Овој тренд се појави од претераното емитување на шпански серии! И ете и кај нас стана начин да се поздравуваат девојките меѓусебно со бакнеж, а се почесто и машките си го практикуваат! Не велам дека не се поздравувам на таков начин но се почесто се трудам да одбегнам! Подавам рака за да се поздравиме како луѓе, а не да се шлапкаме! А за циркузот во Струмица ќе додадам дека сте западнале во друштво каде цивилизацјата застанала неолку века наназад! Првпат слушам за бакнување во уста и тоа со сите како поздрав Верувајте не ни е традиција...
Леле сачувај боже од тие ... Аман веќе - разбирам летово - кога ќе се видевме ај па и па цун цун - ама човек во школо ?? Доаѓам јас третиот ден - леле mwah mwah ... Еве еден пример што тоа бакнување го направија глупирање .. Заедно во школо одат - цун цун секое сабајле - ги гледам во Петок ( на играорна ) кога ќе дојде едната другите сите ( секако пред тоа на одморите во школо се имаат бакнено ) Ајдеее во Сабота сигурно излегуваат .. И таму цун цун Ама ги гледам во Понеделник на голем одмор - цититрам - '' Лелеее кажи у Субота лудница беше '' притоа се прегрнуваат едно 2 минути не се пуштаат И ај после .. Херпеси на сите страни ..
Ме погоди темава , се знае поздравување со рака , какво е тоа поздравување со бакнување-па си имам јас дома маж ќе си го бакнувам него, шо ќе ми е некој друг. Леле имам една баба на баба ми сестра ма кај и да ме види во град, без разлика каде сум, со кој сум таа кога ќе почни целивање до немајкаде, а маж ми бидејки не ја знаеше еднаш поминува покрај еден ресторант а ние седевме надвор, помина таа и кога не види кога почна да не бакнува и мене и маж ми. ууу . Практикува само со пријателките кои не сум ги видела 1 месец, а со тие што сум секој ден ууу никогаш. така со другарките во средно се бакнувавме па една на друга се заразивме со херпеси-затоа веќе никогаш
Хаха, темава е закон Мислам дека некои луѓе стварно претеруваат со ова бакнувањево, на секое видување шлап, шлап ко мислиш не сме се виделе сто години, а скоро секој ден се гледаме Ми текнува на една случка од основно... Отприлика две недели пред полуматурата ми излезе херпес на горната уста, а имав една другарка која што тврдеше дека нејзе никогаш не и излегуваат, па дури вика еве сега ќе го бакнам и ќе видиш дека ништо нема да ми биде...И така си го бакна девојчето два-три пати и погодувате веќе што , нели? Си се почести со херпесче за матурата, и не само тоа, одтогаш секоја година па наваму барем еднаш во годината и излегува . Друго нешто што ми текна сега порано најмногу мразев кога на излегување мора да се бакнеш со сто души и цела шминка лом, а сум потрошила цел саат дома за да се спремам . Па така со кого и да се видев, кога ке посакаше да ме бакне, со мала доза на зафрканција, ќе му речев, не, не , те молам не ме бакнувај ќе ми ја растуриш шминката или па, не ме бакнувај многу ми е нежно лиценцето, одма брунчиња ми излегуваат (ова до душа стварно беше, не лажев ) па така никој не ми се лутеше Како и да е, претпочитувам да се поздравувам со рака, евентуално да се изгушкам со некого, а да се бакнувам избегнувам колку можам нормално
Се поздравувам со бакнување само со најблиските, тие што ептен ми значат. Порано имав навика со сите другарки на секое видување,секој ден на училиште, пред школо, после школо. на факултет исто, на излегување. Сега некако се одвикнав, може и до годините е , не знам ама тоа и навика е , несвесно го правиме.
Аии... а има некои што се лутат ако не се поздравиш со бакнување... Јас лично преферирам ракување или само здраво, а поздравување со бакнување со моите две најверни другарки и роднини. А не кога ќе видам некои, излегле во населба во парк, па таму со цел парк „цмок, цмок“... И уште ме тераат и мене, а ако не се поздравам така се лутат. Дури и некои што првпат ги гледам. За нив „здраво“ ако речеш не било поздравување, морало да се бацат... Божееее!
Најчесто пружам рака, со другарките само се поздравувам со бакнеж во лице Нехигиенски е пред се, пренесуваш секакви бактерии, затоа избегнувам со секого да се шлапам и ми е многу невкусно. Не ретко ја карам сестра ми за тоа, тие па средношколците стварно претеруваат!
