Ако сакат нека почнат на секој саат во уста со јазик да се бацуваат,во секој случај лоша навика ем нехигенски ем смешно изгледа 4то одделенки се поздравуваат како сватови
Го одбегнувам ова шлапкање значи никогаш не сум се поздравила јас прва со некој така па нема шанси едноставно неможам да поднесам кога некоја другарка или некое бабиште ќе ми се доближи да ме бакне И така другарките од средно уште секое сабајле шлап шлап а бе мрш таму секој ден само да се глупирало :roll: Па колку ми се смешни помалите девојчиња кога ќе ги видам така се поздравуваат
порано со секој втор се поздравувам така ама сега не...навечер кога испаѓам така се поздравувам со на братучед ми друштвото оти блиска сум со сите машки од таму а башка има некои што ми се допаѓаат И со уште некој така што ми е поблизок и со некои роднини ( сега вака изгледа како многу но за разлика од порано малку се )...со другите само здраво си викам. Ау да и заборавив да дополнам дека и јас мразам некои баби коа ќе ме зашлапаат на образот...имаме една комшика,секогаш кога ќе донесе нешто јадење да почасти на кучињата даваме...и пред некој ден ми вика дојди да те бацам и коа ме фана коа ме залапа на образот ми се повраќаше...и ми засмрде на праз...ауу ми се згади само што се потсеќам И веднаш испаднав одвај отидов до веце да се измијам без да повратам
Во последно време ова како зараза е меѓу луѓево, каде и да погледнам скоро сите се поздравуваат со бакнување, шлап-шлап на сите страни , а мене тоа ми е грдо и не е хигиенски. Најчесто пружам рака или викам здраво, а ако дојде шлап-шлап ситуација ......добро. ќе се преживее некако, ама тоа бабиштата на свадби кога ќе земат да те зацеливаат....е тоа тешко се преживува (и нормално реченицата ''леле колку си пораснала'')
живеев во помал град и таму немаше такви лигавењам,се додека не се преселивме во поголем и овде со сите мора.. Со поблиски роднини ајде може ама строго по еден пат,а не да те излигават по трипати И со другари понапред секогаш шлап-шлап ( по еден пат само ) безразлика дали е машко/женско или пак дека сме се виделе по трипати денес.. Ама сега кој ме баци тој,понекогаш и не дозволувам а јас никогаш не сум се прва подадела за да го бакнам.
Во ред е донекаде поздравот со бакнеж нели во образ со блиски роднини,пријатели ,но секој ден иста личност така да ја бакнувам безвеза ми изгледа.А и најмногу ме нервираат ,,сочните,,бакнежи на роднини по три пати во образ и ме лигавеа цела.Значи ок да ме бакне и петпати ,ама не е тоа во уста па ај да ме изеде или пак има некои што ме гризеа буквално во образ и јас ваква .Па одозгора се лутат кога ќе им кажам нејќам нападно и лигаво бакнување.А тоа пак кога бевме тинејџерки,другарките мои изведуваа нешто морало да се бакнуваме во уста за да се видело демек ептен оти се сакаме ,абре живи глупости.Јас повеќе претпочитам еден бакнеж во образ и прегратка
Овдека сите се шљакаат за здраво, за чао, за добро утро, за добра вечер цеееело време раат немам од нив
Леле како ме нервира мене ова бакнување,па морале секоја ден се гледаш со некого и да се поздравиш така.Порано ми беше интересно али сега некако не можам да поднесам.Се трудам да избегнам и никогаш не се поздравувам прва така.ОСвен кога ке ми дојди некој,е сега не можам да го турнам.
Поздравување со гушкање за моите три најдобри другарки, а за сите останати - ракување. Не го практикувам многу тоа лигавење и разменување бактерии, освен во ситуации кога некоја другарка или колешка ќе ми пријде да ме поздрави со таква намера.
Дали има нешто поглупо од поздравување со бакнување? Ај донт тинкс со Ајде разбирам, се немаме видено долго време , па гушкање, бакнување ок, не ми смета... Ама секој ден, со едни личности, па ајде за здраво шлап, па ајде за чао шлап и после се жалиме лицето ми е вакво, лицето ми е такво... Безвезно е.. барем мене ми е ...
Абе глупости, патетики и незнам веќе како да го наречам ваквиот начин на поздравување. Добро бе, за што постојат рацете? Ај сеа ќе се лигавиме, како не. Поглупо нешто?
Глупава навика!!! од кај дојде кај нас, па уште и општо-прифатена, навистина незнам. ама ич не ми се допаѓа! извегавам колку што можам повеќе такво лигавење!!!
Многу ретко се поздравувам вака само со личности што ми се блиски,а ги немам видено долго време или чисто онака ме фатило мерак да ги гушнам и со дечко ми секако. Крајно глупаво ми е личност што не ме познава и сега сме се сретнала по некој трет познајник и ми се фрла да ме бакне,а прв пат ме гледа во животот.Или пак сега со некои се гледам секој ден и ми се фрла како сто години да не сме се виделе.Ме бакнува за здраво,ме бакнува за чао. И тоа не дека навистина има потреба да ме бакне,туку од некоја навика демек модерно е.
Поглупаво нешто -АМИН ептен со тие 3-4 другарки што ми значат со сите други само ракување. Се љутат кога ќе им речеш дека не се поздравувам така, и одма дееее па ти што си и фаца прават Ама баш ми е гајле, ме научија дека не поштувам такво ракување и готово
Мене на почетокот ова поздравување ми беше многу чудно,но со тек на време се навикнав и на тоа. А баш летово кога отидов во Грција,се сретнав со пријателки и јас фино лепо се поздравувам еднаш во едниот образ а они ме повлекуваат за уште еднаш на другиот.хехехех Си се изнасмеавме. Подоцна си објаснивме дека кај нас е така,а кај нив било два пати.
Глупост дојдена од шпанскине серии ... Ола чикас, шмрц! Да не кажам, Ребел де веј. Вчера баш, искочена и се поздравувам со една девојка и пружам рака и она, абе дојди да те бацнам еднаш леле леле ... ауууу ко најдобри другарки да сме, па лигавења, само лицево ко што ми е нежна кожава ми го поцрвене. Какво бацување, кога ке начекам друштво, само здраво како сте ми и тоа е тоа, гушки може ама и тоа само со другаркиве мои.
Пффф како 100 години да не се виделе. Кога видов дека девојчиња од четврто одделение вака се поздравуваат си викам " I don't want to leave on this planet anymore" Абре шмизли ние вака не се поздравуваме, тие ќе се поздравувале господ да чува и да бране (што викаат старите)