Мразам гушкање и бакнување со секој. Само ептен со оние што ги сметам за најблиски. А ако се случи некој друг да земе да ме бакне, а што не ми спаѓа во групата блиски, јас после тоа одма се мијам или ако не сум во состојба одма да се измијам ќе се тргнам настрана негде и со влажна марамица ќе се избришам. Многу сум гадлива.
Зависи со кој.Со оние кои што не се дружам толку сум само на здраво, а со оние поблиските може и со бакнување, ама не го преферирам тоа многу.
Со секој што се поздравувам се бакнувам во образ, секогаш во десниот. Не ми е никаков проблем, баш ми е нормално. Кога ќе отидам кај баба ми на гости (баба ми е перфекционист, педантна жена), се бакнуваме во левиот образ зашто и било гад да ме бакнува таму кај што другите ме бакнувале.
си го прифатив тој тренд кај нас одамна,си ги бакнувам и гушкам саканите и блиски луѓе,сметам еден бакнеж во образ е доволен за да се изрази емоција,но некои нападни луѓе не ги толерирам па кој сака нека се лути важно не глумам лудило,а постарите ги почитувам и мора да ме бакнат три пати во образ,и тоа комшиите Ок,се на се,треба да се искорени тој поздрав да биде за поблиските а не цмок цмок секој ден
Со другарките може да се гушнеме, но се машки немам таква навика рака си пружаме. Инаку исто и со стари жени. Тетка ми постарата братучедка, вујна ми некогаш ме гушнат некогаш и не сепак со нив не ми е лигавење. Гледам на некои од вас им пречи постари жени да ги бакнат и мене ми пречи ама од друга страна душички, една бабичка што имам кога таа ќе ме гушне ептен мило некако ми доаѓа ..
Го мразам тоа Ама ајде еве може со роднини, две години ги немам видено, ова лето отидовме и сите ме испошлакаа. Ама со некој што го гледам секој ден? Секако дека не, многу е лигаво, што им е тоа? Јас со другарката во школо се гушкам секое сабајле, а кога ќе ја видам по една недела ќе ја избацувам сигурно
Не ми се допаѓа трендот на бакнување и гушкање при поздравување. И ракување на дистанца е доволно да се искаже почит кон другиот без емотивна патетика.
Единствено со најблиските, тесно семејство и најверни пријатели. Со останатите блиски, една пријателска гушка. А со помалку познатите, доволно е здраво.
Се чувствувам толку неудобно кога среќавам пријателки и сите така ме поздравуваат, а доколку се истраниш чувствувам како се осејќаат како навредени или така нешто. Затоа не знам што да направам, но сепак не сакам никого да повредам.
Штo знaм, мене пaк вooпштo не ми сметa тoa. Пoвеќе би ми сметaлo aкo некoј ми пoдaде рaкa, кao . Некaкo рaкувaњетo гo сметaм зa дистaнцa. Oпкружен сум сo девoјки кoи кoгa ќе се видиме се пoздрaвувaме сo бaкнеж вo oбрaз и еднa гушкa. Пa зa мене немa пoубaвo нештo oд тoa.
Многу мразам вакво поздравување и си го практикувам само со партнерот. Не чуствувам никаква потреба да се бакнувам со другарки, роднини и сл. Подобро ми е да се гушнам со нив одколку да се бакнувам. И особено ме нервираат стари жени кои си имаат навика сочно да шлапаат по три пати. Затоа најчесто уште од подалку пружам рака за поздравување ама за жал ни тоа не пали кај луѓе без осет па таман им доаѓа уште полесно кога ќе те повлечат за рака.
Со поблиските се бакнувам при поздравување. Со другарки, со еден братучед. Гушкање и бакнеж. Со останатите само здраво.
Не дека се поздравувам со бакнување туку со блиско гушкање, и додека некогаш се случва некој да ме цмокни на образ, мене до сега не ми се случило, барем не од почеток на средно кога ова стана актуелно меѓу мојата генерација.
Не го сакам многу поздравувањето со бакнување подобро ми е само здраво и толку. Можеби ќе звучи чудно, но само мене први ме поздравуваат со бакнување, па ај и јас. Не дека се гадувам или такво нешто туку незнам ете не го сакам тоа иако сите го практикуваат.