Темава баш за дечко ми Цело време се нервира што сите мои и негови другари кога ќе ме видат ме бацуваат... Не дека мене нешто многу ми е мерак да се поздравувам вака, ама така е наметнато и некако не сум размислувала посебно на таа тема, се додека дечко ми една вечер не им се испоразвика на другарите: Аман бе веќе што е ова бацување, за здраво ја бацувате, за чао ја бацувате, ај идете у п.м сите (нормално на заебанција пред нив, ама јас му ја сфаќам поентата). А, они па уште му викаат: Еј, уште да не беше вакво поздравувањето, па кога ќе имавме можност да ја бациме девојка ти Дечко ми, ифритосан им вика: Мореее, коа ќе ве фатам јас вас... Нормално се заврши на шала на смеа...
Па глупаво е навистина,ама ете кога е помало друштво и сите подобро ги знам тогаш мислам дека е во ред.Но навистина ме нервира кога ќе се наредат 50 луѓе и јас треба да поминам и со сите да се поздравам па уште ќе чекам на ред да дојдам до нив. Само едно здраво е доволно,не гледам што е проблемот тука.И да мразам кога секој ќе ме допира по фаца ама кога друг се поздравува не можам да му речам:"Е ај немој,гад ми е".
Одсекогаш сум го избегнувала ова шлапање,ама не можеш бре човек.Ти доаѓаат сите и те шлапаат ко којзнае колку да ме сакаат Се поздравувам со пријатели и роднини кои долго време не сум ги видела.Кога се поздравувам со братучетките паѓа едно дооолго и сочно шлапање,но ни е тоа од милост и ние тоа си го сакаме.Мразам кога ќе ми дојде некое бабе и ќе ме изнашлапа онака сочно и ќе ми се излигави по лицево Мислам луѓе ве сакам и ве почитувам,ама доста ме лигавите.Другаркиве мои си се поздравуваат со сите со бакнување и кога ќе се поздрават со нив ми доаѓаат и мене и неизбежно е тогаш и јас да сум шлапната.Јас практикувам да им мафнам на луѓето и да им речам здраво како си или пак кога излегуваме со друштво јас им викам на сите дечки многу сте да не се поздравувам со сите еве ви праќам бакнеж и крај.И после ги чекам уште 10 минути секој со секого да се шлапне така убаво. Сега ми текна,па редактирав.Имав јас еден удварач многу неубав-да не речам грд.И јас го избегнував,ама џабе Се осеќав како да ме следеше.Каде јас,таму и тој.И на секое шљап,шљап,шљап Ама тој си имаше некој специфичен начин за ова.Прво ти ја фиксира устата на лицето.Па потоа малку ја олабавува и ти ги разнесува усните рамномерно на фацата и на крај те лигави
Уште еден глупав тренд на денешницата Бабите, лигавењето , тинејџерски акни низ сурат непријатен здив и лигава уста ..да се наежиш Неизбежно е во секој случај На моменти ми доаѓа силно да трчам накај дома само за да си ја дезинфицирам фацата откако некој уште шливка што не ми направил на образ а оставил доволно плунка да залепам плик
Не ми се допаѓа ваквото поздравување...ај доколку се сретнеш со некој што го немаш видено долго време, ќе се поздравиш, но со некој што секој ден го гледаш, ептен е глупаво, доволно е „Здраво“ да кажеш, нема потреба од бакнување...
Ахх.. мислам дека сето ова се должи на Млади бунтовници, па и воопшто на латиноамериканските серии. Од таму почна се. Искрено, сакам да се поздравам со некој што ми е близок и мил на овој начин, па дури и да си го гушнам, но со обични познајници или со луѓе што ги гледам секој ден, станува више напорно. Аххх.. златни времиња беа кога се поздравувавме со рака!
