го практикувам никако,воопшто.еве ке кажам еден пример:за нашата свадба,кога седиме како пред врата во хотел,доагаат луге да се сликаат и поздравуваат,верувајте незнам колку луге поминаа,и со сите бацнувај се :puke: некои беа пијани,пушачи,испотени,нечисти,ипудросани секакви :D вечерта ккога дојдовме дома ми излегоаа два големи херпеси и уште како мали лузнички ми се познаваат :x од свадбата не практикувам бацнување,не давам козметики,посебно сјај за усни :) едноставно може ретко да ми се случи вакво поздравување,ако ме стргаат за рака :D
     
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.135
    Допаѓања:
    88.484
    Пол:
    Женски
    Мене ми е многу глупо и практикувам да не го правам. Така се поздравувам со многу блиски личности и личности што ми се драги а не сум ги видела долго време. МНогу ми е глупо не сум видела некој со години и сега ајде ќе се бакнеме ко кој знае колку да сме блиски. И на свадба никогаш не ги бакнувам невестата и младоженецот зошто доволно ги шлапаат тој ден :D
    Пред некоја година бев во село во Куманово кај некои пријатели и кога не пречекаа сите не изнабакнаа ама имаше една баба леле проба во уста да ме бакне ама беше многу лигава, се разбира се потргнав па добив три сочни бакнежи во образ :puke:
     
  19. Macckata

    Macckata Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Тоа е толку глупаво што неможе да се опише, во денот еден ист човек го сретнуваш на пример 5 пати и 5 пати го бакнуваш, како да се намате видено кој знае колку години-глупости. А и оние попаметните луѓе ни кажуваат дека тоа пренесува и разни бактерии но никој не ги слуша, а потоа кога ќе и се појави некоја кожна болест се чудат од кај и е ... Избегнувам такви глупости и си го чувам моето лице убаво и избегнувам бакнувања со пријатели- како поздрав
     
  20. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Со некоја другарка што се немам видено долго време се поздравувам и се бацувам . Мрзам да поминувам во школо и сите да ги изнаредам и да ги бацувам . Повеќе од доста ми е што ги глеам секој ден , па секој ден и да ги бацувам ли ?!И престанав и годинава ретко , која ми пријде со таа така се поздравувам . Иначе си викам здраво , што правиш :D