Баш во последно време кога се поздравувам така размислувам од каде произлезе и стана толкав хит ова поздравување. Кога ќе ми текне како почнавме ние со другарките, смеа ме фаќа. Прво смислувавме поздрави со раце нешо боксчиња ти реков-ми рече (тоа во трето одделение ), па во четврто ги гледавме поголемите како се поздравуваат и ајде и ние ќе почнеме така од утре.. па дури и се договаравме утре ќе се поздравиме со бацување После тоа од петто навака навика веќе ми стана и сите така се поздравуваме. Понекогаш па со некои што само на ‘здраво‘ сум била доаѓаат да се бациме. Тоа стварно ме нервира. Или па кога нема да се бациш со некој сите те гледаат као
Кога излезе овај нов тренд на поздравување со бакнување бев во средно училиште па со другарките демек бевме главна шема ,па уште кога ќе не бакнеше некое машко(читај симпатија) бевме ќефој чиниш ќе полетаме,леле ме баци и кој е ко нас после . Денеска на тоа гледам поинаку,сакам да се бакнувам со тие што ми се блиски,но со некој кој што сум само на здраво и го знам површно доволно е само културен поздрав со рака
Со поблиските другарки секогаш се бакнуваме кога ќе се видиме и кога ќе си одиме, знам дека е нехигиенски ама тоа е, а со некои кој што не ми се многу блиски само здраво
Хех, преферирам една кратка гушка, но кога некој ќе ме баци, не го поздравувам назад со бакнеж, само гледам напред. Не ми е хигиенски, немогу брате.
Се бакнуваме со другарките,па и со пријателки.Неможеш да се тргнеш кога некој ти појде да се гушне и бакне. Но ова повеќе се прави од мода ,а не од што некој навистина сака да го направи тоа. Татко ми вели ова од што премногу гледавте шпански серии па и вие почнавте така да се поздравувате И точно е ова
лелееее сонце од кога не сме се виделе "цмок цмок " глупо ми е !!! почнувајќи од сите другарки до роднините (ама тоа ретко на слава и празник ) а и матичната ми кажа дека многу бактерии се пренесувале и излегувале акни на образите од тоа :roll:
Уф баш мразам многу глупо е...особено со другарки. Па излезеш и на секој метар нови и застани и со сите по 5 минути и никако нема да стигнеш на време. xD Со роднини по 3 пати .
така јас не се поздравувам ни со другарките што ги знам цели 11години хаха....па што знам може само и да е гушкање,бакнување и немора,не значи дека ако не го бакнам некого додека се поздравувам дека го ценам помалку или пак дека го мразам...јас така се поздравував само со една моја-бивша другарка и со некои од школскиве ако ме сретнат некаде,инаку со другарките-сестрите само кога одиме на родендени или на слави една кај друга.
Не го практикувам многу.Освен со најблиските другарки,ако се немаме видено подолго време. За другите,поздрав со рака е доволно.
Бакнувањето е знак на блискост и тоа зборува многу за таа особа и нејзиниот карактер. Јас се бакнувам со оние што ги сметам за блиски па дури имав неколку другарки со кои заедно израснавме со нив се бакнувавме дури и во уста, кога ќе се видевме. Инаку се изначитав коментари дека некои биле гадливи, се собирале бактерии со бакнување итн но јас немислам дека сум јас нешто посебно па ете тие ќе ме заразат. А кога се лапате со дечковците кога им го пушите или ви ја лиже па ве бакнува тогаш не ли се шират бактерии? Немислите валјда дека вашите гениталии се почисти од нечии образ, не мочате ваљда млеко, или можеби место менструација од вашата вагина излегува мед. Јас им приогам искрено на лугето и без предрасуди и ги сметам рамни на себе и оние кои ми се гадни или кои мислам дека не го заслужуваат моето внимание јас воопшто и не контактирам со нив. Инаку бакнежот, насмевката и убавиот збор се 2те работи кои можете да ги подари некому и да му го разубавите денот а не коштаат ништо.
Јас мислам дека тоа дојде кај нас дефинитивно од телевизијата. Турските серии уште не ги даваа тогаш мислам кај нас, ама и во нив така се бакнуваат и тоа по два-три пати. Ќутете, добро е додека не сме почнале и да им бакнуваме рака на постарите, па да ја допреме на челото. Инаку, и мене ме нервира и тоа многу, на почетокот како помала ново ми беше и се чувствував кул додека го правев тоа, ама сега дефинитивно не. Дури обврска ми е. И најмногу што ме нервира е тоа што толку сум се трудела дома со шминкиве, пудра, руж и одеднаш отидеш некаде и веќе за 20 минути да се шљакаш со најмалку два-тројца, беспотребно. Па во средно мислам дека требаше да ми купат барем 8 пудри, за секоја година по две, како што бевме 30 души (иако не се поздравував со сите).
Ако не сум се видела подолго време си се гушкаме се поздравуваме бакнежле али тоа само со блиски луѓе другарки другари пријатели ... а така со секој еден не сакам. Другарките ме знаат дека сум многу мислослива и дека сакам гњавење па ми дозволуваат да си ги бакнувам по повеќе пати хахах
Браво и јас сум како тебе сакам искрено да си ги гушнам пријателите и да си ги бакнам од срце а не од куртоазија, што би рекле на турските серии да ги помирисам Неможам да сватат луге кои не сакаат да се гушкаат и бакнуваат, мене толку ми е драго кога ќе си ги гушна колешките, пријателкит..... што веднаш ми доага некоја убавина на душава, особено ако прегратката и бакнежот се искрени и вистински. А за шминката дали ке се расипе или не е мало гајле, немам некои големи недостатоци на лицето што морам да ги покривам да да се плашам дали ке ми се избрише шминката или не, за мене најбитно е да имаш отворено срце, и искрена љубов кон лугето се останато е небитно.
Многу ми е убаво кога правам и на другите да им е убаво Така да ќе си се гушкаме и баш ни е галје хахаха
Порано да, сега веке не. Го избегнувам тоа долг период дури и со другарките. Пред се сакам да се заштитам од секакви бактерии, и да не ми се исфрла лицето. Кога се поздравувам, подавам рака и то е то
Ова беше и остана хит од нашето тинејџерство, нели тогаш се среќаваш со пола град и се бакнуваш, се некои познаници се тоа де на другарка ти другари де на дечкото другари уште го практикувам тоа едноставно ми е навика како поздрав и мене и на околината