Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поздравување со бакнување

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 8 септември 2010.

  1. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Многу ми е лигаво некако.
    Со некој првпат се запознаваш тап-шљапни се, секој ден гледаш еден ист, шљапни се пак, па уште и некој сјај ако има... :puke: А па машкине кога ќе ги видам, нешто многу педерастично ми е тоа.
    Ние со другаркиве не применуваме да се шљапаме :D , попрво се гушкаме или слично, шљапање само со познаници, и тоа они први што ќе пријдат.
    А па баби/тетки/стрини кога ќе фатат 3 пути, па шљапаат сочно па леле, колку си пораснала, права девојка па ај и на идење 3 пути, па и некоја ако има лош здив... :puke:
     
  2. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Со тие што се запознавам само со рака се поздравувам. А со бакнување на образ и тоа не баш она бакнување да го бакнеш, туку само си ги допирате образите го применувам само со поблиски другарки. Апсурдно ми е со некој што прв пат се гледам да се поздравувам со бакнување.
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.094
    Пол:
    Женски
    Ова порано повеќе се практикуваше, сега само кратко ќе се гушнеме и толку е. Инаку во основно ова беше задолжително. Јас воопшто не сакав со никоја да се поздравувам вака, ама ме гледаа ко падната од марс, па ајде, морав. Ама сега веќе не :)
     
  4. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Значи ако има нешто што најмногу мразам е шлапање во образ со некои,за мене небитни фаци. |(
    А од бабетини ми е уште полошо.


    Моја реакција на бакнежи од таквите:


    [​IMG] :)
     
    На LuisRoyo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Нешто што највеќе мрзам. |(
    Се поздравувам, ако некој пријде да се поздрави со мене. Не за др, туку од што морам. :tmi:
    Колку пати, и во школо, одиме неколку другарки, ќе сретнеме некои, они ќе се поздрават, јас само ќе си поминам, или едноставно ќе им мафнам.
    Немам друга работа па ќе се лигавам. |( Па уште да примам и вошки? Ноу веј. После Дудунка ќе ми ја чисти чумава. ]:) :P
     
  6. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Бев основно кога стана хит ова шлапање, искрено мене гадно ми беше да ги бакнувам сите и првин избегнував, но потоа некои цурици ми беа многу досадни и инсистираа и им кажав. Ем што ми беше гадно па и кожава ко што ми е осетлива се плашев дека ќе почнат бубулици да ми излегуваат, ме гледаа чудно и можеби се лутеа ама ми беше сеедно јас се бакнував само со најблиските дв другарки, со другите само здраво од дистанца.
    Во средно исто, им кажав дека несакам и си ја бакнував само мојата 6 члена "банда".

    Едноставно мразам шлап еден, шлап друг, шлап трет... па после шлап мене, ем нехигиенски ем без потреба сигурно не од љубов и блискост туку од претварање.
    Сега на факс иста прича, т.е. сега и не сум особено блиска со некој за да бакнувам, а и ко што стојат во багри од по 10-15 луѓе мислам дека е доволно едно "здраво на сите" :) .

    За мене бакнежот искажува емоции а не секојневна рутина и преправање, и затоа си ги пољубував само оние навистина блиски другарки, со кои и ден денес кога ќе се видиме си се гушкаме по 5 минути зошто ми се драги.

    А роднини, па оние кои ми се во близина и не ме бакнуваат толку, освен кога ми честитаат нешто, инаку се е вербална комуникација.
    Е кога одам во Пп тоа е емотивно вкрај :rofl: особено од баби ми, абе едни пољубци што дава незнам како немам модрици, како да ме шамара а не да ме бакнува. Секогаш и велам " Бабо без емоции, молим те" ама па ја сфаќам ретко ме гледа и мерљк и е да ме рашлапа :lol:
     
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Читајќи ве сите на темава, дојдов до заклучок дека Македонија е спремна за во Европа - таму луѓето се одамна станати поладни :D
    Аааа освен во Франција, таму некаде во некои гратчиња се шљапаат и 4 пати дневно.
    А знам дека не сме такви, сеуште сме ок луѓе во однос на тоа што се случува надвор од Балканот.

    Леле девојчиња, абре јас сум последниот Мохиканец овде или? Многу сакам да изгушкам некој и да го бубнам во образ, некој што ми е мил, некој со кого сум си блиска, некој со кого не сум се видела не знам од кога.
    Ме нервира многу повеќе онакво да не речам албанско машко бакнување, или холивудско со припаѓање во несвест - хааааааај! и те цмока ама не те ни допира.
    Некни спукав една другарка и викам, еј не се ни обидувај да ме цмокаш а ла Анџелина Џоли, ич не ме ни бакнувај ако се плашиш да не си ја размачкаш пудрата.
    Ама некој кога искрено ќе ме гушне и бубне во образ, колку само сум цела полна со позитивна енергија, ма ми иде да летнам, затоа што се чуствува тоа кога некој едвај чека да те види и ти крцка коски а некој кога само се плаши да не добие некоја настинка. Таквите не ги ни контам зошто се поздравуваат со ткн. бакнување.

    Тоа ми е знак еднакво со неадекватно пружање рака, млитаво ко пача. Ама тоа е секако друга тема.

