Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поздравување со бакнување

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 8 септември 2010.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.953
    Допаѓања:
    123.541
    Сакаш,нејќеш кога ќе тргне некој накај тебе нема бегање :D
    Зошто е тренд така и тоа оддамна :!:
    Кога бев прва средно,сите гимназијалки ги гледавме како се бакнуваат така кога се чекаа за на школо,и се договоривме со другарките дека и ние така ќе си се поздравуваме 8) :lol: Се додека еден ден,позади нас одела професорката по македонски,за да псоле часот не викне и ни кажа дека многу невкусно изгледало така отстрана....Како и да е,тоа остана и ќе остане.Дури навика преминува.Особено кога ќе ме избакне некоја со која не се поднесуваме,а само си правиме лице зошто мора заради работата.Инаку со баби и дедовци немам проблеми,зошто тие не сакаат да ги бакнувам нити да ме бакнуваат зошто биле стари :lol: И мене секако ми одговара.
     
  2. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Се трудам колку што можам да го одбегнувам.
    Ама некои луѓе се едноставно упорни. Добра работа е што сум приметила во последно време и не се применува многу како порано...
    Затоа си имам јас еден начин, кога ќе видам некој што знам уште од далеку мавтам како дебил демек здраво здраво здраво и застанувам на пет чекори далечина и : - Здраво, што правиш?

    *Од колку подалеку го започнеш муабетот - толку помалку шанси да се поздравите со бакнување* (проверено) :lol:
     
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Како што гледам по темава на никој не ни се допаѓа, но сепак сите го применуваме. Ај мани како што започна овој тренд бакување само со другарки, па продолжи и со другари сега кога ќе видам и дека двајца другари ќе се птупкат по грб и накрај ке се бакнат тоа ми е веќе :puke:. Не ми се допаѓа, но неизбежно е и како што имам приметено со другарките кога ќе се видиме не се бакнуваме евентуално ако подолго време се немаме видено, али со пријателики и познајнички абе глупосто Ќе излезам од дома на кафе напудрена дома ќе се се вратам без грам шминка :lol: али тоа е помодарство :lol:
     
  4. Saisnalla

    Saisnalla Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    134
    Колку само тоа ми е тоа лигаво :puke:
    Мислам нема смисла. Мислиш поминале децении, а не часови. |(

    *Ееее душоо,кај си бе срцее .. мња мња мња, цмоок ...*
    БЉАК!! :puke:
     
  5. Somnitelno-Lice

    Somnitelno-Lice Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    248
    Се е навика во животот, меѓутоа поздравувањето со бакнување е навика која мора да престане. Не за друго, туку со текот на времето тој поздрав ја изгуби секоја смисла.

    Јас порано тоа го разбирав како поздрав на најверни другарки кој се практикува насекаде низ светот. Подоцна како поздрав помеѓу добри другарки, па поздрав помеѓу добри другарки или добри другар и другарка. Потоа поздрав меѓу соученици, колеги, за денес да прерасне во поздрав - секој со секого.

    И сето тоа не ми беше толку многу за БЉАК, се додека еден од бакнувачите е претставник на женскиот род. Се додека не почнав со свои очи да гледам и машки кои така практикуваат да се поздравуваат во секоја прилика. Нешто во стилот: "Кај си бе баце" , па прегратка, па цмок :^)
    Е ПО-БЉАК од тоа нешто неможе да биде :doh:
     
  6. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Кај нас, бар кај тинејџерите, поздравувањето на таков начин е клише. Ако пуштиш рака, те сметаат за заостанат или како личност без почитување. Јас најискрено го избегнувам тој начин и имам одреден и затворен клуб на пријатели кои би ги бакнала во образ дури и кога не очекуваат..
     
  7. barbyyy

    barbyyy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    и мене тоа бакнување ме нервира многу.
    од далеку се слушаат тие што се бацуваат а тоа на мене на ништо не ми личе
     
  8. B-I-B-A

    B-I-B-A Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    12
    Го мразам овај ''современ'' начин на поздравување со бакнување :puke: .Се знае поздравувањето е со рака.
     