Аии ми се погоди темичево ме радува шо има многу кои делат исто мислење како мене.. Шлапање у образ со секој демек поздравување е највише шо мрзам и одбегнувам..Најголемата глупост шо некој можел да ја измисли е тоа !! Ма едно здраво на сите и доста им е ..
Поглупаво нешто нема. Се поздравувам само кога е неизбежно и не можам да се “спасам“ Во средно ако дојдев меѓу првите од сабајле легнував на клупа и се правев дека спијам, оти додека да дојдат сите.....
Хахаха се согласувам ВО ЦЕЛОСТ ! Подобро искрена прегратка од оние што ти се блиски, отколку лигавење по лицето со некои- ни видени,ни чуени ! Не знам од кај излезе оваа мода !
Не знам од кога излезе ова шлакање со сите.. кога сме седнати цело друштво доаѓа некој и да сте оддалешени 5 метра ќе дојде до тебе и ке те излигуши ..можеби е еден вид пошит но ссепак сметам дека е доволно едно здраво или ако се работи за постари : добар ден
И ај после .. Херпеси на сите страни .. [/quote]------- навистина после се чудиме од каде ни се појавуваат херпесите , мора мајките да не потсетуваат :/
Стварно ми е преку глава од ова шлапање во образ. Посебно кога сум со другарка и кога ќе налетаме на друштво од 10 души, па сеа таа ќе се поздрави така, па сите бац бац и што ќе испаднам дигната мора да се поздравам, па и со сите, ако знам само 5 мина од друштвото . Се знае гушкање бацување со најблиските а се друго чоечки и културно со рака, а не сега сите се сакаме или нз што а утре ни здраво по улица нема да си речеме
Со бакнеж/гушка се поздравувам можеби со 7-8 души од друштвото, нормално најблиските. Ако е поголемо друштвото едноставно кажувам „Здраво на сите“, проследено со учтива насмевка (или не, ако сум на лева нога станата ), а со познаници и не толку блиски луѓе се поздравувам со подавање рака. Сепак непријатно ми е да бакнам некој/а што сум го видела еднаш или двапати во живот.
Дефинитивно таа мода излезе од шпанските серии..Не знам што убавина видоа во тоа шлапање.Јас лично го избегнувам.Мислам која е логиката кога ќе дојдам во школо да се испобацувам со луѓе кои ги гледам секој ден и половина од денот сме заедно?!Си влегувам во училна кажувам едно Здраво и сосема доволно. Или кога излегуваме ако се собрани целото друштво во кафич и јас дојдам подоцна зарем сега ко пречек на свадба да ги заредам сите бац бац?! Ако сретнам некој во град,избегнувам бацување,само симболично онака ќе го гушнам(не баш правото гушкање да му се фрлам знаете како мислам) или ако веќе тргне да ме баци не го ни допирам лицето и само ќе направам mwah. (демек ете те бацив ) Нехигиенски ми е да го лепам лицето до секого,а и кога ќе ми дојде некоја со 3 кила пудра,греота е половина да си ја остави на мојот образ
аууу ваквото поздравување не ми се допаѓа ај да се сретнеш со еден двајца ама понекогаш кога се налетува на цело друштво е тогаш само се поздравуваме кога со рака кога само здраво и мислам доволно е толку или пак на излегување си се средил си се скоцкал кога забележуваш карминче на образот еее тогаш те фаќа нервоза затоа само здраво
строго само со најблиските од друштвото и со некои личности со кои не сум се видела дооооолго време. не само херпеси, исфрлања на образите, размачкување пудри,руж и бактерии...не, благодарам!
Море со никој!!! На наше време само дипломи и нови години си честитавме со гушкање и бакнување Фингр доун за бакнувањето, него ај тоа, ама кога ке му пуштиш рака на некој, ке те види после пола сат, да ти кажe: Што ли ти згрешив што не ме бaкна преѓе? Што ни направија Мексикансите, аир да не видат
Ова со бакнувањево мислам дека излезе после серијата ребел де веј Инаку ми премина во секојденевие ова со бакнувањето ама ме нервира кога со некој одвај муабет правиш и ќе ти дојде ќе се поздрави со бакнување. Е кога треба да се поздравувам со фамилија ич не сакам па има некои постари баби и во уста што бакнуваат