    Како и да е, бакнување при поздравување, да, но не со секој, само со особи кои ми се блиски. Со некои другари исто практикувам и „да пукне“ поздрав за крај, ама секако на почеток ме гушкаат и бубнуваат :$
    Уште ни остана со најблиските да ни е тормозење покажување на емоции и отидовме јабана. Ќе бидеме безбојни сите или без вкус, нешто као тофу.
     
    На Ragazzina, baguf4e, Wild.Child и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Ептен мразам кога (ова обично на факултет) ќе се сретнам со група девојки и морам (под дифолт) со сите да се ишљапам. Е ептен мразам. Па добро бе мајката, претходниот ден се видовме.
    Си сакам да се лигавам и сето тоа со гушкање пропратено, ама со луѓе што не сум ги видела долго, или пак со некои ептен блиски што ми се (2-3 другарки и најмалата ми братучеда, љубовџика е таа на мене :D ).
    Некогаш кога ме фаќа мрза, а ако се повеќе луѓе, им испраќам еден воздушен бакнеж и им кажувам искрено дека ме мрзи. И крај.

    Едит: еве ви :* :D
     
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Не ми смета, но главен предизвикувач е на херпеси :)
     
  10. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Не ми се допаѓа ваков начин на поздравување, јас не почнувам прва, ама кога ќе ти дојде некоја другарка или братучетка да те гушне или да те избаци, што ќе правиш, тоа е, а гледам дека повеќето не го сакаат и пак го практикуваат, настрана зборува дека тоа е бљак, а кога ќе те види прва ти се нафрла, е тоа не ми е јасно
     
  11. LuisRoyo

    LuisRoyo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    12
    одмина тоа, бар у мое друштво кратка гушка само:) освен ако не сме се виделе од поодамна.ама на школо........-.- со цел клас уште малце! ама некад кога ќе ми с***чи знам да им речам ако ми прокоментираат доста беше лигавење за денес :rofl: за баба среќа имам паметна, сама си вика не те бацувам ќе те лигавам сега..дури и на дедо ми му вика не го замарај детето го лигавиш само, така да и со роднини само гушки хихххх
     
  12. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    Само со најблиските другарки/другари се поздравувам со бакнување. Со други само едно здраво или со рака и толку. Глупо ми е тоа шлапање со еден па со друг па со десет, и сеа ако стојат 20 души и со сите да не треба да се шлапам? како не бе |( и да бабичка само бе бацуе од роднините :)
     
  13. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Мразам кога роднините ме шлапаат, ама тоа е...немам избор :(
    Затоа па во друштво морам да исшлапам секого, и женски и машки.А посебно мерак ми прават машките што се поздравуваат онака баш со бакнеж во образ...па уште и добар парфем...мерации... :lol:
     
  14. Hell0.kitty

    Hell0.kitty Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    40
    Сето ова е пратено од западот. Мене лично ми смета тој начин на поздравување..особено со некои со акни на лицето или со 5 кила пудра со лепат -.- :puke:
     
  15. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    сосема се согласувам со тебе Пирамитке :)... :*
     
  16. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Само со најблиски. Но и тоа да не е секој ден! :lol:
    Ми пречи кога ова бакнување го користат некои машки кои еднаш те виделе и одма те зграбуваат како први пријатели да сме :^) :D
    Мразам бакнување од тетки и нивното целокупно тормозење. :lol:
    Некои се бакнуваат со сенекој по улица, демек видите колкумина познавам :^)
     
  17. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.814
    Допаѓања:
    25.443
    Пол:
    Женски
    Многу ме интересира КОЈ го измисли ова, од кого започна. :смајлисосукало:
    Абе колку мразам вакво поздравување, ми се плаче од помислава. Па кога не се поздравувам така ме гледаат чудно, како јас сум недруштвена и не сакам да се поздравувам, мислам ?!?!?!
    Пружам рака и ајт, доста им е.

    Свашта бе. Те гледам втор пат у животов и ај сеа ела да се допреме со образиве, ауууу.

    :@
     
    На Cynthia му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски

    Како јас да сум го пишувала ова!
    Потполно исти мислења имаме... Ретко со блиски пријатели чисто ради реда, инаку вака општо не го практикувам овој начин на поздравување. А најмногу ме нервира кога некој се шлапа со секој втор што ќе го види.. Работава: видете колку луѓе познавам!
    Вчера се запознале, денес се допираат со образите. Бррх, шугаво некако ми делува од страна. А да не зборам па за бактерии и други разни ствари.. Јас си го чистам лицево редовно и ќе ми се појави некоја што си ја брцнала цела фаца во пудра(бог знае колку бактерии се залепиле после за таа пудра) и ќе ме ушлапа ем со пудрата ем со лепливиот никаков сјај. :x
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  19. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    4.559
    Пол:
    Женски
    Само со најблиските и со некој што не сум го видела подолго време
     
  20. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Се поздравувам само со блиски личности.Другарки,дечко и толку.Со тие што не сум баш блиска,одбегнувам да се поздравам,само едно здраво ми е доволно.
    Избегнувам да се поздравувам со женски кои имаат тон мрсна разлеана пудра,па после имам отпечаток на фацата од нив. :puke: