Навиката ми премина да бацам некого 1 во образ...што вика Мерлинка ако не бацам после се мислат зошто
Поголема глупост од ова нема. Каква почит, со некого очите си ги вадиш ама така фино убаво ќе си се изгушкаш и избакнуваш. За да изразиш почит доволно е само здраво а после секако ќе продолжиш со тоа дали сакаш да влезеш во комуникација или не. Искрено многу ми е простачки ова со бакнувањево, веројатно го превземавме од шпанскиве или турскиве серии зашто секојдневието ни премина единствено во задоволување на времето на серии. Мислам дека толку многу време поминав со гледање на серии, без да си процитам некоја фина книга и забележав дека отупавев, вокабуларот на зборови ми се намали. Што и да е причината поздравот со бакнување ми е одвратен, сметам дека се бакнува некој што не си го видел одамна, а ние со другарките, пријателките, пријателите можеме да се видиме пет пати во денот и исто толку пати да се бакнеме.
Мразам луѓе кои се поздравувата така,а пак оние колку мене и помали е тоа веќе ми е грозно.. Ќе се сретнат и шлап на едниот образ шлап на другиот седат и се гушкаат и тоа јавно не дај боже,а не се виделе 2 часа.. Од роднините така им дозволувам само на тетка ми бидејќи во друг град е и ретко се гледаме и на сестра ѝ од баба ми. А исто така ме нервираат оние страсни бакнувачи, и женски и машки да те бакнат лиги да ти истечат од лицето...
ако со некого се немам видено подолго време океј е , мрзам да се шлапам со некој што го неам само2 саати.. особено па 100 души да ми се насоберат.. и со сите позздравувај се !
едино со блиски роднини што не сме се виделе долго време (мада и со сите не се бакнувам) или со другарките дека далеко сме си сите...а она видела сум пријателка која сум на здраво како си да ја бакнувам нема шанси....па јас сестра ми не ја бакнувам секогаш а еве сега секој втор ден се гледаме а камо ли некои што пред тебе срце мрце а зад тебе се најлошо....
Со другарките секогаш го правам тоа, веројатно веќе и навика ни стана. Секојдневие ни е. Инаку, ако има повеќе луѓе нема логика да се поздравувам така со сите, па ќе речам само едно здраво и готово, потоа ќе си комуницирам со кого сакам.
mwaaa, mwaaа. фууј, не сакам ниту толерирам шлапање во лице, т.е шлапање со сам себе зошто на крајот го извикуваш тоа . и кога ќе ми речат - не се поздравуваш - се разбеснувам. зарем не им се доволни насмевка и пријатни зборови? али ако некој ми е премногу драг, мил и не сум го видела одамна, таков поздрав доаѓа сам од себе, без да размислиш, всушност не би го избегнала во тој случај.
Па да се позравувам во образ секогаш со другарки,другари ама само еднаш,ама кога ќе дојде некои стари кога ќе земат да ми се лигават на образот е тогас фујј ми се гади и јас како што имам нежно лице за неполни 5 мин цело мице ми се прави со брунчина,и зато сега ми е гајле ако ссе лутат кога ќе ми дојдат да ме бацуваат и јас рака им пуштам или ќе им избегам,кога бев помала стоев ама сега јок бре,ни срам ни перде
Го практикувам со другарки, другари, братучеди, братучетки, тетка ми и стрина ми(ретко се гледаме, не живееме во ист град). Но, многу се нервирам кога некоја пријателка на мајка ми или на баба ми ќе ме сретне и ќе ме зашлапа.
Дали го претпочитате тоа? - Порано, да, сега не. Не претпочитам да го правам тоа со луѓе што не ми значат и не ги познавам доволно добро, а ако веќе ми значат тогаш се гушкам со нив, не се цмокнувам по старински. Вчера бев на базен и девојката при идење се испобаци со буквално секој, а со последната другарка која и остана на која како и на другите, сметам можеше само да и мафне, само што не паднаа. Се бакнаа преку стол на кој седеше нивни другар. Едната се натрти од едната страна, другата од другата страна, како да изгубија рамнотежа дека ногата во вис, и едвај се бакнаа, ама секако мораше сите околу да го чуеме звукот на нивниот цмок. Во секој случај, иако јас не претпочитам ако некој ми се подаде ондак го правам тоа, поздрав како поздрав. Не ми е пријатно да си стојам како здрвена и така да ги одбијам.
Сега баш пред некој ден бев на свадба, а најмногу не ми се идеше поради ова и сега сите со ред од баби, вујни, тетки да те испошлапаат аман више едвај издржав па и некој што не ги знаеш кој ќе дојдат аууу
Еј што ме нервира ова плескање од кожа ме вади Демек ваква работава чекај бац ,бац уффф..... Сакам да ги гушнам луѓето коа ќе дојде тоа од мене осетам потреба ..... Драгите луѓе оние кои ги сакам почитувам и ценам и тоа да го направам од срце !!! А сега ? ! Се плескаш со секого макар и да не можеш да го замислиш и во истиот момент би му дала 2-3 воспитни и такви лигавења лилеее кај си ? чекај да те бацам , а гледам да не има нож во рака па да не се излаже . Избегнувам колку што можам повеќе , ама некако тешко ми оди Се на се глуп глуп тренд , навика или што и да е !
Ме нервира искрено! Па како стана мода и со тие што не се знаеш си ги запознал вчера и се глеате нареден ден и се бацувате! глупост жива..
леле многу ме нервира...од моето бившо одделение не ми се баш омилени децата, они имаа различни сваќања и г инервирав со моите ама јас си останав своја и знам дека сите ме мразеа, ама да ме видат на улица одма да ме гушнат и бацат... ...Јас кога ќе бидам некој му се насмевнувам, му мавтам и викам Здраво...и многу ме нервира кога после тоа ми викаат Што не дојдеш да се поздравиш?
Доколку видам некој така поблизок може да го бацам во образ, но некои луѓе што не ги поднесувам или не ги поднесувам баш најмногу само се поздравувам со едно Здраво и толку.
Порано со секој познат се бакнував на лице како некоја Спојлер будала ама сега не практикувам ако некој го немам долго време видено го гушкам но не го бакнувам некако ми е лугушејне тоа А најмногу мразам некоја стара жена да ме зашлапа тука леле блак
„Леле маче од кога те немам видено, како си ми ти?“ Цмок, цмок...Ме виде вчера, е**те! Да, до некоја мера ми е ок, и немам ништо против, ама само со оние што навистина ми се мили и блиски, а не со некого кого два пати во живот сум го видела а веќе да ми виси на рамо како мрсул на цигански ракав. И како и останатите, го мразам и она лјубејне на постарите од типот а ла свето тројство, сочно, со немиен заб од дента кога умрел друг Тито и усна шуплина од која се шири прекрасна реа на грав со урда, туршија и лук измешан со изметовидни опојни ароми и домаќа алва, а јас цело време треба да стојам така наведната, со кисела насмевка и стегнати ноздри дури ми „искажуваат милост.“ Ај со помладиве ке се разбереш некако, ако не ти е до шљапање ке пружиш рака, ке се извиниш демек настинат си или нешто и готово, ама од постариве нема бегање бре! Викај, кашлај, поврати пред нив ако сакаш ама пак ке те грабне и ке си го истера меракот.