Од повеќето коментари заклучив дека никој не е расположен за овој вид на поздравување Па девојки зошто го правите тоа ако несакате Доста е веќе правење на лице и бакнување небаре којзнае кого си видел Мислам дека секое бакнување денес е ираз на лицемерие (освен доколку некој не си го видел подолго време,а ти е ДРАГ) Дајте да го исфрлиме од секојдневната употреба ,затоа што воопшто не е неопходно
Јас сум големо гушкало и затоа тие што си ги сакам нон стоп си ги прегрнувам наместо да ги бакнувам во образ Моето поздравување е со прегратка секако упатена само на тие што ми се блиски, а за подалечни онака кога ќе се залетаат да ме бакнат јас културно си им подавам рака и ме гледаат како лудача али ич не ми е гајле Затоа девојки само прегрнете ја личноста што ви е мила и животот е поубав
Се нервирав порано и тоа многу, сега некако неизбежно ми е. Одиш на училиште (пример) и сите што ќе дојдат по тебе идат да се позз со тебе секако со бакнување, и сега како да му речиш бегај не ме бакнувај Освен последна да одам секој ден
Се сетив на еден дедо што живее во друг град и има голема боцкалива брада, па кога ќе дојдеше кај нас со сите по ред де бакнуваше а јас гледав само барем еднаш да го бакнам (од поштување) и бегав затоа што ме боцкаше , а како мала сум бегала и плачела од него затоа што ми бил страшен
не ми се допаѓа бакнувањето со секој што ќе го сретнеш на улица, па и не го практикувам а во врска со роднините зависи од блискоста, со оние кои сум поблиска да зошто да не? Е сега има и ситуации кога ќе те избакнуваат некои постари баби или дедовци, но тука нема што ќе истрпиш
Со поблиските другарки и пријателки се бакнувам.Значи кога ке се сретнеме и кога ке се разделиме исто така со колегите од факултет или бившите школски...Со роднини,кога ке им отидам на гости на тетките или кај баба ми,ги бакнувам ама само еднаш не трипати.Баба ми ме кара вика ме неќеш мори што бегаш а јас ја тешам и викам,не бе бабо него еднаш како другарки. А многу ме нервираат луѓе посебно оние постарите баби кога ке ме видат и она нивно "ооооо душичка колку си пораснала,колку мала беше а сега колкава сииии"(а всушност јас нив не ги ни знам или барем не ги помнам) и само шљап шљап шљап,трипати те бакнат и тоа во уста. Ееееееееее тоа најмногу мрзам.
Ме иритира до бескрај! Пази..на училиште се поздравиле, а вечерта ако излезат - повторно. Јас престанав со оваа глупост од поодамна, кога некој се приближуваше да ме избаци, му ја ставав раката пред него како за Give me five На почеток ми се популуваа како на марсовец и пак ме бацуваа,но сега мислам сфатија дека не сакам и точка. Ах!! И најмногу мразам кога ќе ме зашлапа една типка,со која воопшто не се мирисаме. Па и уште дрндрн 300 муабети, али тоа е веќе лицемерие, башка тема.
Секој ден во школо кога ке се видеме задолжително. Но не трипати туку само еднаш. Го привативме од поголемите и поатрактивните друштва И се случува цел ден да сме во школо и после школо ако се сретнеме некаде или на искачање пак Цмок Во навика премина веќе.
леле ова бакнувањето колку мака си имав, кога студирав живеев во држава каде што 2 пати бакнување во образ е задолжително исто како кај нас кога подаваш рака, па дури и кога се запознаваш се бакнуваш. замислите секој ден кога одите на работа да си ги бакнувате директорот или шефот епа јас драги мои си ги изнабакнував шефицата и газдата (ама ми е смешно сега вака кога го читам) ама што да правам ако не бакнуваш тоа е навреда таква му е културата. многу ми беше тешко да се навикнам најискрено ама после неколку месеци се навикнуваш. не е хигиенски да ама немаш избор и да не сакаш они доаѓаат те бакнуваат. вереникот кога ми дојде на гости полуде со сите се бакнував а он се тргаше ма незнаете кои смешки се тоа, ама па затоа шефицата кога ги запознав убаво го зашлапа сирото мое срце, ама после виде невиде свати дека тоа е морално и нормално(за таму). така да најверојатно бакнувањето не ми пречи сум стекнала навика со секој да се бакнувам ама пратктикувам само со другарки овде блиски и со другари кои што не сум ги видела со недели. а на секое бакнување не. си го земав делот за цел живот
Факт е дека не е хигиенски и може да се закаче некоја инфекција,херпес или слично ама како да им кажеш не и да се тргнеш кога идат за да те бакнат . Незнаеш како ќе се почуствуваат и да им кажеш можеби погрешно ќе разберат или ќе се навредат. Затоа влажни марамчиња секогаш со вас и Летс кисинг а лот некој ако ви е сомнителен си имате заштита Другарките ај еднаш и толку ама тетките и бабите знаат да даваат долги и врели бакнежи кои ме наежуваат
Глупаво ми е тоа поздравување и тоа многу. Ко божем со сите сум толку блиска,па ајде цмок цмок со сите ќе се лигавам Така се поздравувам само со поблиските другарки (по навика останало..) и кога сум на свадба со роднините.
Ех, незнам кога ни премина во навика ама негде од седмо и со другарките сабајле во школо два пати или еднаш ќе се бациме, туку они мене ќе ме бацат јас само ќе се приближам и ќе си се тргнам И јас баш не го сакам тоа цмокање. Некако како шмизлички изгледаме хаха Може да се гушнеме онака, рака да си дадеме, еј кај си, ова она.. Ама ова, секој ден. Еве денес со другарка ми сабајле, и кога се сретнавме да идам накај нејзе уште еднаш, ама само она ме баци, јас ретко кога бацувам. Ми викаат аман мори незнаеш да се бацувашш хахах Е јас баш со роднините не се бацувам, освен кога некад ќе ја загњавам мајка ми да ја бацувам, тоа е друга работа