  9. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    914
    Пол:
    Женски
    Лигавење.Во една ситуација баба ми ми вика од каде искочи тоа лигавење вика во наше време немаше такви работи.Јас не сакам лигавење со секој има некоие што не се мијат,што имаат рошави лица ипосле тоа одма ми се нафрлува и мене лицето.Некој прв пат те гледа одма мња мња мислам тоа нема смисла.
     
  10. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Најмногу ме нервира кога некоја баба или некоја тетка по 3 пати ќе ме замачка по образ ...после вардар не ме пере ..А тоа модерното не го практикувам со секој ..Некој има акни , некоја ставила 3 кила пудра ( добро и на мене ми ја поправа шминката ) , некоја лице не измила ..така да не со секој бидејќи одма ќе се ифрлам :)
     
  11. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Јас до ден денешен не разбрав, кога при поздравување бакнуваш во образ, кога се прави тоа два пати, а кога три пати? :D

    Ужасно ме нервираат девојчиња коии се цмокаат. Доаѓа некоја и се бацува со цело друштво од 10-20 души а со дел од нив и прв пат се гледа во животот. Средношколско поздравување, адолесценти. Демек толку се блиски и се сакаат, па неизбежен е бакнежот. Бре! А всушност си љубоморат и гарант се викаат во себе "да ти ебем матер".
    Ми се дешавало да поминувам покрај некоја пријателка јас и велам „здраво„ а таа подзастанува да ме баци, па јас застанувам а таа тргнува! :D Не сакам лигавење , мхххх! И веке си почнав само со едно здраво, ракување, срдечно, топло! бацување, лигавење со мене веке не! :worried:hock:
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.566
    Пол:
    Женски
    Јас признавам дека не сакам поздравување со бакнување.Избегнувам максимално и секогаш кога можам.И не сакам било кој да ми се доближува поблиску од должината на еден лакат.Ми го нарушува мојот интимен простор. :D
     
    На CoCoGiiiRL му/ѝ се допаѓа ова.
  13. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    ^ исто, исто! :lol:
    несакам да ме допираат, гушкаат и бакнуваат..
    најчесто пробувам да го избегнам сето тоа.. :)
     
  14. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Да со блиски личности и со другарките ...али со баби не ....
     
  15. CoCoGiiiRL

    CoCoGiiiRL Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.193
    Пол:
    Женски
    Дааа.. и јас истоо. :devil:
     
  16. Ani.cka

    Ani.cka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    26
    Го избегнувам овој начин на поздравување, воопшто не го сакам
     
    На CoCoGiiiRL му/ѝ се допаѓа ова.
  17. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    И мене ми убаво кога со другарки со бакнување се поздравувам. ;)
     
  18. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    со блиски личности се бакнувам и се гушкам срдечно и тоа,а со подалечни нормално само се поздравувам али гледам и тоа бакнување да го сведам на минимум зашто мразам да ме лигават,инфекти,болести..... :puke:
     
  19. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Јас сум личност која сака да се гушка и бакнува,тадури моите муштерики ми идат во дукан ке се изгушкаме бацнеме кафе па телефони сервис
    сега секако дека секоја нема да ја изгушкам и бацнам но во повеќе случаи сакам таква ми е милоста
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Мене најискрено ме нервира тоа акнување,осоено кај тинејџерките.Кај возрасни не ме нервира толку,ама кај овие девојчињава многу.

    Прво,затоа што јас сум гадлива и личност која не сака многу да ја допираат .Второ,сите се бакнуваат со секого,и со тој што го познават и со тој што не го познаваат,и со тој што сакаат и со тој што не сакаат.Многу ме нервира кога гледам се сретнуваат неколку девојчиња и сите одма се лигават,не се живи ако не се бакнат.А сигурно додека се лигават во себе зборат против таа. |(